2win800x200

Анета Блажевска

Анета Блажевска

Во Божикното послание, митрополитот Преспанско Пелагониски и администратор Австралиски и Новозеландски, г. Петар, се осврна меѓудругото и на современиот начин на живот, посочувајќи дека иако се градат цркви, повеќе се посетени  некои содржини на интернет и во медиумите, кои  се поопасни дури и од наркоманијата.

-Ете, во нашата земја, иако се градат и осветуваат цркви за слава на Бога, истовремено и многу помасовно се отвораат казина, спортски обложувалници, разни ноќни клубови итн. На медиумите, а особено на интернет, иако е достапна  православна духовна и религиозна содржина, многу позначително е пребарувана и посетувана содржина со соблазнителен карактер, и друг духовен отров, кој подлабоко и од наркоманијата го загадува современото општество, а особено најмладите, вели г. Петар во Божикното послание

Тој посочува дека некои заедници и организации ги исмебаат религиозните, а најмногу православните Христијани со што не ги почитуваат различните од нив.

-Еден од тие духовни отрови е тој што индоктринира – дека денес модерно е да се биде „хуман“ и „либерален“, да се биде подржувач на т.н. заедници и организации, кои пропагираат (читај наметнуваат) свои права и слободи, притоа, газејќи и исмејувајќи се врз правата и слободата на различните од нив, особено врз религиозните, и уште подиректно, врз православните христијани. Ете, подржувањето на вакви создадени заедници, здруженија и организации, често и од јавни личности, кои имаат за цел искривување и изопачување на, од Бога дадениот образ, се смета за модерно и напредно, додека, пак, да се биде подржувач на Бога, на Црквата, на христијанските и семејните вредности, се смета за конзервативно и заостанато, вели г. Петар.

Тој се осврнува и на трендот за разубавување на мажите и жените со хируршки интервенции.

-Друго, денес исто така е модерно да се обрнува особено внимание и грижа на физичкиот изглед на човекот. Најчесто женскиот пол, а не ретко и мажите, прават разни хируршко естетски зафати – операции на своето тело, не од реална, здравствена потреба, туку единствено за разубавување, кое често завршува и со унакажување. А, пак, оние кои водат грижа за разубавување на душата, кои со духовен хируршки зафат, односно преку покајание и исповед ги отстрануваат недостатоците од своето срце, тие се сметаат за прости и заостанати. Трето, модерно е, а било и од многу порано, да се посетуваат ноќни клубови, дискотеки и слични забавни места, каде се конзумира многу алкохол, а често и дрога, и се случуваат разни неморални и богонеугодни дела, под дејство на создателот на неморалот – сатаната. Додека, пак, оние кои го посетуваат храмот Божји во неделите и празниците, посетуваат свети места низ православниот свет, тие се сметаат за примитивни и заостанати, посочува владиката Петар меѓудругото во Божикното послание. 



Блок 1 на РЕК Битола попладнево околу 15 часот е ставен во функција. Постројката произведува електрична енергија и е синхронизирана со македонскиот електроенергетски систем. 

 

Благодарание на стручноста и ангажманот на вработените во Термоелектраната, за нецели 24 часа санираните се пукнатите цевки заради кои блокот вчера утрото мораше да биде исклучен. 

 

РЕК Битола во моментов работи со два блока. На Блок 3 во тек се завршните зафати за монтажа на новиот трансформатор, по што и оваа постројка ќе биде ставена во функција.

ПРО ЛОКАЛ објавува ПОВИК
за вклучување на 15 млади лица од општините Новаци, Могила, Демир Хисар, Долнени, Кривогаштани, Ресен и Крушево во активностите на проектот
“Fast Forward – „Развој на вештини на младите од Пелагонија за подобра иднина”

Над 100 луѓе дневно бараат лекарска помош во Службата за ургентна медицина при Клиничката болница во Битола, главно хронично болни и млади лица со висока температура. Со овој наплив на болни од хронични болести, настинки и грип, бројката на пациенти е иста како за време на ковид кризата. Службата е преоптоварена, а вработените имаат полни раце работа. Моменталната состојба дополнително ја отежнува маглата која не дозволува проветрување и предизвикува респираторни проблеми.

„Околу новогодишните празници се зголеми бројот на пациенти, почнувајќи од хронично болните со хипертензии, кардиоваскуларни заболувања и респираторни проблеми, но имаме и доста пациенти високо фебрилни предизвикани од настинка, грип и горно респираторни заболувања. Главно, пациентите во нашата служба се од 15 години нагоре, а зголемен е и бројот на пациенти на Педијатрија. Во овој период, опфатеноста на фебрилни пациенти е до дваесет и некоја година. Тие се со висока температура, болка во грло и мускулатура и кашлица“, вели Лилјана Котевска, заменик-раководителка на Службата за ургентна медицина.

Се препорачува редовна контрола на температурата, внес на течности, антипиретици и витамини, најмногу Ц и одмор.

Битола шест дена е под магла и со висок степен на аерозагадување со суспендирана прашина, па и тоа влијае врз покачувањето на бројот на пациенти во болницата. Денеска претпладне беа измерени многу високи концентрации на ПМ2,5 честички во Битола и висока концентрација на ПМ10. Вчера, станицата Битола 2 измери надминување на среднодневната гранична вредност на ПМ10 честички со концентрација од 163 микрограми на кубен метар, што е трипати над дозволеното. Прагот на информирање за суспендирани честички со големина од 10 микрометри е надминат во Битола, Тетово и Прилеп.

И покрај тоа што квалитетот на воздухот во Битола е класифициран како многу лош, деновиве нема протести за почист воздух како пред три години, кои ги преводеше Поинаку. Сега нивни претставници се дел од локалната власт која вчера препорача итни мерки за намалување на штетите од аерозагадувањето, меѓу кои и бесплатен превоз до Ниже Поле три дена 

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани