2win800x200

Анета Блажевска

Анета Блажевска

Офицерскиот дом осветлен во бојата на Европа , токму на 9 Мај - Денот на Европа или Денот на победата над фашизмот!

Фото КИЦ Битола 

Денеска (09.05.2025) на ул. “Св.Кирил и Методиј”  во Битола полициски службеници го лишија од слобода М.Ш.(36) од Битола, затоа што претходно, пред угостителски објект на ул. “Широк сокак” со остар предмет се заканувал кон 41-годишен државјанин на Австралија.

По документирање на случајот, против М.Ш. ќе биде поднесена кривична пријава за загрозување на сигурноста со опасно орудие при тепачка или караница.  Фото ТВ21

Донација на книги во чест на археологот д-р Томе Јанакиевски 

 
Денес, НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола доби вредна донација на книги од домашната библиотека на истакнатиот археолог и научен советник д-р Томе Јанакиевски (1938–2004). 
 
Донацијата ја оствари неговиот внук, Томислав Јанакиевски, кој во знак на сеќавање и почит кон делото на својот дедо, ни ги довери овие значајни дела. По тој повод, директорката на библиотеката, м-р Емилија Стефановска Давкова, му врачи благодарница за подарените книги. 
 
д-р Томе Јанакиевски остави длабок белег во македонската археологија. Дипломирал археологија во Загреб, магистрирал музеологија и докторирал на тема за античките театри во Македонија. Работел и раководел во Народниот музеј во Битола, учествувал на бројни ископувања, а неговите трудови се значаен придонес кон научната мисла во нашата држава.
 Делата кои ни се донирани ќе бидат достапни за читателите и истражувачите, како дел од нашето трајно културно и научно наследство.
 Ви благодариме за оваа несебична донација што ќе ја збогати нашата библиотека и ќе ја продолжи мисијата на д-р Томе Јанакиевски – да се истражува, зачува и пренесе културното богатство на идните генерации.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани