
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Излезност до 15 часот во Општина Битола од обработени 127 избирачки места е 30,90%.
Излезноста на гласачите до 13 часот изнесува 21,63 проценти од гласачите. За разлика од излезноста на гласачите до 11 часот, досега е повеќе од двојно зголемена. Право на глас во Битола имаат над 77 илјади гласачи. Засега не се забележани проблеми во процесот на гласање.
Излезноста на гласачите во Битола до 11 часот изнесува 10,66 проценти. Во Општина Битола право на глас имаат 77.253 граѓани, се гласа на 170 избирачки места. До 9 часот излезноста беше 3,38 проценти
Излезноста на гласачите на денешното гласање за локалните избори во Битола до 9 часот е 3,38 проценти од бројот на запишани гласачи со право на глас.
Во Битола право на глас имаат 77.253 гласачи. Сите 170 избирачки места во Општина Битола се навремено отворени
Министерството за внатрешни работи за време на Локалните избори континуирано презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес.
-Согласно направените проценки и воспоставените планови на денот на изборите полициските службеници ќе бидат присутни во близина на локациите на избирачките места, како и на клучните сообраќајни точки, со цел зголемена ефикасност и навремено откривање на можни нарушувања на јавниот ред и мир. Безбедноста на граѓаните ќе биде гарантирана со стандардните материјално технички средства, мобилни тимови и пунктовско работење, а ќе се користи и современа технологија – дронови за воздушна контрола со цел побрза реакција и преземање на соодветни мерки и активности во случај на инциденти, соопшти МВР.
МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера, да ги почитуваат упатствата на полициските службеници и да се воздржат од било какви активности кои би можеле да го нарушат изборниот процес.
Полицијата ќе ги обезбедува гласачките места непрекинато почнувајќи од 6:00 часот до 19:00 часот за времетраењето на гласањето, по затворањето на гласачкото место и за време на сумирањето на резултатите и ќе ги отстранува сите неовластени лица од објектот.
Полицијата го обезбедува избирачкиот одбор до предавање на записникот и изборниот материјал на општинската изборна комисија, односно Изборната комисија на градот Скопје.
Избирачкиот одбор ќе се грижи за одржување на редот и мирот на гласачкото место и може да го отстрани секое лице кое го нарушува редот и мирот на гласачкото место. Членовите на одборот можат да побараат помош од полицијата за воспоставување ред на гласачкото место.
Претседателот или заменикот на претседателот на избирачкиот одбор може да ја повика полицијата во просторијата каде што се гласа доколку има потреба од тоа. Во објектот и просторијата каде што се изведува гласањето и во нејзина близина, избирачкиот одбор во соработка со полицијата е должен да ги отстрани пропагандните материјали.
Полицијата по барање на претседателот или заменикот на претседателот на избирачкиот одбор е должна да ги отстрани неовластено присутните лица во објектот и просторијата за гласање, како и неовластено присутните лица од објектот каде што се изведува гласањето во радиус од 100 метри.
Избирачкиот одбор може да го прекине гласањето, ако на гласачкото место се наруши редот, сè додека тој не се воспостави. Гласањето може да се прекине и во случај на временски непогоди или други вонредни околности. Избирачкиот одбор ќе го прекине гласањето ако приодот до гласачкото место не го обезбедува полиција, а за тоа имало потреба или ако таа е повикана и не се одѕвала на повикот. Ако гласањето е прекинато подолго од еден час, гласањето ќе продолжи за онолку време колку што траел прекинот, но не подолго од три часа. Причините за прекинот на гласањето и времето за кое гласањето се прекинало се внесуваат во записникот на избирачкиот одбор.
На овие избори полицијата постојано ќе го обезбедува исто така доверливиот избирачки материјал.
МИА
Во 7 часот сите 170 избирачки места во Општина Битола се навремено отворени.
Во Битола право на глас имаат 77.253 гласачи.
Како што е познато на овие локални избори во Битола конкурираа 8 кандидати за градоначалник и 16 листи со кандидати за членови на Советот на Општина Битола.
Во Општина Битола во споредба со локалните избори од 2021, на денешните избори бројот на гласачи е намален за 3629 граѓани со право на глас.
Во Македонија денеска се одржуваат осми Локални избори, а четврти на кои избираат градоначалници и советнички листи во 80 општини и Градот Скопје.
Во Избирачкиот список се запишани 1 832 415 избирачи кои треба да гласаат на 3474 избирачки места во земјата за 309 кандидати за градоначалници и 576 кандидатски листи за членови на општинските совети или за вкупно 10 490 кандидати.
На изборите учествуваат 22 партии, 19 коалиции и 119 групи на избирачи односно независни кандидатури.
Најмногу кандидати за градоначалници има за Градот Скопје - 16.
Изборите ќе ги набљудуваат 1.451 набљудувач - 807 домашни и 644 меѓународни набљудувачи.
Гласањето започна во 7 часот, а завршува во 19:00 часот.
На 92 годишна возраст почина професорот Александар Стерјовски хроничарот на Битола. Неговото тело ќе биде изложено в понеделник во храмот Св. Димитрија во Битола, а погребот ќе се изврши на Буковски гробишта. Стерјовски беше најисцрпниот хроничар на Битола. На литературен македонски јазик можеше да зборува за историјата на градот со часови. Книжевност студирал во 1953 година, осум години по кодификацијата на македонскиот стандарден јазик. Ја имал ретката привилегија да му предаваат најзначајните фигури за македонскиот јазик во 20 век, академик Блаже Конески, Харалампие Поленаковиќ, еден од основоположниците на историјата на македонската книжевност. Стерјовски зад себе остави голем број на авторски книги, а дел од книжевниот фонд што го поседуваше годинава го донира во Битолската универзитетска библиотека
Општинската организација на ЛДП ја завршува оваа кампања за локалните избори и е задоволна од приемот на граѓаните на нашите пораки, изјави во завршното обраќање до битолчани кандидатот за советник и носител на листата, Димитар Кузмнаовски . -Понудивме десетина наши заложби, понудивме исклучително квалитетна листа и во недела очекуваме одличен резултат. ЛДП потсети и на некои работи кои ги правевме во минатото, но понудивме и нови лица, луѓе кои не извршувале функции, кои се докажани во своите области и сакаат да дадат свој допринос во развојот на Битола. Заокружувајќи го бројот 1, добивате сигурна опција во Советот на општина Битола, добивате луѓе кои не се шарлатани и не се за циркус во Советот, туку за вистински придонес. Добивате опција која нема да биди два дена опозиција, три дена власт, опција која нема да се плаши да преземе одговорност на најтешките места, и опција која е спремна да понуди решенија заградските проблеми. Единицата значи сигурност, традиција, резултати, иднина, извесност, знаење, Битола, Пелистер, ракомет, фудбал, кошарка, велосипеди, зелен и хуман град, тартан патеки, нов стационар, силни јавни претпријатија. Битола заслужува Резултати, а не изговори, наведе Кузмановски.
