2win800x200

Анета Блажевска

Анета Блажевска

Движењето ЗНАМ за наша Македонија на локалните избори во Битола има своја советничка листа и дава целосна поддршка за кандидатот за градоначалник на ВМРО ДПМНЕ Тони Коњановски.   Во Битола Коњановски присуствуваше на одбележување на годишнина на  политичката партија  движење ЗНАМ за наша Македонија на која оствари средба со потпретседателот на ЗНАМ Весна Бендевска, со носителот на листата на ЗНАМ за Битола Јагода Талевска и со кандидати од советничката листа. 1000007505

- Средба, на која беше изразена јасна поддршка за мојата работа како Градоначалник на општина Битола.
 
Поддршката е потврда дека заедно, преку партнерство и заеднички цели, можеме да постигнеме многу повеќе за Битола и битолчани.
 
Се заблагодарив за безрезервната довербата и на споделената визија за современа, уредена и силна Битола.
На 19 октомври ќе ја потврдиме довербата и ќе ја однесеме Битола кон нова победа, објваи Коњановски. 

Битолскиот пожарникар Александар Тодорчевски - Ато е кандидат за советник од листата на СДСМ и коалицијата. Александар е познат на јавноста во градот особено по една  тешка ситуација минатата година со пожар над Обиколницата каде за да им помогне на колеги самиот се здоби со тешки изгореници.

Тодорчевски има завршено високо образование со стекнат стручен назив - инженер по биотехнички науки, а работи како пожарникар - спасител.
 
"Многу сограѓани ме познаваат како страствен вљубеник во спортот, а посебно во ракометот и присутен сум скоро на сите спортски настани.
 
Битола е мојот град и со ова кандидатирање за советник посакувам да направам нешто за поубава, почиста и помодерна општина со која ќе се гордеат идните генерации"., вели Тодорчевски и ја бара довербата на битолчани за локалните избори. 

Димитар Кузмановски, носител на листа на Коалицијата Искуство за Успех, предводена од ЛДП изјави дека Либерално демократската партија од Битола е против изградбата на депонија во Мегленци од типот и обемот што го предлагаат надлежните институции на државата и градот Битола.

 
"Сметаме дека е недозволиво во Пелагонија – најголемата житница на Македонија – да се складира и одлага толку голема количина на отпад, и тоа од дури 18 општини.
 
Битолскиот регион и онака е прекумерно загаден од работењето на РЕК Битола, па дополнителна еколошка катастрофа, каква што би предизвикала ваква депонија, е неприфатлива.
 
Немаме доверба дека институциите се способни да реализираат ваков проект на безбеден и современ начин. Доказ за тоа се честите пожари и нефункционалноста на депониите во другите делови на државата, особено во Скопје.
 
Бараме широка јавна дебата со сите засегнати страни – невладини и еколошки организации, експерти, политички партии и граѓани, како оние што се против, така и оние што се за ваков проект", изјави Кузмановски.
 
Коалицијата предлага
• Да се изгради регионална депонија само за потребите на Пелагонискиот регион – Битола, Новаци и Могила.
• Депонијата да биде од затворен тип, во согласност со сите меѓународни стандарди.
• Отпадот да се сортира и складира по видови на одделни места.
• Да се овозможи рециклажа на сите материјали кои тоа го дозволуваат (стакло, хартија, пластика и др.).
• Секое домаќинство да добие различни канти за отпад, а примарната селекција да ја вршат самите граѓани.
• Да се користат различни возила за различни типови отпад, со цел да не дојде до мешање.
• Депонијата да се отвори со валидни сертификати за складирање, управување и рециклажа на отпад.
• Процесот на работа да биде строго контролиран и транспарентен, со јавен мониторинг систем 24/7, достапен за сите жители.
 
"На Битола и на Македонија им се потребни внимателни, промислени и одговорни одлуки кога станува збор за потенцијални загадувачи и „тивки убијци“ на здравјето на граѓаните, веќе доволно погодено од загадениот воздух, почва и вода", вели Кузмановски 

Се запали кола на плин во населбата Горно Оризари во Битола, пожарникарите се справија успешно со ситуацијата во која истекуваше плин од возилото.

 
Примена дојава во 15:30ч. за запалено возило во Горно Оризари ТППЕ Битола интервенираше со 1 возило и 5 пожарникари. При интервенцијата од возилото успешно и професионално е отстранета и дислоцирана плинска боца под притисок која испушташе плин и претставуваше опасност за населението и објектите околу неа. -Со храброста, посветеноста, дисциплината и секојдневните многубројни и високоризични интервенции ТППЕ БИТОЛА повторно jа докажаа својата професионалност, објавија битолските пожарникари. 

Битола е гнасна, со ваква оценка за градот настапи Габриела Илиевска кандидатка за градоначалник за Битола од независната иницијатива Поинаку. Во интервју за Тера телевизија Илиевска вели -

 
„Мотивот повеќе би рекла, отколку желбата, бидејќи во изминатите триесет и кусур години гледаме дека Битола е уназадена, гледаме дека Битола е целосно и максимално партизирана, да не зборувам дека во последните повеќе години Битола е гнасна, Битола е со блокиран сообраќај, Битола е со валкани улици, се дави во ѓубре. И она што е најстрашно е дека граѓаните веќе ја имаат изгубено надежта дека некој можеби сака нешто да напарави за Битола, изјави Илиевска во интервју на ТЕРА телевизија. 

Честит 11 Октомври – Ден на народното востание

 
На овој значаен ден, оддаваме почит на сите херои кои се бореле за слобода и достоинство. Нивната храброст е основата на нашата иднина.
 
АД ЕСМ, како одговорна компанија, со гордост го одбележува овој ден – симбол на отпор, заедништво и слобода. Да не заборавиме дека заедно, со заедничка визија, одиме кон подобра иднина.

ВО БИТОЛА ОДБЕЛЕЖАН 11 ОКТОМВРИ – ДЕНОТ НА МАКЕДОНСКОТО НАРОДНО ВОСТАНИЕ

 
Битола денес свечено го одбележа 11 Октомври – Денот на македонското народно востание, еден од најзначајните датуми во историјата на македонскиот народ.
 
Овој ден претставува симбол на слободољубивиот дух и непокорот на македонскиот народ, кој пред 84 години, преку храброста и жртвата на борците од Народноослободителната борба, го означи почетокот на востанието против фашистичкиот окупатор и ја постави основата на современата македонска држава.
 
По повод празникот, пред споменикот на Народноослободителната антифашистичка војна на Македонија, пред Центарот за култура во Битола, беше одржана свечена церемонија на која беа положени свежи цвеќиња.
 
Со пригодна почит кон историското значење на денот, цвеќе положија градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, претставници на Советот на Општина Битола, претставници на Сојузот на борците, како и претставници на политичките партии, други организации и поединци.

Предлогот на Основното јавно обвинителство Битола е прифатен од Кривичниот совет на Основниот суд во Битола и на осомничениот сопственик на правното лице „Марковски компани“ му е определена мерка притвор, соопшти вечерва ЈОРСМ. Со ова, како што се наведува во информацијата, е уважена жалбата и аргументите изнесени од битолското обвинителство, особено во поглед на ризикот од бегство на осомничениот, и е преиначена одлуката на судијата на претходна постапка.

– ОЈО Битола се уште не е известено за одлуката по поднесената жалба на мерката куќен притвор за осомничениот раководител во РЕК, посочуваат од ЈОРСМ.

Битолското обвинителство денеска поднесе жалба за одлуката на Судот, со која се предвидуваше двајца од осумте осомничени во истрагата за злоупотреби со јавните набавки во РЕК „Битола“ да одат во куќен притвор. Од Обвинителството од Битола бараа мерка затворски притвор, а како причина за тоа се наведуваа ризици од бегство на осомничените. Притвор се бараше за еден од раководителите на Рудници во РЕК „Битола“ и за Борче Марковски, сопственикот на фирмата „Марковски компани“, која претходно ги добивала тендерите во Комбинатот и која како правен субјект се сомничи во случајот. Судот ја преиначи одлуката и одреди мерка притвор за Марковски.  

Како што синоќа информираа од ОЈО Битола, надлежниот јавен обвинител не се согласи со одлуката на Судот, имајќи ги предвид ризиците од бегство на осомничените, посебно што Марковски има значителен имот во друга држава. Од тие причини Обвинителството вложи жалба на одлуката на Судот и бара мерка затворски притвор. 

На ваквата одлука на битолскиот суд реагирааше ВМРО-ДПМНЕ, од каде сметаат дека ваквиот потег е срамен, потенцирајќи дека нема да дозволат, како што велат, судството на СДСМ и ДУИ да ги ослободува криминалците.

– Срамна одлука на Судот, газдата на Марковски компани со стотици милиони местени тендери во РЕК наместо во затворски притвор, доби куќен притвор. Газдата на Марковски компани е фатен инфлагранти како испумпува пари од РЕК со документи и докази е заштитен од судот на СДС и ДУИ. Газдата на Марковски компани мора да каже каде завршија милиони евра од тендерите, дали крајна дестинација биле фирми на Заеви во Бугарија и Дубаи, дали со тие пари е финансирана СДС и дали со тие пари се купувани други бизниси на Заеви?, изјави Валентин Манасиевски од ВМРО ДПМНЕ.

Во Спомен куќата на народниот херој Стеван Наумов Стив започна снимањето на документарниот филм посветен на овој наш битолчанец кој храбро загина за слободата на Македонија во 1942 година. Филмот е во режија на Шенол Мемиш, а снимател и монтажер е Дејан Младеновиќ. Премиерно ќе биде прикажан на 5 Ноември во Кино Манаки во Битола.. 1000007410 Во филмот, кој ќе се снима на неколку локации, за животот и делото на Стеван Наумов Стив раскажува неговиот внук од сестра, Стефан Бошков. 1000007409 Проектот е помогнат од Општина Битола, како и од други помагатели. Ова е трет филм на двоецот Мемиш - Младеновиќ, по документарниот филм посветен на новинарот Димче Миновски и “80 Години слободна Битола” 1000007411

Гнасотии и вулгарности упати извесен  Илија Мирчески на Фејсбук коментар до локалниот битолски медиум Апла.мк, откако порталот објави дека брендирано камионче со фотографии од кандидатката за градоначалник на Битола Габриела Илиевска е паркирано погрешно на пешачка патека и дел на коловозот. https://apla.mk/denes/item/17128-brendirano-vozilo-na-kandidat-za-gradonachalnik-na-bitola-parkirano-na-peshachka-pateka? По ова Мирчески кој на профилот остава впечаток дека е поддржувач на независната листа "Поинаку" и на Илиевска, упатува вулгарности и крајно недоличен коментар кон интернет медиумот Апла. Мк.  Медиумот ќе го извести ЗНМ и набљудувачите на ОБСЕ за ситуацијата  1000007396 1000007393

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани