
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Реакција на РЕК "Битола "
Погледнете каков талент е Ана Марија Радевска, петнаесетгодишно девојче од Битола.
Ана Марија на 18 јуни ја имаше својата прва самостојна изложба во НУ "Св.Климент Охридски" Битола. Таа е ученик на познатиот ликовен педагог Анкица Стевановска од ликовното студио Адамс Арт во Битола.
Младата уметница Ана Марија Радевска го привлекува вниманието со стилот на изработка на икони и цртежи со впечатливи мотиви и умешна комбинација на бои. 
Синоќа, во просториите на Националната Библиотека во Корча, беше отворена изложбата „Приказните од Градиште“, чиј што автор е археологот Енгин Насух, кустос советник при НУ „Завод и музеј“ – Битола. 
Текст и фото - Фејсбук Мери Стојановa - кустос во Завод и музеј Битола 
Социјалдемократот Зоран Ристевски е предложен за кандидат за градоначалник на претстојните локални избори за Општина Могила. Веста ја соопшти лидерот на СДСМ Венко Филипче, кој вечерва објави 19 кандидати за градоначалници. Ристевски од март 2022 година е претседател на ОО на СДСМ во Општина Могила. Тој е долгогодишен член на партијата.
Лидерот на СДСМ, Венко Филипче ги објави првите 19 кандидати на СДСМ за градоначалници за претстојните локални избори, но за Битола не понуди решение. Филипче најави - Личности со кредибилитет - луѓе кои ги знаат реалните проблеми и предизвици со кои се соочуваат граѓаните. Подготвени се да работат посветено за секој граѓанин, за секое маало, село, град. Тие знаат како, можат и ќе го исполнат ветеното.
ОПШТИНА БИТОЛА ЗАПОЧНА СО РЕАЛИЗАЦИЈА НА ПРОЕКТОТ ЗА САНАЦИЈА НА ЈУЖНАТА ТРИБИНА НА ФУДБАЛСКИОТ СТАДИОН „ПЕТАР МИЛОШЕВСКИ“


Во рамките на проектот “Стручни работилници: Училишните библиотекари – поттикнувачи на интересот за библиотечна дејност”, денеска се одржаа обуки во Битола и Скопје под покровителство на Министерството за култура и туризам. Настанот собра повеќе од стотина професионалци од целата земја.
Познатиот битолски бодибилдер Зоран Лазаровски - Паљо, најави учество со независна листа на претстојните локални избори во Битола. Лазаровски кој извесен период наназад е еден од водачите на протестите "Стоп за депонија во Пелагонија" на својот Фејсбук профил најави дека ќе формира независна советничка листа насловена "За Битола.
-На локалните избори во октомври ќе учествувам со Граѓанска независна советничка листа еве го логото и мотото "ЗА БИТОЛА", за да започни вистинската борба за Битола. Мора сите битолчани и битолчанки да се разбудите и да ја видите вистинската катастрофална слика на најуништениот град во Македонија и регионот. Не ја памтам ваква да била Битола никогаш ние не можиме 80 тите да ги стигниме, па камоли напред да одиме. И на сето уништување капак -депонија за 18 општини во Пелагонија сакат да не напрат контејнер. Ова е една шанса мој последен обид да ја спасам Битола. Ако ме изгласате се ќе дадам за БИТОЛА И ЌЕ СЕ БОРАМ ДОКРАЈ ако не се повлеквам од борбата за Битола и ќе се посветам на семејството. Моја последна борба за Битола - ваша последна шанса да ја спасите Битола. Ако гласате масовно да има што повеќе советници од листата "ЗА БИТОЛА" тогаш шансите се големи да ја спасиме Битола, ако не готово е крај", пишува Лазаровски и на крај вели програмата ќе биде реална, без фантазите и лагите на партите кои не лажат 35 години, ќе ја објавам подоцна.
