
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Светлана Папачек кандидатка за советник во Советот на Општина Битола со реден број 2 од Граѓанската иницијатива ГРИН. Светлана Папачек е граѓанска активистка од 2010 година. Жена која се вклучи во ГРаѓанска ИНицијатива - ГРИН која сака да допринесе Битола да биде подобро место за живеење за сите нас, како и за генерациите што доаѓаат. Младите да останат во родниот град да творат, да го развиваат, отвараат свои бизниси а не да се ислелуваат во Европските и прекуокеанските земји. Таа е поборник за еднакви можности и права на жените и мажите во општеството, хуманистка, организаторка на повеќе настани од културата. Светлана е координаторка на ОЖБ со голем број спроведени работилници во образовниот процес и организатор на донаторски акции секогаш кога имало потреба. Таа е афирмирана поетеса и писателка, амбасадор на македонската култура на балканските простори, дијаспората како и во нашата држава. Добитник е на голем број награди од областа на пишувањето и граѓанскиот активизам.
Кнадидатот за градоначалник на Битола од СДСМ Методија Куновски на првиот ден од почетокот на изборната кампања преку Фејссбук се обрати до битолчани. Почитувани битолчани, драги мои сограѓани,
Советникот од ПОИНАКУ, Иван Чулакоски преживеал срцев удар на Одделот за интервентна кардиологија во Битолската клиничка болница, информацијата ја објави јавно на својот Фејсбук профил и посебно и' се заблагодари на д-р Ненси Лозанче, субспецијалист по интервентна кардиологија во битолската болница. Чулакоски напиша - моето срце избра да продолжи! - Животот знае да нè изненади со удари кои не ги очекуваме. Срцевиот удар е токму таков момент – страшен, болен и непредвидлив. Но токму тогаш, кога мислиш дека силата те напуштила, во тебе се буди најголемата храброст.
Постапувајќи во предметот против четворица осомничени за инцидентот од 12 јули кога рачна бомба експлодираше на улицата “Охридска” во централното градско подрачје на Битола, јавниот обвинител нареди вештачење со кое вкупната проценета штета на околните објекти и паркираните возила беше утврдена на 405 илјади денари.
Од тие причини, имајќи предвид дека станува збор за поголема имотна штета, Основното јавно обвинителство Битола изврши итна преквалификација на делото во потешко.
Против четворицата осомничени кои претходно се гонеа за предизвикување општа опасност од член 288 од Кривичниот законик, сега е отворена истрага за Тешки дела против општата сигурност од член 292 став 1 во врска со член 288 став 1 од Кривичниот законик. Обвинителството со прибраните докази ги утврди својствата на секој од осомничените, така што еден се товари за поттикнување, додека другите за дејствија на соизвршителство и помагање.
Исто така, со прибраниот доказен материјал, утврдено е кој од осомничените ја поседувал и активирал експлозивната направа – рачна бомба М-75 која на граѓаните им е забранета, па против него е отворена истрага и за – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи од член 396 став 3 во врска со ставовите 1 и 5 од Кривичниот законик.
Имајќи ги предвид сите овие околности и фактот што против осомничените ќе се води истрага, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог со кој мерката притвор од 8 дена определена на 20 септември сега им е заменета со 30-дневен притвор. Тројца од осомничените се лишени од слобода, додека четвртиот не е достапен на органите на прогонот од моментот на извршување на делото
Носител на советничката листа на "Граѓанска Иницијатива ГРИН" која на локалните избори во Битола ќе настапи под реден број 25 е битолчанецот Стефан Тековски. Млад човек кој обедини повеќе граѓански организации и здруженија, истакнати стопанственици, луѓе од политичкиот живот, образованието, културата и спортот за листата на советници на претстојните локални избори. Од ГРИН велат дека нивната листа има кандидати кои со еден збор кажано се луѓе кои ја сакаат Битола, кои сакаат да помогнат да се направи подобро место за живеење за сите граѓани и за генерациите што доаѓаат. 
Лара Ташковска, следбеник на семејно сликарско стебло

