2win800x200

Анета Блажевска

Анета Блажевска

На 12.07.2025 во СВР Битола било пријавено дека во околу 02.05 часот, од страна на  непознат сторител била фрлена  експлозивна направа на ул.„Охридска" во Битола при што од самата експлозија направени биле оштетувања на патничко возило „волксфаген"  патничко возило „бмв",  патничко возило „тојота", патничко возило „киа", патничко возило „рено", патничко возило „матиз", патничко возило „тико" сите со битолски регистарски ознаки  паркирани на улицата при што направени биле и неколку оштетувања на прозорци и врати од околните куќи. Увидот во присуство и по насока на јавен обвинител го извршила увидната екипа на СВР Битола, при што се преземаат мерки за расчистување на настанот.

 

Битолскиот пратеник Пеце Милевски објави дека мнозинството во Парламентот ги изгласа измените во Законот за здравствено осигурување со што Фондот за здравство ќе финансира до шест обиди за ин витро оплодување. Милевски објави - " Секое семејство ќе може шест пати, со финансиска поддршка од Фондот да ја користи процедурата за ин витро оплодување.

 
Парламентарното мнозинство ги поддржа измените на Законот за Здравствено осигурување.
 Родителството е едно од основните човекови права, најсвета должност, највозвишен чин и најцелосно остварување.
 
Демографијата е едно од најважните прашања за Македонија, објави Милевски.
 
 

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани