2win800x200

Анета Блажевска

Анета Блажевска

На крајот на годината и ЈП „Нискоградба“ со своја рекапитулација за годината која изминува и плановите за следната 2026 година.
Директорот на „Нискоградба“ Зоран Талевски вели дека позначајни предизвици со кои се соочи претпријатието во 2025 година беше зголемувањето на бруто платите од 8 % и трошоците за вработените (отпремнини за вработени кои заминаа во пензија) или вредносно во износ од околу 8 милиони денари (во споредба со 2024).
„Како за илустрација платата во претпријатието во 2021 година изнесуваше 62.029.217 денари за максимум 161 вработен во таа година, додека за 137 вработени во 2025 година платата изнесува 85.141.803 денари“ информира директорот Талевски.
Како финансиски товар ја истакнува и исплатата на заостанатите придонеси за бенифициран стаж.
„Во тековната 2025 година се почна со исплата на придонесите за бенифициран стаж на работниците на кои им следува ( на годишно ниво во износ од 1.050.000 денари, но на име заостатнати плаќања на бенифициран стаж се исплатуваат по 450.000 денари по вработен)“ вели Талевски.
Во делот на трошоците и одржувањето на старата и дотраена механизација, а ја наведува и ниската цена на услугата за собирање и одведување на отпадни води.
„Цената на нашата услуга ја определува регулаторната комисија за Енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад и нашето барање за зголемување на тарифата не доби зелено светло од Советот на Општина Битола во износ кој беше побаран“ вели тој.
Во 2026 година се планира овие предизвици да се надминат со зголемување на обемот на работа.
„За таа цел со Општина Битола ќе се случат нови договори во износ 45.975.908 денари, за споредба во 2025 се работеше на договори во износ од 20.817.642 денари. За реализација на овие цели се планира набавка на нови основни средства комбиниран ровокопач и натоварувач, потоа мала градежна машина –мини натоварувач и заштитни оплати за работа“ истакнува Талевски.
Директорот на „Нискоградба“ вели дека во годината што доаѓа КЈП „Нискоградба“ ќе даде приоритет на приходите, бидејќи расходите и во 2025 година беа намалени односно сведени на минимум сразмерно на остварените приходи.
Утрово во 6 часот во Битола се измерени минус 7 степени. 
Можно е да е слика од текст
 
Утрото ведро и многу студено, преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Во Скопје, сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
 

Можно е да е слика од мапа и текст кој вели „Времето утре .12.2025 Град Ckonje Тмин. Тмакс. -6 Гевгелита -2 TeToBo 12 -5 Прилеп 5 -6 Штип 7 -5 6 -6 Струмица Охрид Ckonje Крива Паланка 7 Тетово -5 Демир Капиа 7 -6 7 Берово Маврово -9 Битола 6 Велес Берово -7 ШтИп Крива Паланка 5 -7 6 Маврово -8 Прилеп Велес Охрид 5 Демир Капила -5 7 Струмица Битола Гевгели/а“

Можно е да е слика од текст

 

ВРЕМЕТО ВО СЛЕДНИТЕ ДЕНОВИ: Во наредните денови времето ќе биде стабилно и студено со ниски утрински температури кои насекаде ќе бидат негативни и наместа ќе се спуштат до -10 степени. Преку денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец.

Можно е да е слика од текст кој вели „Ден Вторник (30.12) Време Среда (31.12) Четврток (01.01) Ветер Петок (02.01) Сабота (03.01) Мин.тем. (℃) -10 до до-3 3 -9до-2 2 До Мак.тем. (C) 2до 2 до 10 -10 до 2 -2 до 6 -9до-1 до 1до 8 -8 -8до0 до 0 Здо9 9 3 до до 10“

Ова е најубавиот училишен базар во Битола. Вечерва голем број битолчани - ученици и  родители се собраа на новогодишниот базар во ООУ ,,Гоце Делчев" Битола! 

 
Новогодишниот базар исполнет со многу вкусни закуски и топли напитоци ја оживеа  празнична атмосфера, па голем број граѓани уживаа собрани околу огнот со  песни и забава во училишниот двор на ООУ ,,Гоце Делчев" Битола. 
 
Задоволство од реализацијата на настанот искажа директорката Наташа Ставревска.-Браво за сите вредни ученици, наставници и родители кои со својот труд и заедништво ја разубавија оваа предновогодишна приказна. Горди сме на постигнатото!"
 
Погледнете ја атмосферата преку фотографиите...Messenger creation 82C00F66 1EB8 4703 961B 8599C98E7267 Messenger creation 72033074 F37F 4CC2 950D 113194B5C709 Messenger creation F87C5A38 C9D1 45D7 AF16 29F67CD4A029

Посмртнината за пензионерите се зголемува од 35.000 на 40.000 денари, одлучи Управниот одбор на Фондот на ПИОМ, со што семејствата на починатите корисници ќе добијат поголема финансиска поддршка во најтешките моменти.

Одлуката е донесена поради значително зголемените трошоци за погребни услуги во земјава, а мерката е иницирана од Регистрираната организација за Солидарен фонд. Наместо досегашните 35.000 денари, од сега ќе се исплаќаат 40.000 денари посмртнина.

За да се обезбеди финансиска стабилност на Солидарниот фонд, месечната задршка од пензиите се зголемува од 140 на 150 денари.

Како што информираше Станка Трајкова, член на Управниот одбор на ПИОМ и претседателка на Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија, ова минимално зголемување е неопходно за одржување на ликвидноста на Фондот.

– Бројот на пензионери постојано расте, а зголемувањето од 10 денари на месечно ниво создава значајни дополнителни средства кои овозможуваат навремена и сигурна исплата – посочи Трајкова.

Со зголемувањето на посмртнината за 5.000 денари, институциите настојуваат да го ублажат социјалниот притисок врз пензионерите и нивните семејства, во услови на продолжена економска неизвесност и раст на животните трошоци.

МИХАЈЛОВСКИ: КОРЕКЦИЈАТА НА ЦЕНИТЕ Е НЕМИНОВНА, НО НЕ САМО ОД ЕКОНОМСКИ АСПЕКТ

 
Корекцијата на цените во согласност со пазарните услови е економски оправдана, временски задоцнета, но и задолжително неопходна зошто веќе на сите им е јасно дека ова води кон потенцијално згаснување на претпријатието кое има битна улога во регулирањето на оној дел од сообраќајот кој согласно законските надлежности и припаѓа на општината, вели директорот на битолски „Паркинзи“ Зоран Михајловски.
 
Незамисливо е една урбана заедница од обем како нашиот град да нема регулација на стационарниот сообраќај и да биде оставена на случајноста регулацијата на овај вид на сообраќај, додава тој.
 
Михајловски вели дека корекцијата на цените е неминовна, но не само од економски аспект.
 
„Платениот паркинг посебно во центалните градски подрачја спаѓа во групата на т.н. репресивни мерки и има за цел да ги спречи непотребните патувања на локациите на кои сообраќајот е хронично задушен. Со правилна регулација на цената, но и континуирана контрола врз наплатата на паркинг сесиите на едноставен начин се регулира кој каде ќе оди и колку време ќе се задржува. Наместо досегашниот пакет 40 денари за три часа, кој е надвор од секоја логика за регулација на сообраќајот во централната „А“ зона и кој наместо да го одвратува непотребните паркирања, ги стимулира истите, на мислење сме дека треба да се воведе и ограничување на времетраењето на паркирањето во централната зона на еден или неколку часови. Време кое е доволно за да се завршат одредени обврски, а централното градско подрачје ќе се ослободи од традиционално непотребните патувања, а со тоа ќе се зголеми и бројот на слободни паркинг места во оваа зона. Ова не значи дека тие возила ќе останат дома, туку дека истите ќе се пренасочат на некоја од останатите две зони. Тука морам да го  нагласам и фактот дека со корекција на цената ќе се соочиме и со намалување на бројот на паркинг сесии од причина што некои возачи ќе започнат да користат алтернативни начини на превоз: градски превоз, велосипед, ел.тротинет, мопед итн.“ вели Михајловски. 
 
Според Михајловски со намалувањето на бројот на паркинг сесии се претпоставува дека ќе биде околу 20% од сегашниот обем.
 
„Користењето на алтернативни начини на превоз на сметка на намалувањето на моторниот сообраќај е во корист на сите граѓани. Намалувањето на бројот на паркинг сесии за 20% ќе биде од корист на сите нас, што ќе резултира со намалени сообраќајни метежи, бучава, загадување итн. во централното градско подрачје.
Како значителен податок кој треба тука да биде наведен е дека уличната мрежа во градот е проектирана за да прифати 10.000 возила, а минатата година се регистрирани околу 39.000 возила. Овај раст на степенот на моторизација не може да биде следен од никакви други мерки освен со ефикасни сообраќајни политики кои градот, но и граѓаните мора да ги воспоставуваат и следат. Сите треба да се запрашаме каква е секојдневната слика на улиците: во скоро секое возило има по еден патник (возач). Никој не споделува превоз, а зафаќа иста површина, загадува исто како и во возилото да се превезуваат 5 патници. Ние како граѓани сами, доброволно и без присила, упорно секојдневно придонесуваме во загадувањето, сообраќајниот метеж, но секако вината ја бараме на друго место. Несразмерно големиот однос помеѓу капацитетот на уличната мрежа и бројот на возила кои таа секојдневно ги прифаќа вели дека решение треба да се бара во мерките на контрола на сообраќајот кои не се непознати, одамна се дефинирани и само треба да се изберат најсоодветните за нашите услови и да почнат да се применуваат. Почетниот удар ќе биде од страна на традиционално воспоставените лоши пракси, но за краток период резултатите ќе бидат видливи“ објаснува дирекрот на „Паркинзи“
 
Според него платениот паркинг е една од тие мерки, а регулацијата на цената ќе биде почеток кој сепак мора да биде пропратен и со други мерки.
 
Инаку изминатата недела беше одржана панел дискусија за тоа како до подобри услуги за граѓаните од страна на јавните претпријатија на Битола.

Општина Битола издвојува средства за субвенционирање на возачките дозволи за младите со вкупна сума од 300 илјади денари, како надомест за дел од трошоците за возачки испит. 

Оваа точка е поставена на дневен ред на седницата на Советот на Општина Битола  закажана за 29 декември.

На веќе закажана седница и познат  дневен ред, вчера општинската организација на Левица Битола  објави јавно дека ќе поднесе амандман за субвенции за возачка дозвола на младите во Битола. Ваквиот потег на Левица Битола е оценет како лицемерие од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Битола, додека пак претседателот на Советот Бојан Бојкоски „амандманот“ на Левица го нарече политиканство.

 
Додека во други општини низ државата веќе се издвојуваат средства за субвенции за полагање возачка дозвола, во Битола младите и понатаму сами го носат товарот од над 30.000 денари за една основна потреба.
Затоа, советничката група на Левица поднесува амандман со кој бара издвојување средства од буџетот на Општина Битола за субвенционирање на полагање за возачка дозвола, наменето за младите битолчани, објави Левица Битола.
 
Претседателот на Советот Бојкоски возврати дека Левица предлага нешто што е дел од дневниот ред, па ги праша јавно советниците од Битола - дали ги читаа материјалите за седниците на Совет. 
 
 
„Жалам што советниците од Левица Битола очигледно воопшто не ги читаат материјалите за седниците на Советот.
Во точка број 11 од дневниот ред јасно е предвидено субвенционирање на полагањето на возачки испити за млади, мерка која директно им помага на младите луѓе.
Наместо конструктивна дебата и поддршка за вакви конкретни мерки, сведочиме на неосновани обвинувања и политиканство. Материјалите постојат, точките се јасни потребно е само да се прочитаат.
Наш фокус останува поддршката на младите и креирањето реални политики од кои граѓаните имаат корист“, објави Бојан Бојкоски, претседател на Советот на Општина Битола.
601844943 10236024144695709 4212201573596684452 n
А.Б 
 
 
 

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани