
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
По долгите анализи и испитувања кои ги правеше и она што го констатираше, ВМРО-ДПМНЕ ги комплетираше листите за советници и кандидати за градоначалници кои ќе настапат на следните избори, изјави денеска Ѓорѓија Сајкоски, генерален секретар на партијата, пред седиштето на Државната изборна комисија. За Битола за носител на листата ВМРО- ДПМНЕ се определи за универзитетскиот професор Филип Поповски, а на листата зад него се актуелниот советник Бојан Бојкоски, Наташа Марковска претседател на Унија на жени на ВМРО ДПМНЕ, познатиот уролог од Клиничка болница Битола, д-р Илија Келепуровски, директорката на старски дом "Сју Рајдер" Марина Крстиќ, докторот на науки Љубе Никлевски, професорот по историја Александар Јаневски и др истакнати членови на партијата. Тони Коњановски ќе ја бара довербата на битолчани за втор мандат, а Сајковски рече дека во цела држава за кандидатите за градоначалници ги избрале оние кои покажале добри резултати во изминатите четири години, но имаат и нови кандидати кои „се профилирани ликови во средините од каде што доаѓаат“.

-За листите за советници се избрани луѓе коишто се предлог на месните и општинските комитети на ВМРО-ДПМНЕ. Можам да констатрам дека партијата е комплетно мобилизирана, дека ќе имаме голем успех на следните локалните избори. Исто така, можам да кажам дека ВМРО-ДПМНЕ на следните локални избори ќе има плус советници и плус градоначалници во споредба од она што го имавме во 2021 година, изјави Сајкоски, кој беше придружуван од членовите на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ – Владо Мисајловски, Гордана Димитриеска-Кочоска и Орце Ѓорѓиевски, кандидат на оваа партија за градоначалник на Скопје.
Според роковникот на ДИК за спроведување на Локалните избори 2025, денеска до полноќ истекува рокот до кога сите што сакаат да се кандидираат на претстојните избори, закажани за 19 октомври, своите кандидатури за градоначалници и листите на кандидати за членови на советите во 80 општини и Градот Скопје треба да ги поднесат преку своите овластени предлагачи во просториите на општинските изборни комисии (ОИК) и Изборната комисија на Град Скопје (ИКГС).
Просветните работници, поранешните директори на Економското училиште "Јане Сандански" и основното училиште "Тодор Ангелевски" Битола, професорот Александар Цветкоски и одделенската наставничка Љубица Стерјева ќе бидат дел од листата на советници на партијата ЛДП-Битола за претстојните локални избори. 

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, вечерва присуствуваше на прославата на 30 години од воспоставувањето на дипломатски односи меѓу Соединетите Американски Држави и Македонија, која ја организираше Амбасадата на САД. Коњановски објави зеадничка фотографија со американската амбасадорка Ангела Агелер. На прославата присуствувале и претседателката на државата, Гордана Сиљановска Давкова, премиерот Христијан Мицкоски, како и повеќе владини министри, градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ и функционери.
ВРЕМЕН РЕЖИМ НА СООБРАЌАЈ В НЕДЕЛА ВО БИТОЛА, ЗА ТРКАТА ТРЧАЈ БЕ НА 14 СЕПТЕМВРИ 2025
Актуелниот советник Горан Велевски ќе ја предводи советничката листа на Левица во Битола.

ОДБЕЛЕЖАНА 83 ГОДИШНИНАТА ОД СМРТТА НА НАРОДНИОТ ХЕРОЈ СТИВ НАУМОВ
Пожарот ја уништи внатрешноста на старата градска куќа во центарот на Битола кај Стара Болница. Огнот избувнал нешто пред 11 часот денеска и за брзо е локализиран од битолските пожарникари. Спречено е пламените јазици да се прошират на соседните куќи. противпожаната територијална единица од Битола интервенираше со две возила и 7 пожарникари.




