2win800x200

Анета Блажевска

Анета Блажевска

ЗАЕДНИЧКИ ТЕРЕНСКИ АКТИВНОСТИ НА ПРОВЕРКА ВО БИТОЛСКИТЕ УГОСТИТЕЛСКИ ОБЈЕКТИ

 
Деновиве, во рамките на законските надлежности, истовремено во соработка со Државниот пазарен инспекторат и СВР Битола,  општина Битола презема низа активности во однос на контрола на угостителските објекти во градот. 
 
1.Општинскиот инспекторат од почетокот на работната недела на терен врши проверка на сите категоризирани објекти на физички лица што се под општинска надлежност дали ги исполнуваат минимално техничките услови согласно правилникот за минимално технички услови донесен од министерот за економија и дали ги поседуваат сите документи потребни за дејноста. Доколку им недостига одреден документ,  имаат даден рок за обезбедување, во спротивно, ако не ги обезбедат ќе бидат избришани од регистарот за вршење на угостителска дејност.
Според Законот за угостителска дејност, за физичките лица, општината е надлежна да издаде категоризација за конфекционирани угостителски услуги во наменски подвижни објекти, угостителски услуги за сместување и исхрана во куќи, угостителски услуги во апартмани и соби за одмор, угостителски услуги во селски домаќинства и угостителски услуги во пловни објекти.
 
2.Општинскиот инспекторат во соработка со Државниот пазарен инспекторат и СВР Битола вршат проверка на терен, дали ноќните клубови во Битола имаат важечки лиценци за работа и дали ги имаат сите елаборати кои што треба да ги поседуваат, вклучувајќи и елаборати за бучава, за противпожарна заштита, за животна средина итн.
 
3. До Владата и до Министерството за економија и труд, доставени се податоци по извршениот увид од страна на овластениот градежен инспектор на општина Битола, согласно деталните урбанистички планови на општина Битола, Генералниот урбанистички план на општината и податоците запишани во Агенцијата за катастар на недвижности, на правните субјекти со капацитет над 50 лица кои вршат угостителска дејност на територијата на општина Битола. На овој начин треба да се изврши проверка со вмрежување на податоците и соодветната издадена категоризација/лиценца, за правните субјекти кои вршат угостителска дејност на територијата на општина Битола. 
 
4. До Државниот пазарен инспекторат, Одделение за инспекциски надзор Битола, доставен е допис дека општина Битола достави известување до угостителските објекти на територијата на градот Битола, дека не постапиле согласно чл. 7 и чл. 25 од Законот за угостителска дејности. Од нив е побарано во рок од 3 дена да достават Лиценца/Дозвола за работа на објектот согласно Законот за угостителска дејности и работно време на објектот, согласно истиот закон. Од Одделението за инспекциски надзор Битола доставена е листа на објекти со која располага општината и побарано е да се изврши вмрежување на податоците преку заедничка координација.
 
5.Согледувајќи ги сите аспекти од законските регулативи, постојат одредени недоречености, односно неусогласености помеѓу Законот за угостителство во однос на Законот за градење и Законот за животна средина. Оттука,  општината испрати допис до наделжните институции во кој нагласи дека се потребни законски измени, пред се во регулативата со документите, кои што се пополнуваат за вршење на одредената угостителска дејност, како и во делот на надминување на недореченостите во законските одредби.
 
Во наредните денови, продолжуваат координираните активности на терен со надлежните инспекциски служби и СВР Битола.

Трски и стрниште попладнево гореа крај реката Црна и внатре каде е обраснато коритото, вдолж атарите на селата Брод и Гнеотино.  Пламените јазици брзо се проширија поради ветрот. Сега огнот е изгаснат, потврдува за АПЛА.мк  командирот на Противпожарната единица од Битола, Горан Димкоски. Интервенираа тројца пожарникари со едно возило. Фото Гоце Талевски

МУФТИСТВО НА ИВЗ БИТОЛА ИЗРАЗУВА СОЧУСТВО ДО СЕМЕЈСТВАТА НА ЖРТВИТЕ ВО КОЧАНИ

 
Муфтијата на Исламската Верска Заедница- Битола , изразува најдлабоко сочувство до семејствата на 59 граѓани кои ги загубија своите животи во Кочани.
Ова е голема трагедија за нивните семејства и за целата земја. Муфтиство на ИВЗ Битола се солидаризира со огромната болка и големата загуба на нивните семејства и општеството во целина, надевајќи се дека нема да има повеќе жртви.
Муфтиство на ИВЗ Битола поради недела на жалост ги откажува сите настани кои беа предвидени да се реализират ова недела,како и денешната Научна Трибина. 
Во исто време, на повредените им посакува брзо закрепнување.

Ве известуваме дека во текот на утрешниот ден 21.03.2025 (петок), поради  дефект на водоводната мрежа  (челична цевка Ф -  400), со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од ул."Кире Костадиновски", Горно Оризари, Крклино, Кукуречани, Драгожани, Могила, Будаково, Трап, Алинци, Добрушево и Далбеговци

Прекинот ќе трае од 10:00 часот до завршување со активностите околу санацијата на дефектот.

ДОСТОИНСТВЕНО, РАЗУМНО И ЗАЕДНИЧКИ КОН СЛЕДНИТЕ ЧЕКОРИ

 
Почитувани граѓани, 
 
Живееме во време, во кое што последиците од немилиот настан во Кочани, засекогаш, трајно и болно, ќе бидат врежани длабоко во сите нас, од најмлад до највозрасен. 
Во овие моменти, кога не обзема тагата, но и бесот дека пожарот можеше и да не се случи, треба да се внимава и да се постапува разумно. Овие моменти не смеат да бидат моменти на поделба, туку треба да не обединат, заеднички да делуваме во насока на спречување на вакви немили настани во иднина. 
Овој настан, секако отвори голем број прашања за нашата сигурност при престојот во јавните објекти, сеедно дали станува збор за настани во отворен или затворен простор. 
Како градоначалник, Ве уверувам дека се грижиме за безбедноста на нашите сограѓани. Постапуваме согласно законските одредби и општината, во рамките на својата надлежност, не издава било каква дозвола без претходно обезбедена соодветна документација. 
Согласно Законот за угостителска дејност, започнаа контроли на соодветните институции надлежни за издавање дозволи и лиценци, а на терен делува и битолскиот инспекторат. 
И во овие тешки денови на тага, остануваме доследни во нашите намери Битола да биде уште поубаво место за живеење, со заеднички сили и со доследно следење на законските одредби.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани