
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
„Да ѝ кажеме на таа проста Европа, никаква, дека ние сме еретици и варвари, но не во негативна смисла. Ние сме тие и нема да се смениме ако не сакате земете нѐ , ако не на двобој“, порача битолскиот актер Огнен Дранговски на денешната прес конференција по повод новата премиера на Народниот театар „Коцкар“ по текст на Достоевски, а во режија на Дејан Пројковски.
„Истовремено посетата ќе ја искористам за разговор со менаџерскиот тим, со стручниот колегиум и медицинските сестри за тоа како можеме да пристапиме кон подобрување на условите за работа со цел пацинетите да добиваат подобра и поадекватна услога. Свесни сме сите дека во последните години имавме езгодус на доктори и медицински сестри во Битола. Како министерство имаме намера да го вратиме сјајот на болницата, да вработиме доста доктори и медицински персонал, па граѓаните да не одат по здравствени услуги надвор од градот.
Министерството за култура и одобрило 2 милиони денари на Општина Битола за битолското културно лето „Битфест“ -2018. Во годинешната програма за култура под ставката -интердисциплинарни проекти, стои дека општината побарала 4 милиони денари од Министерството за култура за оваа манифестација, но таа сума е преполовена.
Прашањето е дали градоначалничката Наташа Петровска годинава ќе го задржи истото име на манифестација „Битфест “чии кум беше екс градоначалникот Владимир Талески во 2005 година.
Започна монтирањето на акцелераторот во Клиничката болница во Битола со што за многу скоро време, за месец до два пациентите од канцер ќе добиваат зрачна терапија.
Денес во Битола се одржува Државното првенство во футсал во спортската сала на ОСМУ „Д-р Јован Калаузи“ . Домаќин е основното училиште „Коле Канински“ од Битола, а учествуваат најдобрите четири машки екипи во мал фудбал од Битола, Прилеп, Скопје и Радовиш.
Претставата „Коцкар“ од Ф. М. Достоевски во режија на Дејан Пројковски е најновата премиера на ансамблот на НУ Народен театар-Битола. Таа ќе биде изведена викендов како првата премиерна претстава во новата година. Во неа се ангажирани 14 актери, а главните улоги ги толкуваат актерите Огнен Дранговски и Илина Чоревска.
Најголемиот и најпосетениот музеј во светот, Лувр во Франција, потоа Музејот на Ван Гог во Амстердам и Ријкс Музејот каде се наоѓаат дела од Рембрант, исто така во Амстердам, Холандија, добија подобри оценки од едни од светски познатите трговски брендови како „Ролекс“, „Лего“ и „Канон“.
Националната установа Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Битола и средното општинско училиште “Таки Даскалов“ – Битола, денеска во просториите на библиотеката го одбележаа Меѓународениот ден на подарување на книга, Денот на вљубените и православниот празник „Св.Трифун“ со рецитирање на поетски творби од македонската љубовна лирика.
Годинава продолжуваат систематските археолошки ископувања во Хераклеја Линкестис. Според годишната програма што ја објави Министерството за култура, ќе продолжат систематските археолошки ископувања на Базиликата Е, кои ќе бидат поддржани за 200 000 денари. Уште толку пари Министерството ќе издвои за ископувања во театарскиот плоштад. Ископувањата ќе бидат изведени под надзор на експерти од страна на битолскиот Завод и музеј.
Екс градоначалникот на Могила, Стево Пивковски, за апла.мк , изјави дека она што го објавува Јасмина Гулевска, актуелната градоначалничка на Могила е чиста небулоза.Гулевска вчера обвини дека Пивковски за сметки по кафеани во изминатите 5 години потрошил над 52 илјади евра од буџетот на општината.
-Гулевска беше советник во предходниот состав на Општина Могила 4 и пол години и точно знае кој јадел и кој пиел, кој реално ги трошел тие пари. Ја прашувам со кои камења фрла по мене?
