2win800x200

Анета Блажевска

Анета Блажевска

ХРИСТОС СЕ РОДИ! ВИСТИНА СЕ РОДИ! ЧЕСТИТ БОЖИК!

 
Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски присуствуваше на Божиќната литургија која се одржа во Соборниот храм „Св.Великомаченик Димитриј“ во Битола.
 
На Божик се сеќаваме на Христовото раѓање. Го славиме Господа Исуса Христа. FB IMG 1767779851158
 
Како што тогаш се радувале пастирите, мудреците и сите луѓе, затоа што се родил Спасителот на светот, така и ние се радуваме секој Бадник и Божик, прославувајќи го Христовото раѓање. Тоа е празник на целото христијанско семејство.
 
За да имаме порадосни празници и поблагопријатни времиња можеме само доколку повеќе го градиме мирот помеѓу нас, единството и слогата, разбирањето и почитувањето, како и достоинството свое и на другите.
 
Посакувам овие празнични денови да ги поминеме во мир и разбирање, а секој дом да биде исполнет со семејна топлина и благосостојба. Нека ни е среќен големиот христијански празник Божик!
 
Хритос се роди!
Вистина се роди!

БАДНИКОВАТА ПОВОРКА ВО БИТОЛА ГО НАЈАВИ ХРИСТОВОТО РАЃАЊЕ

 
Бадник, ден пред Божик...денот кога ја чекаме радосната вест за Христовото раѓање...
Овој празник не потсетува на важноста на заедништвото, љубовта и споделувањето – вредности што нè обединуваат и нè прават посилни како заедница. 
 
Денес ја славиме традицијата, но и нашите семејни и духовни врски што ја одржуваат жива, искрата на празникот.
 
Традиционално и годинава во Битола се одржа Бадниковата поворка. Младите бадникари со своите најблиски од плоштадот „Магнолија“, го исполниот соборниот храм „Св. Великомаченик Димитриј“, а од таму низ Широк сокак пеејќи ја песната „Вечниот бог“ до Офицерскиот дом каде се наоѓаше големата пештара, а беа пречекани и од градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, кој им го честиташе Бадник и Божиќните празници, дарувајќи ги со Бадникови подароци.
 
„Вербата во Бога и традицијата се вредностите на кои почива нашето самобитие. Општина Битола и годинава покажа дека оваа традиција е блиска до народот, особено до најмилите и најмладите, кои од мали ги учат вредностите и тие ќе ги запазуваат и применуваат во иднина“, вели градоначалникот на Битола.
 
На младите бадникари-деца од различни возрасти во подготовката, односно изработката на бадниковите ѕвезди, деновиве им се приклучи и градоначалникот на Битола, Тони Коњановски.
 
Инаку ѕвездичките ја симболизираат Витлеемската ѕвезда која се појавила на небото кога се родил спасителот на светот и дека децата ја претставуваат ангелската војска која со песна ја најавува радосната вест.

Планинарот од Прилеп Милан Јаковоски кој вчера се изгуби на Пелистер, а потоа сам се симна во Ниже Поле објаснува низ што поминал на планина.  Почитувани пријатели, поради информациите кои се споделуваат денес со мене поврзани со планинарската тура на Пелистер еве неколку информации и од мене.

Турата започна како секоја зимска тура но во малку полоши и поекстремни услови.  Група планинари тргнавме од Инфоцентар по патека Широка или изгорениот дом Ловечка. По кратка пауза на Ловечка се упативме кон врвот. На местото Седло временските услови се влошија настана многу густа магла (скоро никаква видливост) и ветер од 120км на час.
Двајцата планинари кои одеа пред мене ги изгубив од видик и пробав сам да продолжам неможејќи да ги најдам маркациите останав околу 15 минути во место и тогаш одлучив телефонски да му се јавам на група планинари кој со ратрак се спуштаја од врвот. При телефонскиот разговор од силниот ветер телефонот ми одлета како лист од рака, се обидов да го стигнам, но не успеав. Во тој момент останав без никаква комуникација со останатите, а се одалечив од местото. По кратко рамислување во многу сурови временски услови решив да се вратам, но за жал не можев да видам никаква маркација бидејќи си ги гледав само моите гузерици и ништо подалеку. Знаејќи дека не можам долго да останам на едно место со Господ напред и мала претпоставка на ориентација кај сум,  почнав да се спуштам со цел да најдам било која патека до долу. Му благодарам на Господ што ме чуваше и на мојата добра физичка и психичка подготврност но и на соодветната опрема која ја носев безбедно се вратив во село Ниже Поле каде побарав телефон и ги информирав најпрво домашните, а потоа и сите останати дека сум добро. Сакам да се заблагодарам до сите екипи како: Национален Парк Пелистер, Спасувачката служба, останатите институции и пријателите како и човекот во селото од каде телефонирав што напорно во тие 3, 4 часа ме барале и се загрижиле по мојот живот. Ова е само уште една лекција за мене колку е голема и моќна планината и колку треба да се почитува. Поздрав, до следната слика од планина, пишува планинарот Милан Јаковоски инаку професор по географија во Прилеп.   Текст А. Блажевска

ИЗВЕСТУВАЊЕ од ЈП Паркинзи Битола

 
Почитувани корисници на услугите на затворениот паркинг кај спортската сала ,,Боро Чурлевски" Ве известуваме дека утре претпладне  5. 1.2026 г. (понеделник) паркингот ќе биде затворен за комерцијално работење. 
 
Ви благодариме на разбирањето и соработката 
 
Со почит
ЈППЈЛП БИТОЛА

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани