2win800x200

Анета Блажевска

Анета Блажевска

Генералниот секретар на СДСМ, битолчанецот  Александар Кирацовски, присуствуваше на 66-от молитвен појадок во Вашингтон кој беше организиран од претседателот на САД, Доналд Трамп.

Битолчани  ќе може да чуваат повеќе од две кучиња во едно домаќинство. Уставниот суд, по иницијативата поднесена од Здружението за заштита на животните „Анима мунди“, го укина членот 106 од Одлуката за комунален ред на Општина Битола, донесена од Советот  во 2012 година, со која беше предвидено во едно семејно домаќинство да може да се чуваат до две кучиња. 

Од Општината соопштија дека за ист случај за легализација на дивоградба, во изминатите години една општинска служба го завршувала процесот и се чекал уште потписот на градоначалникот, а друга констатирала дека објектот бил бесправно изграден подоцна од законскиот термин, поточно по 2011 година. 

Со цел поголема безбедност во сообраќајот, од Општина Битола  рамислуваат во иднина да се подигнат странични ѕидови на обиколницата  во делот што минува низ дивата ромска населба.  Во тој дел магистралниот пат е претворен во депонија со расфрлен  и запален смет.

Ноќеска еден час по полноќ, засега непознати сторители, го запалија автомобилот  на прилепскиот новинар Зоран Милошески од порталот Публикум. Возилото било паркирано во гаража, но тоа не било пречка насилниците да си ја остварат целта. Автомобилот  е целосно уништен, а счучајот е пријавен во полиција.

Генералниот секретар на СДСМ, битолчанецот Александар Кирацовски, како пратеник е составен дел од македонската делегација која престојува во САД, а ќе има можност да присуствува и на Молитвениот појадок во Вашингтон каде се очекува да биде и претседателот на САД, Доналд Трамп.

Врнежите од снег вечерва предизвикаа проблеми во сообраќајот на некои патни правци, посебно на планиските превои.

Обиколницата над  Битола, која е дел од магистралниот пат Охрид-Битола-Прилеп и натаму не е во функција поради  ново свлечиште, кое се појави, додека се санираше стариот одрон од ридот. Иако беше најавено дека привремено решение ќе биде поставување на семафори, со кои сообраќајот би се одвивал  наизменично, по една коловозна лента, со цел тешките товарни возила да не транзитираат низ градот и доплнително да го загадуваат воздухот, сепак, ваквото решение со појавата на новото свлечиште не можеше да се реализра. Од   јавното претпријатие за државни патишта, велат  дека заради безбедност на возачите и минувачите, полицијата и изведувачот одлучиле обиколницата да не се отвора за сообраќај.

На 6 февруари 1945 година во битолската Гимназија, за прв пат во едно македонското средно училиште се одржа наставен час на современ македонски јазик. Овој датум е неизбришлив и длабоко врежан во поновата историја на македонскиот народ. Од наредниот ден, на македонски, почна да се предава и во другите тогашни средни училишта.

„Србија никогаш не се мешала во односите меѓу Македонија и Грција. Ние ќе го почитуваме сето она за што ќе се договорат во тој поглед. Република Србија ѝ сака секое добро на Македонија како на наш непосреден сосед, наш традицонален пријател и тука работиме и се трудиме нашата соработка да биде подобра. Искрено се надеваме дека  и тоа прашање Македонија заедно со Грција ќе успее да го реши и целиот регион да се сврти напред, имаме сега историска шанса од ЕУ за Западен Балкан, ни отвори можност сите со своите напори да го оставриме она што е стратешка цел на секоја земја на Балканот, а тоа е членство во Европската Унија“, рече амбасадорката   

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани