
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Битола е важен град за Русите зашто оттука започнала руската дипломатија на Балканот, рече рускиот амбасадор Олег Шчербак при денешната посета на Општина Битола.
Крадец синоќа околу 21 и 30 часот бил фатен на лице место како ги празни касите со пари во црквата „Св. Богородица“ во Битола. Само што ги искршил стаклата од вратата и влегол внатре да оперира по дојава во обезбедувањето „Карпатија“, кадецот бил фатен со неколку десетици илјади денари во рацете и се уште се обидувал да ги собере и металните монети што верниците ги оставаат на иконите.
Животот на руските имигранти во Македонија и дејноста на руските научници, професори, архитекти, ликовни уметници, лекари, артисти, ќе бидат претставени на изложбата што вечерва ќе биде отворена во Битола на Меѓународниот славјански универзитет „Гаврило Р. Державин“. Изложбата е насловена „Русите во Македонија (1920-1940)“.
Во нејзината изработка учествуваа Институтот за националната историја на Македонија и Државниот архив на Република Македонија.
Организирана е од Амбасадата на Руската Федерација и ќе ја отвори амбасадорот Олег Шчербак, а ќе може да се посети до 13 март.
Во 7 часот во Битола се измерени - 7 степени.
Студен бран од портокалова фаза денеска ја зафати целата држава. Утринските температури се движат од -17 до -6 степени, а дневните од -4 до 2 степена.
Во текот на ноќта, почнувајќи од запад, ќе има врнежи од снег, кои до петок претпладне на некои пониски места ќе поминат во дожд, а локално ќе има и појава на замрзнат дожд. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер.
За време на викендот се уште ќе има слаб локален дожд, но ќе настапи значително затоплување што ќе услови нагло топење на снежната покривка.
На патиштата утринава сообраќајот се одвива по влажни коловози, а наместа има остатоци од кашест снег. Поради ниските температури можна е појава на голомразица.
Битолската граѓанската иницијатива за субвенционирана тарифа „24/7 субвенционирана струја “, направи анализа и пресметка на финансиските импликации од прифаќањето и воведувањето на субвенционирана струја за граѓаните на пелагониските општини Битола, Новаци и Могила. Членовите на Иницијативата во декември и јануари годинава побараа податоци од Регулаторната комисија за енергетика и ЕВН за анализа и пресметка на финансиите.
Според најновите податоци на Државниот завод за статистика, Битола е лидер во Македонија по негативниот природен прираст во последното тримесечје од 2017 година. Во овој период во Битола се родени 218 бебиња, а починале 299 лица, од кои едно е новороденче, со што природниот прираст е -81.
По повод одбележувањето на Светскиот ден на поезијата – 21 март, Националната установа Универзитеска библиотека „Св.Климент Охридски“ – Битола организира поетско читање.
Ги повикуваат сите заинтересирани млади поети кои сакаат да учествуваат на настанот, да испратат своја творба на следниот маил: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите., со назнака - ден на поезијата.
Право на учество имаат сите млади творци без разлика дали веќе имаат издадено своја книга.
Творбите да се испратат најдоцна до 11.03.2018 година (недела)
Двете битолчанки М.И.(64) и А.И. (31) биле повредени во тешка сообраќајна несреќа што утрово се случила на магистралниот пат Градско-Прилеп во близина на мотелот Дреново. Во сообраќајката животот го изгубил 35-годишниот К.Л. од Скопје кој управувал со возилото „мерцедес“ во кое се возеле и двете битолчанки.
Семејни колекции, предмети, мебел, фотографии, документи , облека , лична или семејна историја или објекти со културно историско значење кои имаат потенцијал да станат туристичка атракција, ќе бидат промовирани како дел од локалната туристичка понуда во рамките на проектот „Раскажи ја својата приказна“.
Центарот за културна деконтаминација Битола е имплементатор на - Проект за унапредување на локалните политики за културен туризам и потикнување на индивидуалното претприемништво преку туристичка валоризација на приватни објекти и семејни атрактивности со културно-историско значење. Истиот е регрантиран како подпроект на проектот „Подобрување на активната вклученост на македонските граѓански организации во процесот на донесување на одлуки преку зајакнување на новоосновани граѓански организации" Референца: EuropeAid / 151569 / DD / ACT / MK, финансиран од ЕУ, а имплементиран од Фондацијата за оддржлив развој „ Преда Плус“.
-Проектот „Раскажи ја својата приказна“ се фокусира на сегментот на иновативни економски активности во делот на микротуризмот во Општина Битола. Активностите на проектот ќе траат осум месеци , заклучно со месец ,септември и ќе бидат фокусирани кон збогатување на локалната туристичка понуда , преку туристичка валоризација на културно историското - наследство во приватна или семејна соопственост. Проектот предвидува и формирање на мрежа на индивидуални туристички претприемачи , обуки и зајакнување на капацитетите за индивидуалното претприемништво во областа на туризмот и влијание врз креирањето на локалните политики за развој на туризмот. Проектот е поддржан од Општина Битола – преку одделението за Локален економски развој – ЛЕР, а вкупниот буџет за имплементација изнесува 246.000.00 денари, наведува Тоше Ивановски, координатор на проектот.
