2win800x200

Анета Блажевска

Анета Блажевска

ЗАВРШНА ФАЗА ОД ДОГРАДБАТА НА ЛОКАЛНИОТ ПАТ ЗА С.БУКОВО

 
Денес се извршува асфалтирањето со должина од 600 м на завршниот асфалтен слој на левиот дел од коловозот на локалниот пат за село Буково, а со тоа проектот ,, Доградба на коловоз на локален пат за село Буково Општина Битола “, е во завршна фаза. 
 
Како што и предходно е напоменато, извршена е стабилизација на банкината, за одводнување на коловозот се вградени префабрикувани бетонски каналети. Со извршеното асфалтирање се реализира проектната ширина на асфалтниот дел од коловозот кој изнесува 5,50 м.
 
Со ова се исполнува барањето на жителите на село Буково за побезбедно одвивање на сообраќајот.

Во чест на својот поранешен член, спортист и долгогодишен поддржувач на битолскиот спорт, Зоран Петковски – Петкото, клубот Пелистер Волеј ќе организира хуманитарен натпревар во рамките на 4. коло од Суперлигата. - Натпреварот ќе се одигра на 1 ноември во спортската сала "Боро Чурлевски" со почеток во 17 часот.  Менувањето на локацијата е поради големиот интерес на битолчани да присуствуваат на натпреварот, бидејќи средствата од продажбата на влезниците ќе бидат донарани на семејството на Петковски, како симболичен чин на почит и солидарност кон човекот кој остави длабока трага во спортскиот живот на градот.

Покрај средствата од влезниците, љубителите на спортот ќе имаат можност да придонесат и со доброволни донации, кои ќе се собираат на двата влеза од салата.

Со оваа иницијатива, Пелистер Волеј и спортската јавност на Битола уште еднаш потврдуваат дека спортот е повеќе од натпреварување — тоа е заедништво, човечност и срце. 

1000008345
 
 

ДО КРАЈОТ НА УЧЕБНАTA ГОДИНА ТРИ НОВИ БИТОЛСКИ УЧИЛИШТА ЌЕ ДОБИЈАТ ФОТОВОЛТАИЦИ

 
Општина Битола до крајот на учебната година ќе постави фотоволтаични системи на уште три згради на основните училишта во градот. Со оваа мерка, локалната самоуправа продолжува со активностите за зголемување на енергетската ефикасност и користење на обновливи извори на енергија во образовните установи.
 
Во текот на овие денови, се вршат теренски проверки на состојбата на покривите на училиштата, како и проценка на можностите за најсоодветна позиција за поставување на соларните панели.
 
По завршувањето на анализите и објавувањето на тендерските постапки, ќе следува и реализацијата, односно поставувањето на новите фотоволтаични соларни централи за производство на електрична енергија во три нови битолски училишта.
 
Со воведувањето на фотоволтаиците, се очекува училиштата да остварат значителни заштеди во трошоците за електрична енергија и да придонесат кон намалување на јаглеродните емисии во општината.
 
Во моментов, на 10 објекти на основни и средни училишта во општина Битола, се поставени сончеви панели. Кон крајот на 2023 година, на објектот на училиштето и градинката во населбата Долно Оризари беше поставена првата фотоволтаична електрична централа во училиштата, по што во 2024 беа поставени уште девет, од кои три на средни училишта и шест на основни училишта.

Општина Битола продолжува со континуирани инвестиции во подобрување на образовната инфраструктура. Во средното општинско економско училиште СОЕУ „Јане Сандански“, реализирани се повеќе значајни активности со цел создавање подобри и помодерни услови за учениците и наставниот кадар.

Во рамки на проектот е извршена санација на училници и ходници, поставен е нов ламинат и подиуми, а училиштето е целосно бојадисано и освежено. Обезбеден е и нов училиштен мебел – клупи, столчиња, фотелји, зелени табли и венецијански ролетни, кои ќе придонесат за поквалитетна и поудобна настава.

Дополнително, административните канцеларии се целосно опремени со нов мебел, а училниците добија клима-уреди и нови огласни табли. Извршена е и реконструкција на училница и Центарот за професионален развој, што ќе овозможи подобри услови за практична обука и стручно усовршување.

Вкупната вредност на реализираните активности надминува 3 милиони денари.

Со овие вложувања, Општина Битола уште еднаш ја потврдува својата определба за создавање современи, безбедни и функционални училишта.
„Секоја инвестиција во образованието е инвестиција во иднината на нашите деца“, порачуваат од Општината.

Видеото може да го погледнете тука

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани