
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
(Во спомен на докторот чие име денес го носи Здравствениот дом во Битола)
Битолскиот Здравствен дом од денеска и официјлано го носи името на познатиот еврејски лекар и голем хуманист, Хаим Абреванел, коијживеел и работел во Битола до 1963 година. Абреванел бил и првиот раководител на интерното одделение во битолската болница.
Министерството за здравство, Амбасадата на државата Израел и општина Битола, со свечена церемонија го промовираа именувањето на ЈЗУ Здравствен Дом-Битола во ЈЗУ „Д-р Хаим Абраванел“-Битола.
На промотивниот настан во Битола, израелскиот амбасадор Дан Оријан изрази задоволство од додегашната соработка и најави дека оваа соработка ќе се продлабочиува во иднина.
- За нас, за државата Израел, именувањето на здравствениот дом во Битола со името на д-р Хаим Абраванел е посебно важно., затоа што покажува дека вие се грижите за заедничкото минато, а ние сме тука да ви покажеме дека се грижиме и за вашата сегашност и за вашата иднина. Се обидуваме да поврземе повеќе работи и затоа денес во Битола доведовме претставници на две компании од Израел. Едната се занимава со соларна енергија, а другата од сферата на земјоделството. Во Битола имаме повеќе интересни проекти, а денешниот го реализираме во соработка со Министерството за здравств, истакна амбасадорот Оријан.

Според заменик министерот за здравство Гоце Чакаровски, владината одлука е потврда за досегашната и најава за идна меѓувладина и посебно соработка во сферата на здравството.
- Соработката меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Израел продолжува. Се надевам дека ќе ги користиме искуствата на колегите од Израел и дека директно ќе придонесат за развојот на здравството во нашата држава и градот Битола, бидејќи битолчани тесно се поврзани со израелската држава, посочи Чакаровски.
Општина Битола освен јавна поддршка на одлуката, најави и отворање простор за други видови соработка.
- Овој настан е можност да искажеме благодарност некому кој што се вложил во нашиот град. Денешниот настан е потврда на космополитизмот на нашиот град, но и потврда дека денешните генерации го сочувале чувството за почит и за градење вистински вредности. Длабоко сум убедена дека ова е само почеток на уште подлабока соработка со државата Израел и на мостови кои што ќе ги градиме во иднина, нагласи градоначалникот на општина Битола Наташа Петровска.
Директорката на Здравствениот дом во Битола, Весна Спирковска, рече дека посебно е значајно што преименувањето се случува во јубилејна година од основањето на оваа здрвасвена установа.
-Во 1948 започна изградбата на здравствениот дом на местото каде некогаш било еврејското маало. Поврзаноста меѓу евреискиот народ и Битола е многу голема, а во нашиот двор се поставени два споменици од посебно значење за израелскиот народ- споменикот на Холокаустот и споменикот на народниот херој Естреја Овадиа Мара. На досегашните преговри и средби со израелскиот амбасадор Дан Ориен, се најавува добра соработка за развој на здравствениот дом, имавме понуди за доаѓање на нивни медицнски кадри кои би ги едуцирале нашите кадри, или пак наши тврабоници да одат на едукација во Израел, посочи Спирковска.
На чинот на именувањето на ЈЗУ Здравствен Дом-Битола во „Д-р Хаим Абраванел“ присуствуваше и внуката на Абраванел, д-р Рахел Шели Леви Друмер, која истакна дека според еврејскиот календар точно на денешен ден пред 75 години во Битола беше извршена депортацијата на Евреите од овој град и прочита молитва
-Возбудена сум што оваа установа го носи името на дедо ми, кој работеше како лекар од 1946 до 1963 година, кога моите родители починаа во земјотресот во Скопје по што заминавме за Израел. Дедо ми би бил многу горд на ова што се случува сега, изјави внуката на д-р Абреванел, Рахел Шели Леви Друмер.

Одлуката за именување на ЈЗУ Здравствен Дом-Битола во „Д-р Хаим Абраванел“ ја донесе Владата на Република Македонија во месец март 2017 година.
Пред Здравствениот Дом-Битола поставена е нова информативна табла, како и информативно пано со кус историјат за делото и дејноста на д-р Хаим Абраванел чиј живот згаснал во израелскиот град Бат Јам во 1984 година.
Кои се најзагадените населби во Битола, кои се причините за аерозагадувањето? Какви адаптирани мерки се предлагаат за намалување на аерозагадувањето во Битола,ова се само дел од темите кои јавно ќе бидат презентирани пред битолчани после имплементацијата на активностите на Регионалното географско друштво ГЕОСФЕРА - Битола, во рамките на проектот „Сликај, постирај, алармирај“ поддржан од Цивика мобилитас. Настанот „РАЗБУДЕТЕ ЈА ЕКО-СВЕСТА ВО СЕБЕ“ е закажан за 24 февруари во хотел Театар, Битола, со почеток во 12 часот, на кој ќе се изврши презентација на резултатите од мониторирањето на аерозагадувањето во Битола.
Екс градоначалникот Владимир Талески денеска насмеан стигна во Основиот суд во Битола на судењето за негрижа на Офицерскиот дом во Битола.Одбраната на Талески по втор пат побара одлагање на главното рочиште.
-Мојот клиент е животно заинтересиран оваа постапка да започне и заврши што поскоро за да ја докаже својата невиност, рече адвокатот на Талески, Драги Пажик по одлагањето на судењето.
Не е потребен коментар за овие фотографии напаравени денеска во ски центарот Ниже Поле, тие се уште една потврда за нашата (не)култура и недостигот на елементарни хигиенски навики, но зборуваат и за нашиот однос кон животната околина.
ВМРО-ДПМНЕ шири лажни вести, а ископот на јаглен е за 40 отсто поевтин од периодот кога ВМРО-ДПМНЕ раководеше со ЕЛЕМ и РЕК Битола, реагира Социјалдемократскиот сојуз, по обвинувањата упатени на негова адреса дека платил двојно повисоки цени за ископ на јаглен за РЕК Битола.
„ВМРО-ДПМНЕ, партијата чиешто владеење ќе остане запаметено по расипништво и милионски криминални тендери, очајно продолжува да шири лажни вести.
Млада битолчанка по пресметката со таткото и братот, ги нападнала и полицајците кои дошле да интервенираат за семејно насилство. Тројца членови на битолско семејство, Т.Т., Р.Т. и С.Т. синоќа биле лишени од слобода по физичка пресметка, додека 33- годишната М.Т. и тројца полицајци се пренесени во Клиничка болница Битола.
Полициски инспектори по стопански криминал во три наврати влегле во ЈП „Нискоградба“ од Битола, прибирајќи документи и информации за евентуален криминал или злоупотреба на законите и постапките за јавни набавки и завршната сметка на ова претпријатие, дознава апла.мк од извори од претпријатието .
Наши анонимни извори велат дека инспекторите ја чешлаат службената документација во неколку наврати, а последен пат биле вчера.
Нови работни места за битолчани во турска инвестиција за производство на машини за чистење на улици, најавува Александар Кирацовски, генералниот секретар на СДСМ, во изјава за апла.мк.
