2win800x200

Анета Блажевска

Анета Блажевска

Министерството за здравство, заедно со Хепар Центар-Битола и клиниките за гастроентерохепатологија и инфективни болести, по повод Светскиот ден за борба против хепатитисот, денеска почнуваат заедничка национална кампања за бесплатен и анонимен скрининг за хепатитис Б, хепатитис Ц и ХИВ, како и еластографија за хронични црнодробни заболувања.

По тој повод, од 10 до 13 часот ќе биде поставена мобилна единица на плоштад „Македонија“ во Скопје од каде што почнува бесплатниот и анонимен скрининг за навремено детектирање на болести на црн дроб. Националната кампања ќе се реализира во 10 градови во државата. Целта е подигнување на свесноста за црнодробните болести, како што се црнодробен карцином, замастување на црниот дроб од алкохолна и неалкохолна природа, цироза и ретки болести на црн дроб.

Како што соопшти Министерството за здравство, бесплатен скрининг денеска од 18 до 20:30 ќе се врши во Куманово. На 30 јули во Тетово (10:00–12:30) и во Гостивар (18:00–20:30), на 1 август во Струга (10:00–12:30) и во Охрид (18:00–20:30), на 4 август во Битола (10:00–12:30) и во Прилеп (18:00–20:30) и на 6 август во Штип (10:00–12:30) и во Гевгелија (18:00–20:30). 

Со орање на теренот околу селото Меџитлија и фабриката за производство на минерална вода "Пелистерка" спречено е ширењето на пожарот кој денеска, попладне го зафати  атарот на селото вдолж границата со Грција, да ги зафати  куќите и фабриката.  Лирим Мерсими жител на Меџитлија ни изјави дека помогнале со тракторите да го изораат теренот околу селото и фабриката за да не се прошири огнот и да направи катастрофална штета. На терен се пожарникари а им помагаат и мештаните и вработените во "Пелистерка" . Пожарот зафати стрништа и брзо се прошири поради ветрот. Зафати се над 70 хектари површина. А.Б 

Водовод Битола соопштува Почитувани,

 
Ве известуваме дека поради работни активности околу новата водоводна мрежа, во текот на утрешниот ден 28.07.2025 ( понеделник), со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од населените места Логоварди и Поешево.
 
Прекинот ќе трае од 07 : 00 часот до завршување на активностите.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани