2win800x200

Анета Блажевска

Анета Блажевска

Изградбата на автопатот Прилеп – Битола напредува со силно темпо и се реализира согласно утврдената динамика, информира министерот за транспорт и врски Александар Николоски. Тој истакна дека проектот претставува еден од клучните инфраструктурни приоритети на државата и дека градежните активности се одвиваат без застој.

„Силен прогрес во изградбата на автопатот Прилеп – Битола. Продолжуваме по планот – автопатот ќе биде завршен до 2028 година. Македонија се гради со силно темпо“, порача Николоски, нагласувајќи дека овој инфраструктурен проект ќе ја подобри регионалната поврзаност и ќе донесе значајни економски придобивки за целиот Пелагониски регион.

Автопатот, кој ќе ги поврзе двата најголеми града во Пелагонија, ќе обезбеди побрз, побезбеден и поефикасен транспорт, а очекувањата се дека неговата изградба ќе поттикне инвестициски развој и мобилност на населението.

Министерството за транспорт и врски останува посветено на реализацијата на приоритетните патни коридори и на модернизацијата на државната инфраструктура, со цел создавање подобри услови за граѓаните и стопанството.

„Ја градиме Македонија“, порача министерот Николоски, најавувајќи дека темпото на изградба ќе продолжи и во наредните месеци.

Видеото може да го погледнете тука

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски објави дека вечерва е стабилна хидролошката состојбата на реките и каналите во Општина Битола.

-Екипите на јавните претпријатија и Водостопанство Битола и вечерва се на терен на сите локации. Состојбата е стабилна и под целосна контрола, без никаква опасност за месното население.

 
Во текот на целата вечер ќе дежураат екипи со соодветна механизација за навремена реакција доколку има потреба.
Продолжуваме со активно следење на ситуацијата.

Македонскиот културно-информативен центар во Софија годинава повторно е дел од европската поетска сцена на 10-то јубилејно издание на проектот „Европска поезија во вагоните и станиците на Софиското метро“, кое се реализира од 18 ноември до 15 декември 2025 година, велат од КИЦ во Софија. Овој проект, инициран од Полскиот институт во Софија и поддржан од културните центри на ЕУНИК, странските амбасади, Општина Софија и националните медиуми, се нагласува, ги спојува европските литературни традиции во едно живо ткаење.1000009328

1000009327

-И таму, меѓу сите тие гласови, Македонија стои исправена, препознаена, чуена, со својот јазик како штит, како дар, како белег на постоењето. Годинава нашата земја на предлог на Македонскиот културно-информативен центар во Софија е претставена со моќната кратка песна „Јазикот“ од Михајло Свидерски, дело што говори со таа непокорна и тивка сила што само малите, но горди народи умеат да ја носат. И токму тие стихови, гордо и јасно го одекнаа македонскиот јазик, јазикот што носи корен, историја, болка, љубов и непокор. Меѓу големите европски имиња – Хесе, Киплинг, Милош, Вретакос, Гимараеш, Стенеску, Метелус, стои и Михајло Свидерски, рамноправен, гласен, своеобразен. И така, во мозаикот на европските поетски традиции, македонскиот глас не се губи, напротив, се издига. Се издвојува. Се памети, информираат од КИЦ од Софија. 

Во Општина Битола се одржа координативен состанок на Кризниот штаб, со
кој претседаваше претседателот на Советот на општината, Бојан Бојкоски.
На состанокот беа присутни директорите на јавните претпријатија,
претставници од ЈП Стрежево, Водостопанство, ЦУК, ДЗС и СВР, како и
компании и градежни претпријатија кои, во рамките на својата општествена
одговорност, се ставени на располагање за навремено реагирање на терен.
Секој од учесниците презеде конкретни обврски за следење на состојбата,
со максимална подготвеност за интервенција со соодветна механизација. 585562858 873363548379861 2563861127657573219 n

  Како дел од превентивните мерки и со цел заштита од можни последици од
дождовите, се спроведува интервенција на пропустот на Ротинска Река на 
стариот пат за Цапари. Поради изведбата, овој дел од патот ќе биде
привремено затворен за сообраќај. 585703608 873363908379825 7806624318537222447 n

  Се интервенира и се следи состојбата во повеќе населени места и
локации: Карамани, Лажец, Лера, Меџитлија, браната Стрежево, Породин,
Долно Оризари и Жабени. Во тек се и превентивни активности на патот кон
хотелот Молика на Пелистер, над Детското одморалиште.

  Дежурните служби остануваат активни и работата на терен ќе продолжи
непречено во текот на денот и вечерните часови.
584964057 873363598379856 5627657194960814401 n
 
 

Во рамки на светските одбележувања за 150 години од раѓањето на Морис Равел, Europe House Bitola, заедно со Alliance Française – Битола, Institut Français – Скопје и Почесниот конзул на Франција во Битола, создаде концертно доживување што ги спои класичниот звук и современата електронска призма во една заедничка линија. 1000009294

Равел — механичкиот ум на постоењето, ум што мислеше во пулсови, структури и повторувања — одамна се смета за тивкиот татко на електронската музика. Во тој дух, преку минималистичка визуелна приказна и суптилно електронско преосмислување, публиката беше поканета да го „расплете“ неговиот свет од нов агол.
Ова е само почеток. Europe House Bitola ќе продолжи да создава формати што го истакнуваат талентот на нашите локални и исклучителни уметници, позиционирајќи го нивниот глас уште подалеку на европската културна мапа. 1000009276 1000009277 1000009282 1000009280 1000009281  1000009283 1000009284 1000009285

ЗАМЕНИК АМБАСАДОРОТ НУПНАУ И ГРАДОНАЧАЛНИКОТ КОЊАНОВСКИ РАЗГОВАРАА ЗА ЕУ ПОДДРШКАТА НА БИТОЛА 1000009271

 
Во рамките на посетата на Битола, заменик амбасадорот на Делегацијата на ЕУ Бен Нупнау оствари официјална средба со градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски. 
 
Двајцата соговорници разменија информации и мислења за европските проекти што во моментов се реализираат во општина Битола со поддршка на ЕУ преку различни програми. Посебен акцент беше ставен на тековните инвестиции, нивното значење за локалниот развој и потенцијалот за отворање нови можности за граѓаните. 
 
Разговорот се фокусираше и на продлабочувањето на соработката меѓу Европската Унија и општината, како и на заклучоците од Извештајот за напредокот на Македонија во процесот на евроинтеграции. Средбата заврши со заедничка оценка дека континуираната поддршка и партнерство се од клучно значење за успешното спроведување на реформските процеси и развојните иницијативи во Битола.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани