2win800x200

Анета Блажевска

Анета Блажевска

?РЕК Битола ја потврдува својата општествена и еколошка одговорност преку традиционалното пролетно пошумување. Оваа година, педесетина наши вработени од различни сектори во подружницата, засадија 5000 багремови садници, продолжувајќи ја заложбата за обновување на природата. 

 
?Нашата цел е двојна: стабилно производство и активно придонесување кон поздрава животна средина преку рекултивација на земјиштето, што значи почист воздух, заштита од ерозија и поплави. 
 
?Посебно сме горди што увидот во претходните пошумувања покажа одличен успех, докажувајќи ја нашата долгорочна еколошка посветеност и видливите резултати од нашите акции.

ТРЕТ ДЕЛ ОД АКЦИЈАТА ЗАЕДНО СРЕДУВАМЕ – ЗАЕДНО УРЕДУВАМЕ

 
Отстранување на кабастиот и градежниот отпад за здрава и чиста животна средина
 
Општина Битола како центар на Пелагонискиот плански регион, по препорака на Министерството за животна средина и просторно планирање, трет месец по ред, организира одлагање на кабастиот отпад и градежниот шут, во периодот од 15-ти до 20-ти април. Во наведените термини, граѓаните ќе можат да го доставуваат отпадот во терминот од 7-15 часот и тоа:
 
Кабастиот отпад ќе се одлага во кругот на Стопанскиот двор на ЈКП Комуналец на ул. 16-та бб,
 
Градежниот шут ќе се одлага во кругот на Стопанскиот двор на КЈП Нискоградба, на ул. 16-та бб.
 
Општина Битола останува доследна во реализирањето на Акцискиот план за чист воздух донесен од Владата, од кој произлегуваат обврските за справување со отпадот и обезбедување на услови за одложување и собирање на кабаст отпад и градежен шут.

Почитувани,

 
Ве известуваме дека во текот на утрешниот ден 15.04.2025 (вторник), поради изведба на јазел во водоводната мрежа,  со прекинато водоснабдување од градот ќе бидат следните корисници:
Булевар 1 Мај  од Црн Мост до Саат - кула и населба Баир од над Илинденска до Христијан Карпош, ул. Широка,  како и ул. Охридска од  ул. Методија Трајковски  до ул. Стив Наумов.
Со намален притисок ќе биде Стрежевска населба .
Прекинот ќе трае од  08:30ч. до завршување со активностите 
Назначен изведувач од Општина е градежната фирма e "Стентон Градба".

Градоналачникот на Општина Битола Тони Коњановски денес изврши увид во градежните активности на ул."11-март", ул."8-ми Септември" и ул."Стив Наумов"

 
Започнуваа градежните активности ул.11-ти март прво ќе се отпочни со оваа улица од неколкуте улици кои ќе се реконструираат а потоа ќе бидат опфатении неколку други улици во овој дел каде што ќе се иврши комплетна реконструкција. Исто така продолжуваат и градежните активности на булеварскиот влез од страната на Прилеп. Додека на ул.Стив Наумов се работи последната делница.

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ ЗА ПРОМЕНА НА РЕЖИМОТ НА СООБРАЌАЈ НА УЛИЦА „БУРСА“ ПОРАДИ АСФАЛТИРАЊЕ

 
Поради лошите временски услови, асфалтирањето на улицата „Бурса“, наместо денес и утре, ќе се реализира во среда и четврток, односно на 16 и 17.04.2025. 
 
Заради непречена реализација на активности во рамки на проектот „Реконструкција на коловоз на дел од улица „Бурса“ во Битола (од спој со улица „Македонска фаланга“ до спој со новопроектираната улица „Индустриски пат“), на 16.04.2025 и 17.04.2025 на горенаведениот објект, односно делот помеѓу новопроектираната улица „Индустриски пат“ до „Пивара“, односно до пристапниот пат кон А.Д Фабрика за квасец и алкохол и Фабрика за шеќер, ќе биде целосно затворен за сообраќај 24 часа поради асфалтирање кое ќе се изведува во текот на целиот ден, како и пристапот од село Поешево и улица „Прогрес“ кон улица „Бурса“.

 Реконструкција на водоводната мрежа 

 
Во тек е реализација на проектот реконструкција на водоводната мрежа Логоварди - Поешево, во должина од 6км, информираат од Водовод Битола.
За таа цел, Ве известуваме дека во наредните денови започнувајќи од 15.04.2025 ( вторник), корисниците од овие села ќе имаат  прекинато водоснабдување (од 8.30ч. до завршување со активностите околу реконструкцијата).
Овој зафат ќе придонесе до  подобрување на квалитетот на водоснабдувањето за  нашите корисници на вода од овој реон.
Продолжуваме со посветена работа на подобрување на водоводната инфраструктура за сите жители.

Во НУУБ „Св. Климент Охридски“-Битола, познатата битолска писателка  Гордана Такец, го одбележа своето скоро шест децениско творење. Пред присутните гости се обрати и директорката на НУУБ „Св. Климент Охридски“-Битола, м-р Емилија Стефановска - Давкова, која воедно беше и промотор на книгите започнувајќи го својот говор со зборовите: „Навистина сум почестена од госпоѓата Гордана Такец што ме избра мене за промотор на нејзините дела чиешто творештво оваа година полни 55 години. Нејзините писателски творби успешно ја продолжиле мисијата на татко ѝ и го оствариле неговиот аманет да создава за себе и за него на полето на пишаниот збор, сликарството и креативноста, воопшто! Јас и посакувам уште многу нови прозни дела и стихови , а со тоа и нови големи признанија и награди, да биде инспирација за нас и за целиот свет околу нас!“. На настанот, промоторот Стефановска Давкова зборуваше за делата „Балканот е валкан“ ,„Како го преживеав Виетнам“, „Јасмин“, „Руски Рулет“, „Нашите испуштени нешта“ и „Јас сум Такец“ како и за значењето на пишаниот збор за библиотеката.

Пред присутните гости се обрати и писателката која зборуваше за нејзиното творештво низ годините и создавањето на сите овие нејзини дела и со својата неуморност да ги сплотува и помага на младите творци, но и преку нејзината фондација „Такец“ да ги сплотува сите поети од нашиов регион.
Овој настан беше обогатен со музичките точки на почитуваниот Славчо Спировски – Слав, со нови дела и извадоци од книги.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани