
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Сопственикот на „Марковски компани“ и почесен конзул на Белорусија, Борче Марковски е пуштен од притвор, дознава Телма. Неофицијално гаранцијата која што ја дал дека нема да бега е речиси 5 милиони евра во недвижен имот куќа со двор во Битола и три стана исто така во Битола, сопственост на „Марковски компани“, како движен имот и тоа возила – 25 булдожери и камиони, сопственост на „Марковски компани“.
Одлуката ја донел Основниот суд во Битола иако претходно битолското обвинителство се изјаснило негативно по неговото барање. Судот донел одлука за мерки на претпазливост, односно еднаш неделно да се јавува во судот и на Марковски привремено му е одземен пасошот. Од обвинителството за Телма ја потврдуваат информацијата и велат дека дале и приговор во однос на надлежноста на Кривичниот совет од битолскиот суд, бидејќи сметале дека Апелација треба да одлучува. Линк од текстот https://telma.com.mk/
Патот кој води до ски стазата на Копанки е исчистен од снегот.
- До овој момент имаме нови 10cm снежна покривка на Пелистер на 1400мнв. Ова е одлична можност за најмладите да направат почетнички чекори за совладување на техниката за скиење. Благодарение на добрата координираност помеѓу Македонија пат и зимската служба на општина Битола, асфалтниот пат кој поминува низ НП Пелистер и води до хотелот Молика е прооден за патнички моторни возила, изјави за АПЛА, Иванчо Тошевски директор на НП Пелистер Битола. 
УТРОВО АКТИВИРАНА ЗИМСКАТА СЛУЖБА-СЕ ЧИСТАТ УЛИЦИ
ЕКИПИ НА „КОМУНАЛЕЦ“ ГИ РАСЧИСТУВААТ ПРИСТАПНИТЕ ПАТЕКИ
