2win800x200

Анета Блажевска

Анета Блажевска

Наместо знамето на Македонија, на Шведска залепено во Советот.  Советникот Бојан Бојкоски побара пауза на денешната седница на Советот додека независните советници од Поинаку не го отстранат знамето на Шведска  поставено на неколку места во салата на Советот. 

„Во салата согласно Законот за употреба на знамињата во заедниците и Законот за употребата на знамето на држвата, има тука истакнато знамиња на друга држава. Вие како најодговрна тука во Советот, ве повикувам да се стави ред во салата, бидејќи вие сте за тоа задолжена, бидејќи со вака поставените знамиња се нарушува унитарниот карактер на државата“ рече Бојкоски“, рече Бојкоски. Пауза немаше, ама туѓите знамиња беа тргнати. Фото Тера

ИНВЕСТИЦИИ ОД 10 МИЛИОНИ ЕВРА ВО БИТОЛСКИТЕ УЧИЛИШТА 

 
Инвестициите во наставно-образовниот процес во битолските училишта е една од најважните столбови во програмата за работа на локалната самоуправа. Во изминатите три и пол години, почнувајќи од 2022 година, вложувањата во капитални инвестиции, како и во опремата и одржувањето на основните и средните училишта, од страна на општината, МОН, како и преку различни проекти и донации, изнесува 607.278.334,00 денари.
 
За капитални инвестиции, од 2022 година до сега, инвестирани се 413.138.833,00 денари во образовните институции. Од нив, дел се аплицирани преку повикот од Владата, за изградба на 9 училишни спортски терени, 4 спортски сали во училиштата и реконструкција на објект наменет за образование во нас. Буковски ливади. 
 
За опремувањето по различни основи, како што се материјалите, мебелот, спортската опрема итн, издвоени се 21.915.730,00 денари. 
 
Во 10 објекти, односно во 7 основни и 3 средни училишта, поставени се фотоволтаици во вредност од 11.223.771,00 денари. 
 
За тековните одржувања во училиштата, издвоени се околу 161.000.000,00 денари, во изминатиот период од 2022 година.
 
Училиштата имаат сопствени побарувања во однос на тековните обврски, кои што не го загрозуваат тековниот процес на работа. 
 
Локалната самоуправа, преку ваквите инвестиции, уште еднаш потврдува дека продолжува да биде поддршка за воспитно образовните институции, со цел заедничко создавање на квалитетни услови за изведување на наставно-образовниот процес.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани