2win800x200

Анета Блажевска

Анета Блажевска

Во текот на изминатата недела покрај редовните активности ЈП Комуналец вршеше расчистување на мини депонии на повеќе локации, дел од нив се:

 ?во близина на Црквата 40 Маченици;
? улица Македонски Гемиџии;
? населба Ушици;
Во текот на акцијата беше собран над 400м3 отпад кој потоа беше  депониран во  депонијата во село Мегленци.??️

Во седмицата која помина КЈП НИСКОГРАДБА Битола работно беше ангажирана на следните објекти:

Стабилизација на банкини со коцка на коловоз на локален пат за село Брусник
Крпење на прекопи со асфалт при што се потрошени 20 тони.
Изградба на нова атмосферска канализација БЛР4 улици 150,170 и 210-та.
Реконструкција на приклучок на Музичкото училиште 
Нивелација на капаци на шахти на улица Солунска .
Подигање на градежен шут.

АСФАЛТИРАЊЕ НА УЛИЦА „НИКОЛА ТЕСЛА“

 
Општина Битола е во завршна фаза на реализација на проектот: Реконструкција на коловоз, мешовита канализација и водоводна мрежа на улица „Никола Тесла“. Работните активности се одвиваа на потегот од поврзувањето со улица „Влатко Миленковски“ до спој со „Булевар 1 ви Мај“. Реконструкцијата на комплетната инфраструктура е во вредност од 9.826.756,09 денари, а инфраструктурното уредување во овој дел на градот вклучува и реконструкција на улично осветлување во износ од 2.394.000,59 денари.
 
Ова е еден од проектите со кои локалната самоуправа, дејствува во насока на подобрување на патната инфраструктура во централното градско подрачје.

ПРОШИРЕНИТЕ КОНТРОЛИ ЌЕ ГИ ОПФАТАТ И БИТОЛСКИТЕ ЛОКАЛИ И КАФЕ БАРОВИ

 
Општинскиот инспекторат, во координација со Државниот пазарен инспекторат и СВР Битола, ќе спроведат проширена контрола и на битолските локали и кафе барови, кои во најголем дел се лоцирани на Широк Сокак, во битолската чаршија, во Новиот пазар итн.
 
Контролите ќе опфаќаат проверка на потребната документација, согласно Законот за угостителска дејност. 
 
Општинскиот инспекторат на терен редовно врши контрола на битолските локали и околу дозволите за поставување на урбаната опрема пред локалите.

 ФК Пелистер ја известува јавноста дека приходот од билетите од натпреварот Пелистер - Вардар во рамките на 25. коло ќе биде наменет за семејствата на трагично загинатите во дискотеката во Кочани. Ги повикуваме сите наши навивачи, симпатизери и љубители на фудбалот да учествуваат во оваа хуманитарна акција.

 
Цена на билетот: 200 денари

Таравари: Десет пациенти денеска ќе бидат пуштени дома, нема повеќе упатувања во странство

 
По завршување на редовниот состанок на кризниот штаб, министерот за  здравство д-р Арбен Таравари во изјава за медиумите информираше дека бројот на хоспитализирани пациенти моментално е 162, а 10 од пациентите кои лежат во државата денеска ќе бидат испишани и пуштени на домашно лекување.
 
-Вчера имаше тројца пациенти кои ги испишавме, така што моментално во Клинички центар се хоспитализирани 25 пациенти, во ГОБ „8 Септември“ се 12 пациенти, во Стара градска болница 11 пациенти и во Клиничка болница Штип 1 пациент, а во приватните болници има 9 пациенти, информираше министерот Таравари.
 
На лекување надвор од државата се 115 пациенти. Во Србија се 30 пациенти од кои двајца се екстубирани, во Бугарија 15 пациенти од кои што тројца веќе се екстубирани, сите се во стабилна состојба а некои се покритични, во Грција 12 пациенти од кои двајца критични, во Турција веќе 6 од пациентите се екстубирани. Во Шпанија се 7 пациенти, во Австрија 5 пациенти и двајца од тие пациенти се префрлени на оддел.
 
-Во Унгарија се хоспитализирани 6 пациенти, од кои веќе еден е фебрилен и еден со кашлица, а другите се во стабилна состојба, во Хрватска се 5 пациенти, еден е интубиран стабилен, а другите 4 се сосема стабилни. Во Словенија се 4 пациенти од кои 3 се во посериозна состојба, во Литванија 4 пациенти од кои едниот е веќе екстубиран, Белгија 4 пациенти во стабилна состојба, Италија 4 пациенти кои се веќе на нога и можеби идната недела ќе зборуваме за протоколи за враќање на овие пациенти. Во Шведска се 4 пациенти од кои 2 во сосема стабилна состојба и во Полска се двајца пациенти од кои само едниот е интубиран, посочи министерот.
 
Воедно, министерот информираше дека се завршени упатувањата на повредени пациенти во странство.
 
-Веќе од овој состанок зборувавме за враќање на пациенти, од одредени држави има најави за враќање, ќе подготвиме протоколи и ќе бидат тука прегледувани пациентите, по што тие што се во добра состојба може да се пуштаат дома. Следниот предизвик со кој ќе се соочуваме се инфекциите, ќе бидеме максимално внимателни да превенираме се што можеме за да нема компликации, рече министерот.
 
Во однос на трошоците за лекување, министерот истакна дека лекувањето е бесплатно и нема потреба да се собираат средства. Од страна на Владата е обезбедено за двајца родители или членови на семејство да патуваат и да се сместат во сите држави каде што има хоспитализирани пациенти.
 
 

ПРОШИРЕНИ КОНТРОЛИ ВО УЧИЛИШТАТА, ГРАДИНКИТЕ И ИНДИВИДУАЛНИТЕ СТАНБЕНИ ОБЈЕКТИ

 
На одржаниот координативен работен состанок на градоначалникот на општина Битола Тони Коњановски со директорите на основните и средните училишта во Битола, како и со градинките, се разговараше за состојбите во битолските училишта и градинки. На терен се изведени вонредни контроли во изминатиот период, бидејќи сигурноста на децата во овие институции за општина Битола е најважна. Проширените инспекциски надзори опфаќаат проверка на влезовите, ПП апаратите, потребната документација итн. 
 
Од општинскиот инспекторат, преку инспекторот за домување на терен, во координација со станбените сервиси и жителите на зградите, ќе се врши контролирање на ПП апаратите во зградите, нивната исправност и хидрантската мрежа. Од управителите на зградите и станбените сервиси, ќе биде побарано да достават информации за тоа дали зградата има хидрантска мрежа, дали хидрантите имаат црева за вода, колку од зградите поседуваат ПП апарати и дали има лица кои што знаат со нив да ракуваат. Онаму каде што е потребно, општинскиот инспекторат ќе ги задолжи субјектите да постапат согласно законските прописи.

Кркардаш е позната локација во северниот дел на Битола во населбата Баир. Според легендата на ова место се случила жестока битка помеѓу локалното население и освојувачката отоманска војска. Имено, отоманската војска во текот на 1382-1383 година во тешки и крвави борби, наспроти силниот отпор на локалното население, успеала да ја освои Битола. Според легендата, жесток отпор пружиле монасите од седумдесетте манастири и цркви што постоеле во тоа време во Битола. Евронос Хаџи Бег, кој бил на чело на отоманската војска револтиран од жестокиот отпор на локалното население, им дал три дена одврзани раце на своите војници да прават што сакаат во новоосвоениот град. Едно место каде што отпорот бил особено жесток, била тврдината која што ја бранеле “четириесетте браќа” (турски – kırk + kardaş). Од почит кон нивната храброст, ова место до ден денес е познато како Кркардаш и во спомен е подигната црквата “Св. 40 Маченици”.

На ова место голем број на битолчани го прославуваат првиот ден од пролетта, кога реки од народ се упатуваат до храмот.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани