2win800x200

Анета Блажевска

Анета Блажевска

 Вториот јавен повик за поддршка на општините – 2025

 
 Во вкупна вредност од 13.868.138.877 денари, одобрени од страна на 6 ресорни министерства, финансирање добија 828 проекти од 80 општини.
Сите општини имаа еднаква шанса и третман за аплицирање и сите аплицираа согласно своите потреби и подготвена документација.
Општина со најмногу одобрени проекти – Битола со 65 проекти.
Општини со еден одобрен проект: Богданци, Новаци, Градско, Берово и Росоман.
 Сите 80 општини во државата имаат одобрени проекти за финансирање во рамки на овој јавен повик.
 Ова е уште еден чекор кон подобри услови за сите граѓани, без разлика каде живеат.
Министерството за локална самоуправа во периодот што следи преку директна поддршка и активни мерки ќе работи на зголемување на капацитетите на сите општини, онаму каде што им е најпотребно.

И З В Е С Т У В А Њ Е❗

                  
 
 Почитувани,
 
Ве известуваме дека, во текот на следните денови: 16.08. 2025 год. (сабота)  и 17.08. 2025 год. (недела),  поради работни активности околу новата водоводна мрежа на потегот с.Логоварди – с.Поешево (поставување на нови приклучоци) во прекин ќе биди водоснабдувањето за корисниците од овие  населени места. 
 
Прекинот ќе трае од 08:00 часот до завршувањето на активностите.
 

 Ве информираме дека поради овие активности ќе биди во прекин патниот правец во овие населени места
 
 

На 14.08.2025 околу 02:10 часот во СВР Битола било пријавено дека  на улица „Раштанска“ во Битола настанал пожар во паркирано патничко моторно возило „фиат добло“ со битолски регистарски ознаки, сопственост на З.М. (54) од Битола. Екипа на ТППЕ го изгаснала пожарот, а увид на местото на настанот е извршен од страна на ОКТУПА СВР Битола.

На 13.08.2025 околу 11:10 часот во Полициската станица Ресен е пријавено

дека на крстосница од магистрален пат Битола – Ресен, кај место викано
„Макази“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „хјундаи“ со
скопски регистарски ознаки, управувано од Ѓ.С.(74) од Скопје и патничко возило
„цитроен“ со охридски регистарски ознаки, управувано од М.К.(65) од Канада.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката од патничкото
возило „хјундаи“ С.З.(71) од Скопје, додека со телесни повреди се здобил
возачот Ѓ.С., констатирани во Клиничка болница Битола. Извршен бил увид од
увидна екипа од ОВР Ресен.

Едукативен центар "Мали Чекори" – проверена поддршка за учениците од прво до петто одделение, од неодамна на нова локација.  По четиригодишно успешно работење во рамките на детската градинка „Мали Чекори“, едукативниот центар од оваа учебна година продолжува да функционира како независна образовна установа на нова, пространа и функционално опремена локација, со цел понатамошен раст и унапредување на својата мисија – целосна поддршка за децата од прво до петто одделение во нивниот развој и образование.

 1000004296
Центарот е наменет за ученици во рана училишна возраст и нуди безбедна, структурирана и стимулирачка средина во која децата можат квалитетно да го поминат времето пред и по училиште, особено во часовите кога родителите се на работа. Станува збор за простор во кој се спојуваат грижата, едукацијата и воспитувањето, а сето тоа е поддржано од тим на професионалци со долгогодишно искуство во работа со деца.
 1000004295
Програма прилагодена на возраста и потребите на децата. 
 
Во рамките на дневните активности, децата добиваат:
 
Поддршка при извршување на домашните задачи
 
Индивидуален и групен пристап при совладување на наставниот материјал
 1000004294
Образовни активности по македонски јазик, математика, природни науки, општество и логичко размислување
 
Креативни работилници, уметнички израз, читање со разбирање и вежби за внимание и концентрација
 
Организирани паузи и слободни активности за одмор и рекреација
 
 1000004293
Дополнително, центарот обезбедува топол оброк и ужинки, во согласност со потребите на растечкиот организам, а дневниот распоред е внимателно структуриран така што децата имаат и време за учење, и време за одмор и игра.
 
Целосна грижа и безбедност
 
Грижата за безбедноста и благосостојбата на децата е поставена како највисок приоритет. Просторот е целосно прилагоден за деца во училишна возраст, со постојан надзор, јасно дефинирани дневни рутини и отворена комуникација со родителите. Секој ученик добива индивидуален пристап, а напредокот и потребите на децата се редовно следени и споделувани со семејството.
 
 1000004292
Пријавување и контакт
 
За сите заинтересирани родители, пријавувањето за новата учебна година е во тек, а бројот на места е ограничен поради одржување на оптимален капацитет и квалитет на работа. 
 1000004291
Центарот се наоѓа на ул. Методија Андонов Ченто бр. 22, а сите дополнителни информации може да се добијат на телефонскиот број 075 326 375,
 преку е-пошта Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите., или преку официјалната страница https://www.facebook.com/share/1BrtySqRt9/.
 
 

Поголема безбедност во сообраќајот кај обиколницата за учениците од ОУ „Коле Канински“ Битола, бараат родители пред почетокот на учебната година.

Ова барање особено се однесува на влезот во училиштето од страната на обиколницата која го заобиколува училиштето , а е дел од магистралниот пат А3 Битола -државна граница со Грција. 1000004276
Родителите велат дека на влезот на училиштето од страната на обиколницата треба да се постават смирувачи на сообраќајот, особено што на обиколницата сообраќаат поголема фреквенција на автомобили и тешки товарни возала.
„Бараме  од надлежните да помогнат околу безбедноста во сообраќајот на нашите деца на влезот на училиштето од страната на обиколницата, но и од другата страна кај Социјалното каде има голема фреквенција на возила. Безбедноста во сообраќајот да не остане само на пешачките премини и на семафорите“, реагираат родители до АПЛА.  1000004274
Од Општина Битола велат дека на оваа локација ќе постават вибрациони  ленти за забавување на сообраќајот или познато како звучни ленти, но и покрај тоа што е обиколница од магистрален пат на коловозот може да се постават и „легнати полицајци“, постапка за која е потребно подолго време заради спроведување на проект и целокупниот  процес на набавка.
 
Општина Битола од почетокот на оваа година инвестира 3.734.877 денари за поставување на смирувачи на сообраќајот на осум локации, вклучувајќи: вештачка издаденост – издигнат пешачки премин, гумирана вештачка испакнатина, флексибилни ретрорефлектирачки гумени столбчиња, како и сообраќајни знаци за: издаденост на патот, обележан пешачки премин, зона школо, знаци за завршеток на зона школо, како и знаци за зона во која е ограничена брзината и завршеток на зоната во која е ограничена брзината.
 
Сообраќајната сигнализација и смирувачите на сообраќајот, беа поставени пред основните училишта „Стив Наумов“, „Гоце Делчев“, „Климент Охридски“, „Тодор Ангелевски“, „Даме Груев“, „Трифун Пановски“, „Ѓорѓи Сугарев“ и кај средното општинско училиште „Таки Даскало“.
 
Минатата година, за првпат од страна на општината беа поставени смирувачи на сообраќајот на четири локации од двете страни на улицата „Булевар 1 Мај“, кај Државното средно музичко училиште, Гимназијата „Јосип Броз Тито“, Економското училиште „Јане Сандански“ и Основното училиште „Д-р Трифун Пановски“.
Со поставените смирувачи на сообраќајот на наведените локации, пред се, се става акцент на зголемена безбедност на учениците како најмлади учесници во сообраќајот, велат од Општина Битола.  Текст и фото Анета Блажевска

С О О П Ш Т Е Н И Е од Водовод Битола 

 
За рационално користење на водата за пиење
 
ЈКП Водовод Битола ги информира граѓаните за рационално користење на водата за пиење. Екипите на ЈКП Водовод –Битола покрај редовните теренски проверки и работни активности, ќе вршат контрола на водоснабдувањето и ќе интервенираат кај оние корисници кои енормно и бесправно ја користат водата за пиење, со цел непрекинато и квалитетно водоснабдување на корисниците.
 
Во овој период се планираат исклучувања на бесправно поврзаните корисници на водоводната мрежа. ЈКП Водовод Битола  апелира да не се користи питката вода за наводнување на поголеми површини, туку рационално да се користи за основните потреби.
Секоја злоупотреба за нерационално користење на водата и сите иматели на диви  приклучокци,  ќе сносат одговорност  и кон нив ќе биде покрената соодветна пријава.
Исто така ги информираме граѓаните кои живеат во висококатници да ги користат своите хидрофорски постројки.

СВР Битола известува за тешка сообраќајна незгода во битолско. На 12.08.2025 во 14:41 часот во СВР Битола било  пријавено дека на патот Битола - Граничен премин Меџитлија, патничко возило „форд“, управувано од 21-годишната А.С. од Република Албанија, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила нејзината сопатничка, Н.С.(47), додека со телесни повреди се здобиле А.С., сопатничката А.С.(44) и уште една 15-годишна девојка, сите од Република Албанија, констатирани во Клиничката болница Битола. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Битола.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани