2win800x200

Анета Блажевска

Анета Блажевска

Битола - Како деца плачат сточари од пелагониското село Суводол раскажувајќи каков страв имаат од глутница кучиња скитници, повеќе од педесеттина на број, кои им ги напаѓаат стадата овци, пишува Анета Блажевска за Зелена берза zelenaberza.com.mk.

овца 1

фото Зелена берза

 

Кучињата се лоцирани околу дивата пелагонска депонија Мегленци, а во потрага по храна ги напаѓаат трлата. Според мештаните кучињата веќе делуваат како диви животни и засега никој не се обидува да го реши проблемот. Сточарите со петарди едвај ги бркаат од бачилата, но не успеваат секогаш. За жал лани само на двајца сточари им задавиле и до коски изеле 25 овци. Една овци чини над 200 евра, велат сточарите. Глутницата кучиња напаѓала и телиња од соседните сточари. Сточарите велат дека кучињата се движат низ поголем реон во Мариовско, до атарите на селата Орехово и од другата страна Арматуш, напаѓајќи и трла со овци и фарми со крави.

овца 4

фото Зелена берза

 

 

Менде Божиновски (65) сточар од Суводол за „Зелена берза“ раскажува дека вчера едвај се спасил самиот тој и стадото овци пукајќи педарди, откако глутницата кучиња повторно го нападнале стадото.

„Вчера едвај спасив жива глава и ги сочувава овците, кучињата над педесеттина на број замина кон копот на РЕК ‘Битола’ во потрга по плен“,сведочи сточарот Менде и плаче.

Лани кучињата задавиле 8 овци во трлото на Божиновски.

„Вчера ме нападна глутница кучиња, не се плашат ни од моите овчарски кучиња. Три пати ме нападнаа па се повлекуваа. Едвај куртулив. Чувам 100 овци на два километри од депонијата Мегленци во село Суводол. Куќата ми е на патот и постојано имам напади од глутницата кучиња. Порано со родителите чувавме 400 глави овци, ама сега со кучињата не знам што да правам дали да продолжам да одгледувам или да продадам се. Неиздржливо е“, изјави Божиновски за „Зелена берза“.

Сточарот Дејан Атанасовски (45) од Суводол вели дека од дваесет овци кои ги чувал со години, лани кон крајот на септември, кучињата скитници му задавиле и изеле дури 17 овци. Сега повторно купил овци за да не го затвора трлото, но штета е над 3.500 евра не може да ја надомести.

овца 5

фото Зелена берза

 

 

„Глетката беше ужасна дел од овците беа до коски изедени, само главата оставена. Жално е, ги чуваме овците како наши деца, тие требаше да дадат јагниња. Но, кучињата направија касапаана. Ги имам сите докази од давењето на овците, секаде пријавив никој не е надлежен да ми ја надомести штетата. Дојде полиција со вешти лица направија записник, ама чаре за кучињата не се најде. Живееме со страв“, вели Дејан Атанасовски за „Зелена берза“.

Општина Новаци засега нема начин како да го реши проблемот со кучињата скитници на дивата депонија Мегленци. Единствениот излезе од ситуацијата го гледа во изградба на новиот центар за управување со цврст отпад, што веќе се најавува за Пелагонија.

овца 2

фото Зелена берза

 

Градоначалникот на Општина Новаци, Стевче Стевановски вели дека на добра волја донесле одлука на Советот на Општина Новаци овие сточари да бидат обесштетени со по 20.000 денари. Тие како општина имале организиран третман на бездомни кучиња, за заловување и соодветно третирање, но проблемот со Мегленци засега не може да се надмине, зошто таму постојано се носат и се оставаат кучиња од други места.

„На ѓубриштето Мегленци има кучиња од секаде, ги носат и ги оставаат. Таму имаат пристап до храна, се размножуваат и веќе делуваат како диви животни организирани во глутници. Како општина не сме во можност да го надминеме проблемот, единстевниот начин е изградбата на центарот за управување со цврст отпад. Дури потоа се надевам дека ќе имаме успех во тој дел“, изјави Стевановски за „Зелена берза“.

 овца 3

фото Зелена берза 

Анета Блажевска за Зелена берза 

Василичарскиот карневал „Бабари“ во село Маловишта уште еднаш ја оживеа вековната традиција и култура, кои со децении се негуваат и се пренесуваат од колено на колено, од дедо на внук. Настанот привлече бројни посетители и љубители на автентичните влашки обичаи, кои имаа можност да сведочат на живо културно наследство што сè уште пулсира со силен дух. IMG 6ac73a8beebff4d5036c0f3dd1ad0835 V

Посебно внимание привлече учеството на најмладите василичари – Јована Гаговска, Давор Гаговски, Никола Василевски, Стефан Палигора, Ангел Батаља и Никола Грамосли, кои со гордост и ентузијазам беа дел од карневалската поворка. Нивното присуство е најсилна потврда дека традицијата има иднина и дека Маловишта успешно ја продолжува приказната стара со генерации. IMG 7799f7ba7ad9ed2a806f44179b53f6cd V
Со маски, обичаи и автентична атмосфера, карневалот „Бабари“ уште еднаш покажа дека не е само локален настан, туку значаен културен симбол кој ја обединува заедницата и го чува влашкиот  идентитет.

Националниот парк Галичица информира дека во репродуктивниот центар за елени од 2019 година кога имало околу 30 единки, денес популацијата е зголемена на над 200 елени.

Видеото со елените што го објави Паркот пред неколку дена предизвика голем интерес во јавноста и отвори многу прашања во врска со грижата, исхраната и безбедноста од ловџии.

Како одговор на прашањата, Паркот денеска објави фотографии од репродуктивниот центар и од секојдневната грижа што се вложува во него.

– Нашиот посветен ренџер Лазе, заедно со неговите помошници Јане и Кире, секојдневно се на терен – обезбедуваат храна и вода, вршат редовни контроли и се грижат за безбедноста и благосостојбата на елените – велат од Паркот Галичица.

Покрај постојаното присуство на ренџерската служба, центарот е опремен и со видео-надзор камери, кои овозможуваат дополнителна, непосредна заштита и навремена реакција.

Репродуктивниот центар е отворен во 2019 година со цел активно управување со високопланинските пасишта, заштита и обновување на популацијата на елени и долгорочно зачувување на биолошката разновидност во паркот.

615523198 1186825053617380 5872606026061513623 n

Владата го усвои Годишниот план за имплементација на праведната транзиција за 2026 година, со што се продолжува со системско спроведување на процесот на праведна енергетска и економска трансформација во земјата. 

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани