2win800x200

Анета Блажевска

Анета Блажевска

Професорот на Техничкиот факултет од Битола, Филип Поповски дознаваме дека ја добил поодршката од партијата да биде носител на листата на советници на ВМРО-ДПМНЕ во Битола на претстојните локални избори. Поповски во изминатите денови бил присутен во јавноста, меѓу битолчани, на средбите што ги одржува градоначалникот Тони Коњановски во рамките на проектот " Предложи идеја". Носителот на листата Поповски е дел од партиските средби со актуелниот претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Битола и актуелен пратеник, Пеце Милевски, со советникот и заменик градоначалник Бојан Бојковски, советниците - Марица Тодоровска, Лидија Павловска, Марта Ѓоргиевска... 1000005344 

 

На средбите со градоначалникот е забележан и познатиот битолски уролог д-р Илија Келепуровски.   

1000005345

 

Филип Поповски веќе има и нов профил на социјалните мрежи како - политичар. 1000005340 1000005341

Министерот за транспорт и врски Александар Николоски најави дека 17 километри од патот Прилеп – Битола ќе бидат пуштени во сообраќај следната година, односно до втората половина на 2027 година целосно да биде завршен тој автопат.   -Очекувам првиот дел од автопатот од Прилеп до Битола да го пуштиме во сообраќај веќе следната година, изјави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.

ЧЕСТИТ 8 СЕПТЕМВРИ – ДЕНОТ НА НЕЗАВИСНОСТА НА МАКЕДОНИЈА! НЕКА НИ Е ВЕЧНА ТАТКОВИНАТА!

 
Денес, Република Македонија одбележува 34 години од историското референдумско „ДА“ – ден кога народот достоинствено го избра патот на самостојноста, независноста слободата и сувереноста.
 
По повод овој значаен ден, пред споменикот на НОАВМ во Битола, свежо цвеќе положија Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, членови на Советот на општината, Сојузот на борци и претставници од политичките партии. Со овој настан, се оддаде почит на сите што со визија, жртва и идеја ја градеа современата македонска држава.
 
Во својата честитка, градоначалникот Коњановски испрати порака до сите граѓани:
 
„Македонија е сонот на генерациите што се бореа, а денес е и одговорност на сите нас.  Нашата независност не е само датум од историјата – таа е секојдневна борба, грижа, несебичен влог, но и надеж.
На денешен ден, со длабока почит се поклонуваме пред сите кои ја изградиле темелната мисла за македонска држава. Но погледот ни е насочен и кон иднината – кон младите.
Тие се срцето на нацијата, двигателот на промените  и најсилниот гарант дека Македонија ќе остане на патот на достоинството и државотворноста.
Во време на предизвици, суштински е младите да останат тука – да сонуваат тука, да созреваат тука, да создаваат на нашите простори. Наш заеднички долг е да продолжиме да ја градиме Македонија како земја на можности, слобода и правда – каде што секој млад човек ќе има простор да го оствари својот сон, без да се откаже од своите корени, идентитет и иднина.
 
Да не ја заборавиме жртвата на тие што се бореа, но и да веруваме во потенцијалот на тие што доаѓаат. Само со заедништво, љубов кон татковината и визија, можеме да продолжиме да градиме силна, праведна и горда Македонија.
 
НЕКА НИ Е ЧЕСТИТ 8 СЕПТЕМВРИ! НЕКА НИ Е ВЕЧНА МАКЕДОНИЈА! Да ја чуваме слободата, да ја негуваме независноста, да ја браниме татковината, да создаваме дела за нејзин напредок – секој ден, со секој чекор“, порача градоначалникот Коњановски по повод „8 Септември“ – Денот на независноста.

АД ЕСМ на граѓаните на Македонија им го честита Денот на независноста - 8 Септември!   

 
- Денес ја славиме нашата државност и гордоста што ја носиме како народ, денот кога ги остваривме стремежите за независност.
 
Да бидеме обединети, посветени и полни со љубов кон Македонија, порачаа од АД ЕСМ во празничната честитка. 

Пожар избувнал вечерва во атарот на село Ѓавато во близина на НП Пелистер. Екипата на Противпожарната територијална единица на Битола излезе  на терен и пожарот е локализиран. Инаку неофицијално ТППЕ Битола оваа година има повеќе од 460 интервенции, 70% од нив се на отворен простор. 1000005306

Општина Битола денеска ја замени спомен-плочата на споменикот на војводата Александар Турунџев, откако јавноста реагираше дека претходно не била напишана на македонска кирилица.

Новата табла е поставена експедитивно, а текстот  е напишан на македонски јазик и со македонска кирилица.

Од локалната самоуправа порачаа дека ваквите корекции се одраз на посветеноста кон зачувување на јазикот и националниот идентитет, како и должната почит кон хероите од македонската историја.

 

Споменикот на Александар Турунџев останува симбол на борбата за слобода и потсетник за хероите кои оставиле трага во македонската историја

ПОЛОЖЕНО СВЕЖО ЦВЕЌЕ ВО ЧЕСТ НА 81 ГОДИНА ОД БЕГСТВОТО НА ПОЛИТИЧКИТЕ ЗАТВОРЕНИЦИ

 
Денес се одбележуваат 81 година од херојското бегство на политичките затвореници од Централниот областен фашистички затвор во Битола. По тој повод, на локацијата каде што некогаш се наоѓал затворот, во близина на „Црн мост“, беше одржана комеморативна церемонија.
Настанот беше организиран од Сојузот на борци, а свежо цвеќе положија градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, советници од Општинскиот совет, претставници на политички партии, како и членови на Сојузот на борци.
 
На 6 септември 1944 година се случило значајното бегство на политички затвореници од споменатиот затвор, каде биле притворани активисти од целата битолска околина, поради нивната борба во Народноослободителното и антифашистичко движење.
 
Фашистичкиот воен суд во Битола осудил повеќе од 250 лица. Над 50 биле осудени на смрт со бесење, повеќе од 20 добиле доживотна казна, а останатите биле осудени на затворски казни од една до дваесет години.
 
Неколку дена пред капитулацијата на Бугарија, во услови на распад на фашистичката власт, управата на затворот била принудена да ги отвори портите. Така, околу 120 политички затвореници успеале да избегаат. По нивното ослободување, сите активно се приклучиле во завршните операции за ослободување на Македонија од окупаторот.
 
Денешниот ден е потсетник на храброста и жртвата на овие херои, кои го положија својот живот за слободата на татковината.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани