2win800x200

Анета Блажевска

Анета Блажевска

 НУ Народен театар Битола денес (14 ноември 2022 година) го слави  78 роденден. Одбележувањето започна уште од утринските часови во 09.30  со програма за најмладите насловена „Зошто го сакам театарот„. Продолжува вечерва во 19.00 ч.  со Изложба на театарски портрети од Кирил Гегоски и во 20 часот со Музичко-сценски перформанс „За нашиот театар„. 

Професионалниот театар со работа официјално започнува на 14 ноември 1944 година, изведувајќи ја едночинката на Владо Малески – Петтоимениот Ѓоре. Овој датум се смета за ден на основање на Народниот театар Битола.

Првите членови, основачи на Битолскиот театар се: Јорго Цаца, раководител на групата, Вера Вучкова, Димче и Ацо Стефановски, Мери Бошкова, Симо Георгиевски, Славче Матевски, Георги Карев и Јован Бејко. Првиот управник е Аки Павловски (1945).


Од 1980 година театарот работи во нов, исклучително функционален објект, кој на ансамблот му овозможува најдобри технолошки услови за работа.

Од 1945 до 2001 година Битолскиот театар има изведено над 350 премиери и одиграно над 7.000 претстави. Денес тој е несомнено најуспешен театарски ансамбл во Македонија, афирмиран и респектиран не само во поширокиот балкански регион, туку и подалеку.

пишува: проф. д-р Александар Литовски

СООПШТЕНИЕ

 

Здружението на пензионери Битола им соопштува на своите членови старосни,семејни и војни пензионери дека уписот за свински половинки ќе започне на14.11.2022 год.секој работен ден од 10.30 до 13.30час. во салата за состаноци на први кат

Цената е 258 ден/кг.

Плаќањето е на четири рати.

Првата рата се плаќа со запишувањето,а другите три рати во зависност од килограмите.

При уписот да се носи талон од пензија не постар од 3(три)месеци и лична карта.

                                       Здружение на пензионери

                                                            Битола                      

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани