2win800x200

Анета Блажевска

Анета Блажевска

Белградскиот мецосопран Ана Синицки деновиве со родителите ја посети Битола, градот од каде потекнува нејзиното семејство. Мајка ѝ е битолчанка, а татко ѝ има руско потекло, но и тој живеел во Битола.

Иако Ана е родена во Белград, а досега живеела во Србија, Италија и САД,  таа вели дека во срцето се чувствува како битолчанка.

Националната установа Универзитетска библиотека „Св.Климент Охридски“ – Битола во соработка со  ОУ „Даме Груев“ – Битола денеска го одбележа Меѓународниот ден на мајчиниот јазик.

Возач од Битола со иницијали П.Ц. во текот на вчерашниот ден бил пронајден починат на царинскиот терминал на Табановце, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.

Лицето на засега непозната возраст од вчера бил на терминалот во Куманово за да ги среди документите и обврските за камионот во кој што останал да преноќи. Во текот на утринските часови, околу 07:20 часот бил пронајден мртов.

Се интензивираат судските рочишта за екс градоначалникот на Битола Владимир Талески.

Оваа недела Талески има две судски рочишта за два одделни предмети, едниот во битолскиот суд, а другиот во Скопје.

 Денеска во Кривичниот суд закажано е судења за предметот „Транспортер“ на Специјалното јавно обвинителство.

Во „Транспортер“ обвинети се поранешниот битолскиот градоначалник Талески и уште 20-тина лица за злоупотреба на службената положба во врска со организирањето превоз на ученици во Битола, со што е направена проневера на околу 360.000 евра.

Минатото рочиште беше одложено, а судијката Добрила Кацарска како причина, образложи дека е тоа што се уште не е добиен одговор за поднесена жалба од Апелацискиот суд. Од истата причина беше одложено и рочиштето пред тоа. .

Во понеделникот во  Основниот суд во Битола, пак , повторно беше одложено судењето на екс градоначалникот на Битола Талески, обвинет за несовесно работење во службата, односно за недоволна грижа за Офицерскиот дом, објект под заштита, кој во изминатите години се руинира.

Адвокатот на Талески за медиумите изјави „Мојот клиент е животно заинтересиран оваа постапка да започне и заврши што поскоро за да ја докаже својата невиност”.

Дел советници од битолскиот Совет со наводно оправдување дека се на комисија  која  заседава за потребите на Советот , често отсустувале од работа, реагираат до редакцијата на  Апла.мк група битолчани. Како што е наведено, реакцијата се однесува на дел од советниците кои работат во некои од државните и општинските институции.

 

Оваа година Националната установа Универзитетска библиотека „Св.Климент Охридски“ – Битола во соработка со  ОУ „Даме Груев“ – Битола го одбележуваат Меѓународниот ден на мајчиниот јазик.

Утре со почеток во 12 часот во просториите на Националната установа универзитетска библиотека „Св.Климент Охридски“ во Битола во соработка со  Основното училиште „Даме Груев“ од Битола ќе се одбележи Меѓународниот ден на мајчиниот јазик.

Колку пари во изминатите години се одлеале од РЕК Битола во надворешни фирми за ископ на јаглен во комбинатот, од ВМРО-ДПМНЕ немаа одговор на денешната прес конференција, на која обвинија дека владеачката СДСМ, склучила милионски договор за ископ на јаглен во РЕК Битола во 4 очи, иако,  како што велат тие имале проект за набавка на рударска опрема со која комбинатот немаше да биде зависен од надворешни фирми.

Во завршна фаза е тендерската документација за купување на сопствена механизација за ископ на јаглен во РЕК Битола со што ќе се елиминира или ќе се сведе на минимум ангажирањето на надворешни фирми, соопштија од  ЕЛЕМ.

Според направената физибилити студија од страна на Секторот за развој и инвестици во РЕК Битола, за целосна набавка на сопствена опрема ќе бидат потребни 64,5 милиони ера. Во првата фаза, сумата за набавка ќе биде 24 милиони евра и тендерот се очекува да биде распишан до крајот на февруари.

- Како што јавноста веќе е запозната, тендерот за купување механизација кој претходното раководство на АД ЕЛЕМ го распиша пред неговото разрешување, беше запрен по насока на новата Влада на Р.Македонија, поради потреба од повторна проценка на потребите кои беа наведени во документацијата за тоа што е планирано да се купи и во која количина, како и условите според кои понудувачите можат да учествуваат на тендерот. Целта на новата проценка, меѓу другото е и да се даде можност да учествуваат што повеќе фирми и да има поголема конкуренција на тендерот, односно да се елиминираат можностите за фаворизирање одредени понудувачи, се вели во соопштението.

Инаку, по повлекувањето на компанијата „Трансмет“ од договорот за ископ на јаглен, на 2 февруари е распишан нов тендер, а до изборот на новата компанија, ископот ќе го врши фирмата „Пелистер“ со која е склучен привремен договор.

„За да се покрие периодот од три месеци до избор на нова фирма кој ќе се изврши преку јавна е-аукција, склучен е привремен договор за ископ согласно Законот за јавните набавки кој предува услови од крајна итност , за да може да продолжи производството на електрична енергија во РЕК Битола“, се појаснува во соопштението.

За привремениот договор понуди доставиле пет компании и првичната цена изнесувала 100 денари за гигаџул, а последната понудена цена, на која и бил склучен договорот со фирмата „Пелистер” изнесувала 87,80 денари за гигаџул. 

Голем дел од ридот над Битола се руши, паѓа и во вакви услови е опасно да се пушти во употреба обиколницата, рече Валентин Груевски, претседател на Советот на Општина Битола на денешната седница на која се дискутираше за безбедноста во сообраќајот.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани