2win800x200

Анета Блажевска

Анета Блажевска

Пред само неколку минути 50 учесници од 10 градови од Македонија, Црна Гора и Германија, кои се дел од настанот "Први На Први"  ја започнаа планинарската акција од локација на Инфоцентар за искачување на Врв Пелистер. Оваа година во организација на "Олимпус Монс"  со поддршка на Општина Битола како дел од Зимската приказна настанот се организира по 5ти пат. Целта е да се дочека првото изгрејсонце во Новата година од еден од најубавите природни видиковци на Балканот. 

 IMG 7b69e8649565f61c3cd899e9fb816ae8 V
-Станува збор за искусни планинари, добро познати имиња на пошироката јавност во Македонија и во регионот. Ќе имаме ведро небо, ниски температури, полна месечина и прекрасни погледи на со снег прекриената Баба Планина во текот на искачувањето. Во мое лично име и во име на сите учесници на цела Битола и Македонија Ви посакувам Среќна нова 2026", изјави за АПЛА, Иванчо Тошевски, организатор, претседател на планинарското здружение „Олимпус Монс“ и директор на НП Пелистер. IMG e22f1990904dd013ac5b5a7436c43496 V А. Блажевска 

КОЊАНОВСКИ: 53 РЕКОНСТРУКЦИИ НА УЛИЦИ И ПАТИШТА И НОВИ 6 ПАРКИНЗИ

 
На вчерашната седница на Советот на Општина Битола на која се носеше Буџетот за 2026 година, градоначалникот на Битола, Тони Коњановски информираше за проектите кои се во тек и кои ќе отпочнат во годината пред нас.
 
Тригодишната развојна програма со измените изнесува 1.845.013.734,00 денари. 
 
„53 реконструкции на коловози (улици и локални патишта ) во градот и во населените места на општина Битола, како и изградба на 6 паркинг простори. 
Нови паркинзи ќе има кај „Овчи Пазар“, кај „Ат пазар“, комплексот болници, на улицата „Браќа Џаферови“, позади зградата позната како „Кифлата“, на просторот кај местото викано кај „Хеликоптерот“.
 
Во делот на спортот и рекреацијата, се вбројува подготовката на проектна документација за мултифункционалниот спортски комплекс, изградба на атлетска патека и  борилиште на стадионот „Петар Милошевски“, тука се наоѓа и изработката на физибилити студија за изгрaдба на гондола, изградба на центар за спорт и рекреативни активности.
 
Во делот на јавното осветлување за улицата „Довлеџик“ преостанатиот дел од страната на влезот од Охрид, потоа улицата „8-ми септември“ влезот од страната на Прилеп. На улиците „Никола Тесла“, „11-ти март“ и „Панде Николов“, во АРМ четврт 1, улично осветлување кај комплекс болници и на уште пет други улици.
 
Со оваа развојна програма продолжува и изградбата на детска градинка во АРМ, како и доизградбата на противпожарната зграда, капитални проекти кои бараат подолг рок за реализација, но на кои сме целосно посветени, за што побрзо завршување.
 
Ќе работиме и на изградба и реконструкција на системи за одведување и прочистување на отпадни води на 25 локации, потоа изградба и реконструкција на систем за водоснабдување исто така на 25 локации.
 
Во делот на сообраќајната сигнализација ќе се реализира поставување на семафори на пешачките премини кај „Камен мост“ и „Епинал“ и поставување на хидраулични столбчиња во Старата чаршија. 
 
Во капиталните расходи за основното образование, продолжуваме со нашата визија за подобри услови за учениците, поради што претстои комплетирање на проектите: Реконструкција на објектот на спортската сала во Бистрица и изградба на три типски училишни спортски сали  во  ОУ „Стив Наумов“, подрачното училиште во Долно Оризари и во ОУ „Тодор Ангелевски“. 
 
На почетокот на следната календарска година ќе започне изградбата на 6 спортски игралишта во училиштата „Гоце Делчев“, „Даме Груев“, „Коле Канински“, училиштето во Раштани,  во „Гоце Делчев“ (поранешното турско училиште), во „Тодор Ангелевски“, како и реконструкцијата на 3 спортските игралишта во „Климент Охридски“, „Трифун Пановски“, „Ѓорги Сугарев“.
 
Секако, има уште многу проекти кои се во тек на реализација, како што се улици кои тековно се работат, но и капитални проекти од типот на новиот ГУП кој очекувам многу скоро да биде донесен“, информираше градоначалникот Коњановски.

УСВОЕН Е БУЏЕТОТ НА ОПШТИНА БИТОЛА ЗА 2026 ГОДИНА, објави претседателот на Советот Бојан Бојкоски. 

 
-Буџет што значи развој, еднаквост и иднина за сите граѓани во градот и во сите населени места.
 Програма за развојни планови: 12,8 милиони евра
Спорт: 92.835.000 денари инвестиција во младите, здравјето и шампионскиот дух
 Економски развој: 40.073.171 денари поддршка за нови идеи, бизниси и работни места
 Уредување на градежно земјиште: 44.846.000 денари уредени простори и планиран раст
 Комунални инсталации: 37.925.042 денари подобра инфраструктура и квалитет на живеење
Социјална заштита: 14.610.000 денари грижа за оние на кои им е најпотребна
 
- Ова не е само буџет во бројки ова е развоен буџет за сите граѓани, за секое населено место, за посилна и поубава Битола, објави Бојкоски. 

Битолскиот славеј со кадифен глас Сефедин Бајрамов најавува концерт насловен „Прстен за неа“ кој ќе се одржи на 12 февруари 2026 година во големата сала на Центарот за култура во Битола.

- Ни претставува особена чест и задоволство да го најавиме концертот на Сефедин Бајрамов со наслов „Прстен за неа“ кој ќе се одржи на 12 февруари 2026 година во големата сала на Центарот за култура во Битола..
Сефедин Бајрамов - битолскиот славеј со кадифен глас, во придружба на Камерниот оркестар на Битола, ќе ни подари серанади кои дишат со емоции, љубов, вино и убавини.
Центарот за култура - културното срце на Битола, Ви ги честита новогодишните празници и со желби за здравје, љубов и нови успеси Ви подготвува во новата година уметнички доживувања со врвен квалитет и вистински вредности, објави Центарот за култура Битола.
604882966 1288096023350594 5285488099331784166 n

Во годината што изминува, Europe House Битола ја потврди својата улога како отворена платформа за идеи, младинска енергија и културна размена во регионот. Преку низа внимателно курирани настани и јавни активности, просторот стана место каде што се сретнуваат различни генерации и интереси – од љубители на културата и современата уметност, до млади луѓе што бараат простор за учество, учење и создавање.

2025 беше година во која се движевме низ повеќе домени – млади, култура, образование, инклузија, спорт и активизам – со програми што комбинираа практични работилници, разговори и дебати, креативни формати, јавни проекции и теренски активности. Посебен акцент беше ставен на младинското учество и на формати што ја поттикнуваат критичката мисла, соработка и лична иницијатива, како и на содржини што ја прават европската приказна видлива и разбирлива во локален контекст.

Во текот на годината, Europe House Битола реализираше активности во партнерство со широк спектар на чинители – образовни и културни институции, локални организации, јавни институции и локалната самоуправа, како и преку соработка со конзулати и амбасади кои имаат присуство и активности поврзани со Битола. Оваа отвореност за соработка, заедно со довербата што се гради низ континуитет и квалитет, овозможи програмите да имаат реална публика и реален ефект – не само „настани“, туку заеднички доживувања што оставаат трага.

На прагот на новата 2026 година, Europe House Битола упатува искрена благодарност до сите партнери, соработници и посетители кои придонесоа кон успешната реализација на овие три години. Во новата година се гледаме со уште поинвентивни програми, подлабоки содржини и нови форми на учество – бидејќи Европа не е далечен концепт, туку жива приказна што секојдневно ја пишуваме заедно.

597936122 811196441960524 7349824599102567449 n

601862762 811196495293852 2848171632405482369 n

601970365 811196675293834 2802064086813829731 n

603830397 811196371960531 1665323053587641967 n

603901284 811196435293858 938248806856658485 n

604672139 811196738627161 8492057810835443840 n

604788621 811196601960508 493076607626408793 n

605258124 811196708627164 3629949911326583498 n

605575787 811196485293853 4553811793568292496 n

605796450 811196535293848 8616395840678718694 n

607274264 811196741960494 8467950132934625303 n

 

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани