
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Водовод Битола со соопштение
Внуката на војводата Александар Турунџев, познатата македонска певица и телевизиски водител Сузана Турунџиева денеска објави фотографија од балконот на семејниот дом во Битола од каде има директен поглед на новопоставениот споменик на војводата Александар Турунџев во близина на Ат Пазар во Битола. Турунџиева утринскиот чај го пие во филџан со ликот на великанот Гоце Делчев, а погледот е вперен во ново откриениот споменик на војводата Турунџев. Внуката на војводата овој поглед го опишува со зборовите - "Какво бесценето чувство!"

Општина Битола со соопштение до јавноста


Пожар денеска зафати два објекти во населбата Буковски ливади во Битола. - Покрај силното невреме проследено со силен ветер и краток дожд кој ја зафати Битола, во 15:55ч. примена е дојава за запалена трева и два објекти во населбата Буковски ливади каде екипите на ТППЕ Битола веднаш излегоа на терен со 4 возила и 14 пожарникари. Пожарот кој се ширеше многу брзо и неконтролирано е локализиран и е под целосна контрола на екипите на ТППЕ БИТОЛА. Брзото реагирање на единицата спречи пожарот да ги зафати и другите објекти., објавија од битолската противпожарна единица.
СВЕЧЕНО ОТКРИЕН СПОМЕНИКОТ НА АЛЕКСАНДАР ТУРУНЏЕВ ВО БИТОЛА
СВР Битола информира - На 27.08.2025 во СВР Битола, било пријавено дека во хотелска соба во Битола бил пронајден починат С.С.(69) од Австралија. Од страна на лекар од Итната медицинска помош констатирана била смрт без видливи траги на насилство. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Битола, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено за обдукција.
Рударите се економскиот столб на државата. Наша цел е секој рудар да се враќа дома безбеден и горд, порача денеска министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска која заедно со премиерот Христијан Мицкоски присуствуваше на настан во РЕК Битола организиран по повод Денот на рударите.
Во обраќањето, Божиновска порача дека рударите мора да имаат безбедни услови за работа и дека има засилени инспекции и построги казни за оние кои не ги почитуваат законските прописи. Министерството стои цврсто зад секој рудар – со современа опрема, безбедни услови за работа и фер стандарди за сите. За оние што вложуваат во безбедноста на рударите и заштитата на животната средина, поддршката е целосна, но за оние што мислат дека можат да ја заобиколат законската регулатива – нема компромиси. Инспекциите се засилени, контролите се редовни, а казните построги од кога било. Законот важи за сите, без исклучок, нагласи Божиновска.
Со доделувањето на признанија за најистакнатите рудари, манифестацијата во РЕК Битола уште еднаш ја потврди улогата на рударството како силен и одржлив економски сектор, но пред сè како професија која бара почит, заштита и континуирана поддршка, велат од Министерството за енергетика.
