2win800x200

Анета Блажевска

Анета Блажевска

 

Денес заедно со млади луѓе, експерти, претставници од институции и локалната заедница, го одбележавме Интернационалниот ден на Ромите со значаен настан посветен на менталното здравје и превенцијата на зависности, како дел од нашиот проект „Театарска претстава за здрави одлуки – превенција на зависности“.
 
Проектот е финансиран од Националната агенција за европски програми и мобилност, преку програмата Европски солидарен корпус на Европската Унија.
 
? Настанот започна со инспиративно обраќање на м-р Фатма Бајрам Аземовска, потсетувајќи не дека секој млад човек заслужува поддршка и средина во која ќе може да расте без страв.
 
Погледнавме емотивни видеа кои ја отворија темата за булинг и ментално здравје.
Во панел-дискусијата со психолозите Марина Кузмановска, Наташа Бекирова и педагогот Елизабета Талевска, под модераторство на Елена Ѓоргиевска Костадиновиќ, се разговараше за тоа како да изградиме здрава и поддржувачка средина за младите. Со потпишување на изјава за поддршка со Општина Битола, училишта и невладини организации, направивме симболичен и суштински чекор кон конкретна заедничка акција.
Ја најавивме едногодишната кампања „Здрава заедница е силна заедница“, со која ќе продолжиме да работиме на подигање на свеста и превенција од ризично однесување.
 
Благодарност до сите што беа дел од овој важен ден!
Продолжуваме заедно – за посилни млади и посилна заедница! 

ШЕФОТ НА МИСИЈАТА НА ОБСЕ, КИЛИАН ВАЛ ВО ПОСЕТА НА ОПШТИНА БИТОЛА

 
Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, денес оствари средба со шефот на мисијата на ОБСЕ, Килиан Вал, со кој разговараше за работата на локалната самоуправа, проектите кои завршени и оние кои се во тек на реализација.
 
Градоначалникот Коњановски, се заблагодари за соработката која ја реализира Битола со Мисијата на ОБСЕ во рамките на Проектот „Зајакнување на дијалогот и соработката помеѓу полицијата и ромската заедница во Битола каде реализирани се повеќе активности.
 
„Во текот на изминатата година, Мисијата на ОБСЕ во Скопје организираше неколку настани во Битола, со кои се обединија претставниците на ромската заедница и полициските службеници со цел да се адресираат клучните прашања и да се изгради меѓусебно разбирање. Дополнително, Европската унија го поздрави формирањето на работната група во Битола, која придонесе за подобрување на односите меѓу ромската заедница и полициските сили. Овие активности се дел од пошироките напори за промовирање на инклузија, дијалог и соработка.
 
Во рамките на иницијативата „НЕ за малолетнички бракови“, претставници од отсекот за превенција при СВР-Битола активно работат на зголемување на свеста за негативните последици од овие бракови заедно со здружението за развој на ромската заедница „Сумнал. Образованието и подигнувањето на свеста се најважните алатки во борбата против оваа појава, и затоа продолжуваме да вложуваме во оваа кауза.
 
Во рамките на работилницата посветена на превенција од зависности, учесниците имаа можност да дискутираат за начините на зајакнување на соработката меѓу институциите и граѓанските организации во борбата против различните видови зависности. Ова е особено важно за младата популација, која е најподложна на овие ризици.
 
Во рамките на дискусијата „Кажи НЕ за уште една жртва!“, организирана од здружението за развој на ромската заедница „Сумнал“, се отворија суштински прашања поврзани со превенцијата од семејно насилство. Овие иницијативи имаат за цел создавање безбедна и поддржувачка средина за сите граѓани.
 
Горди сме што Општина Битола, во соработка со Мисијата на ОБСЕ во Скопје и здружението за развој на ромската заедница „Сумнал“ активно работи на инклузивно образование. Со тоа се преземаат конкретни чекори кон десегрегација на основното образование, со крајна цел обезбедување еднакви можности за сите деца.
 
Како градоначалник на Општина Битола, ја потврдувам нашата заложба за понатамошно подобрување на соработката помеѓу полицијата, ромската заедница и сите останати граѓани. Нашата цел е да создадеме инклузивна, безбедна и просперитетна Битола, каде што сите граѓани имаат еднакви можности и права. Со заеднички сили, можеме да изградиме иднина во која меѓусебното почитување и разбирање ќе бидат темел на нашето општество“, истакна градоначалникот Коњановски на денешниот состанок, на кој беа отворени и други прашања од надлежноста на општината.

ЈКП Комуналец Битола - По синоќешните врнежи од снег ЈП Комуналец излезе на терен за расчистување на шетатата од паднати дрва на ул. "Цане Василев", ул. "Борис Кидрич" и пред ОУ "Климент Охридски".

На 07.04.2025 г. со почеток во 20.00 ч.

ве покануваме на едно прекрасно и незаборавно доживување !

,,КУФЕР.МК,, е претстава која не води низ една лична интимна

исповед за дилемите, моралните вредности, погледот на светот, убавите моменти, но и траумите низ кои поминува и со кои се справува една актерка, жена.

Автор, идеја и концепт: Соња Михајлова, Благој Мицевски

Игра:

Соња Михајлова

Режија: Благој Мицевски

Светло-мајстор: Игор Мицевски

Музика: Миодраг Неќак – Микс

Тон-мајстор: Николче Терзиевски

Видео-материјали: Марјан Георгиевски

Аудио и видео-оператор: Владимир Переловски

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани