
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поп-рок хорот „Битвокс“ синоќа имаше одличен настап на платото пред Офицерски дом како дел од „Зимска приказна“.
Од вечерва во 19.00 часот, па во двата последни денови бидете пред Офицерски дом за да доживеете еден мултимедијален спектакл кој ЗИМСКА ПРИКАЗНА го подготвуваше подолг период, како изненадување на сите кои ја сакаат магијата на празниците.
Инспирирани од “Снежната кралица” на големиот Ханс Христијан Андерсен еден врвен креативен тим воден од сценографот Валентин Светозарев, подготвува неверојатно визуелно уживање за кое долго ќе се зборува и ќе биде круна на 8-те денови ЗИМСКА ПРИКАЗНА.
Вечерва ќе доживеете театар надвор од “црната театарска кутија”. Филмски амбиент на една од фасадите на офицерскиот дом, 3D мапинг по пример на светските метрополи за вакви празници, музиката компонирана специјално за овој проект, професионални актери, аматери актери, танчери и статисти, измешани со празничните мириси на цимет од новогодишните куќарки поставени околу сцената се само некои од посебностите на овој проект.
Мултимедијален спектакл за деца и возрасни ,, ЗИМСКА ПРИКАЗНА“ адаптација на приказната „Снежната кралица„ на Ханс Кристијан Андерсен 29, 30, 31 декември Офицерски дом.Почеток 19.00ч
Денеска (28.12.2022), полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола извршиле службен разговор со В.М.(46) од Битола. Тој се сомничи дека во повеќе наврати на неколку лица им ветувал дека ќе им посредува во извршување на различни услуги и за тоа од нив барал надомест. Како што е пријавено, тие му ги дале парите, но услугите не биле завршени и потоа не им се јавувал на повиците.. Тој ги признал делата и по целосно документирање на случаите, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
