2win800x200

Анета Блажевска

Анета Блажевска

ОБЈАВЕН ЈАВЕН ПОВИК ЗА НАДОМЕСТУВАЊЕ НА ДЕЛ ОД ТРОШОЦИТЕ ЗА НАБАВЕНА И МОНТИРАНА НОВА ПВЦ ИЛИ АЛУМИНИУМСКА ДОГРАМА ЗА ДОМАЌИНСТВАТА НА ПОДРАЧЈЕТО НА ОПШТИНА БИТОЛА ЗА 2025 ГОДИНА – АПЛИЦИРАЊЕТО ЌЕ СЕ СПРОВЕДУВА ЕЛЕКТРОНСКИ

 
Со цел зголемување на енергетската ефикасност на домаќинствата преку замена на старата, дотраена и енергетско неефикасна дограма (дрвена) со нова ПВЦ или алуминиумска дограма за домаќинствата на територија на Општина Битола, на барателите за надоместување на дел од трошоците за набавка и монтажа на нова ПВЦ или алуминиумска дограма, Општина Битола ќе им обезбеди поврат на средства во висина од 30% од вредноста, но не повеќе од 30.000,00 денари.
 
Потенцијални добитници на надоместок се единствено лицата со живеалиште во Општина Битола кои имаат набавено и монтирано нова ПВЦ или алуминиумска дограма во периодот од 24.03.2025 дo 07.04.2025 година во живеалиштето согласно важечката лична карта и кои ќе апицираат на електронскиот систем.
 
На јавниот повик немаат право на учество сопствениците на станбени објекти кои се сеуште во фаза на изградба.
 
Јавниот повик е објавен на веб страната на Општина Битола, а аплицирањето ќе се спроведи преку следниот линк https://subvencii-bitola.com/. 
 
Јавниот повик трае од 24.03.2025 година до 07.04.2025 година,  а аплицирањето ќе се извршува по завршување на јавниот повик, односно од 08.04.2025 од 08:00 часот до 14.04.2025 година до 15:30 часот.
 
Едно лице може да поднесе само едно барање за добивање на надоместок по oвoj Јавен повик а рангирањето на барањата ќе се врши по принципот „прв аплицирал прв услужен".
Повеќе информации за јавниот повик достапни се на следниот линк https://www.bitola.gov.mk/dograma-domakinstva/.
 
Модулот за електронски постапки за субвенции, по барање на Општина Битола е изработен и ќе биде овозможен и управуван од страна на „Јавен адвертајзинг“ – Битола, од чија страна во текот на оваа недела ќе биде изработено и објавено и видео упатство за олеснување на постапката при аплицирање од страна на граѓаните.

Денес, недела 23.03.2025 екипи на ЈКП Водовод имаа работни активности на објектот "Пумпна станица Довлеџик".

Беше извршена промена на крилест затворач Ф/500 mm. заедно со монтажно-демонтажно парче Ф/500 mm.
 
Монтирањето се врши на почеток на потисниот цевковод преку кој во летните месеци до "Филтер станица Дихово" се пумпа сирова вода од од П.С. Довлеџик во должина од скоро 2 km. и висинска разлика од 120 м.
 
Значењето на функционалноста на овој "Потисен цевковод" е премногу важна за редовно водоснабдување на нашите корисници.
 
ЈКП Водовод уште еднаш сака да им соопшти на граѓаните дека водоводниот систем овозможува питка вода во сите домови, затоа се потребни инвестиции и негова   обнова во континуитет и според добро подготвен стратешки план.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани