
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Зоран Лазаровски- Паљо ја објави листата на кандидати за советници и како носител најавува дека тој и неговите советници ќе се залагаат за Битола да биде достоинствен град за живеење и пред се чист и зелен град. Граѓанската независна советничка листа „ЗА БИТОЛА“ на Лазаровски ќе биде најдобрата опција за битолчани вели Паљото за „Апла“.

Зоран Лазаровски-Паљо
На второ место на листата е Борко Бакревски, битолчани го познават по брендот „Бак пиво“, фамилијарен човек, успешен стопанственик и како што вели Паљото -„Бакревски е голем локал патриот.

Борко Бакревски
Третата позиција е за Лилјана Поповска вработена во фабриката „Кромберг и Шуберт“ како шеф на смена, хуманист, а Паљото вели дека секој што ќе побара помош од Лилаја таа е таму да помогне.

Лилјана Поповска
Зад Зоран Лазаровски - Паљо застана и Јован Велковски, менаџер во кафе слаткарница „ГТ“ во Битола. Паљото за него вели дека е „градско чоече секогаш присутно во јавниот живот и Широк Сокак“. Велковски е еснаф кој ја напуштил работата во јавно претпријатие во Битола и се посветил на приватниот сектор.

Јован Велковски
На петто место е младиот Стефан Солаковски, информатичар - успешен програмер, вработен во странска компанија. Паљото вели дека Стефан е гласот на младите битолчани, полн со живот и љубов кон Битола. Еден од малдите што сакаат да живеет во Битола и да останат во државата“.

Стефан Солаковски
Денес во посета на Македонско - турското здружение ,,Мустафа Кемал Ататурк”-Битола беше претседателот на Федерацијата на здруженија на иселениците од Македонија во Турција, со седиште во Измир. Битолското здружение од неодамна е дел од оваа Федерација и во план се соработки на повеќе полиња. Според претседателот на Македонско-турското здружение, Шенол Мемиш, побарана е помош од Федерацијата за формирање на фолклорна група во с.Будаково која би го негувала македонскиот и турскиот фолклор.
„Побаравме помош во материјали за изработка на носии, со кои би биле опремени игроорците од новата фолклорна група. Од страна на претседателот Хасан Гани ни беше ветена помош и поддршка за нашите активности”, рече Мемиш по средбата.
Ова здружение минатата година сними два документарни филма и организира изложба на фотографката Бенита Стојмирова. До крајот на годинава најавуваат повеќе активности и три документарни филмови.
Татко трчаше со ќеркичката в раце на "Трчај бе" во Битола


СВР Битола информира дека утре во терминот од 7 до 12 часот, заради одржување на спортската манифестација „Трчај, бе 2025“ во чии рамки ќе се одржи и Националното првенство во полумаратон, ќе преземе мерки на посебен режим на сообраќај. Времениот режим на сообраќај ќе се одвива на булеварот „1-ви Мај“, улица „Генерал Васко Карангелески“ од кружниот тек кај Педагошка до кружниот тек кај Веро, потоа улица „11-та Македонска Дивизија“ до базен Довлеџик, улица „Филип II Македонски“ се до кружниот тек кај Дулие, улиците „Батаљон Стив Наумов“, „Прилепска“, „4-ти Ноември“ и „Широк Сокак“ до стартот на трката кој воедно е и цел.
Апелираме до граѓаните, нагласуваат од СВР Битола, паркинг местата кај плоштад „Магнолија“ односно Саат Кула и на улица „Солунска“ кај Широк Сокак да бидат слободни во недела наутро со цел непречено движење на тркачите меѓу кои ќе има и репрезентативци на повеќе земји.
Во периодот на времен режим на сообраќај, предвидени се доволно алтернативни рути и полициски службеници кои ќе го контролираат сообраќајот
