
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Расчистени три измами со лажни сообраќајки во Битола, поднесена е кривична пријава
ВО БИТОЛА ОДБЕЛЕЖАН 23 ОКТОМВРИ – ДЕНОТ НА МАКЕДОНСКАТА РЕВОЛУЦИОНЕРНА БОРБА
Честит 23 Октомври - Денот на македонската револуционерна борба.
ОПШТИНА БИТОЛА ВЛОЖУВА ВО МОДЕРНИЗАЦИЈА НА СОУ „ТАКИ ДАСКАЛО“
Денес, претседателот на УСС УКЛО, Димитар Атанасовски беше на средба со директорот на студентскиот дом „Кочо Рацин“, Љубе Маркоски.
СВР Битола информира . Жител на село Дихово омаловажол полицаец.
На 21.10.2025 во 23:00 часот полициски службеници од СВР Битола во с. Дихово, битолско го лишија од слобода А.К.(40) од с. Дихово, бидејќи го нарушувал јавниот ред и мир и притоа ги омаловажувал полициските службеници. По документирање на настанот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Драганчо Саботковски актуелен градоначалник на Општина Могила и кандидат за втор мандат, води со 409 гласа пред второ пласираниот независниот кандидат Сашо Пивковски, на првиот круг од локалните избори во пелагониската општина Могила.
Во Општина Могила градоначалник ќе се бира во вториот круг од локалните избори на 2 ноември. Во општината од вкупно запишаните изборачи 4.671 на гласање излегоа високи 69 проценти или 3.222 гласачи.
Саботковски е кандидат на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата и во неделата освои најмногу гласови од могилчани 1.662, односно 49,17 од граѓаните со право на глас заокружиле за актуелниот градоначалник.
Со разлика од над 400 гласови, под него е независниот кандидат Сашо Пивковски со освоени 1.253 гласови или 37,07 проценти од гласовите во Општина Могила.
На трето место по бројот на гласови во првиот круг е Зоран Ристевски од СДСМ со 351 глас.
Во вториот круг силите ќе си ги одмерат Саботковски и Пивковски. Пред вториот круг од изборите се очекува од двајцата противкандидати позитивна кампања и да понудат остварливи прокети за граѓаните на Могила.

Драганчо Саботковски

Сашо Пивковски
