2win800x200

Анета Блажевска

Анета Блажевска

Во организација на Црвениот крст на Македонија, во соработка со општинската организација на Црвениот крст и општина Битола, денес се одржа Конвенција по прва помош на која учествуваа општинските организации на Црвениот крст од целата држава. На настанот кој се реализираше по повод Светскиот ден по прва помош, беа промовирани културата и традицијата на општините учеснички во активностите, а беа претставени и показни и симулациски вежби по прва помош на 14 локации, од Саат кулата до Офицерскиот дом. Граѓаните имаа можност да се едуцираат за прва помош при спасување на живот, белодробно оживување, прва помош на скршеници, помош при епилептични напади.

Денеска (17.09.2022)во времето од 07:00-12:00 на територијата на СВР Битола спроведена e засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санционирани се 55  возачи.

,,Одговорно тврдам дека за целиот период додека сум директор на АД ЕСМ, нема ниту една јавна набавка на којшто била повикана само една фирма и никогаш не се случила набавка во 4 очи”- изјави генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски, во емисијата 360 степени на ТВ Алсат.

Советниците од Левица на денешната седница на Совет побараа да биде донесена одлука со која ќе се објавуваат огласите за вработување и намерите за склучување договор  на дело на веб страницата на Општина Битола. Освен двајцата советици од Левица, Горан Велевски и Гаврил Трајковски, сите останати присутни советници 26 на број и од власта и од опозицијата гласаа воздржано. 

Општина Битола донесе одлука за финансиска поддршка од 3.000 денари за семејствата кои имаат запишано дете во прво одделение за учебната 2022/2023 година. 

„Поради стартот на новата учебна година сметавме дека родителите треба да добијат некаква поддршка за своите деца бидејќи сите се соочуваме со финансиска криза“, рече претседалката на Совет Габриела Иливеска. 

 

 

Вчера во 14.50 часот на ул.„Филип Втори Македонски" во Битола, полициски службеници од Криминалистичка полиција и Полициска станица за безбедност на сообраќајот при СВР Битола го лишиле од слобода Х. В (52) од с. Канатларци, прилепско.

На површина од 3500 м2 кои се дел од Сточниот пазар, се создаваат услови за работа на пазарот на големо во Битола.

Во организација на Заедницата на Срби во Македонија, во Битола, со повеќе активности се одбележува Денот на српското единство, слобода и национално знаме.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани