
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
По повод 11 Октомври, денот на востанието на македонскиот народ и Денот на борецот, Општинскиот одбор на Сојузот на борците од народноослободителната и антифашистичка војна - Битола, распишува
Oд денес попладне, па во наредните два дена Блок 1 на РЕК Битола ќе биде плански исклучен од електроенерегетскиот систем на Република Северна Македонија. Краткотрајниот прекин во работењето е со цел зголемување на доверливоста и стабилноста на постројката, информираат од Државните Електрани.
Вчера (03.09.) полициски службеници од СВР Битола - ОКП Битола-Отсек за општ криминал во рамките на оперативниот план "Безбедно лето", по добиена оперативна информација дека на една локација во Битола лицата Е. К. (39) и С. Р. (26) од Битола незаконски организираат игри на среќа што се забранети, извршија претрес во објект на ул "Караорман" во Битола. При претресите затекнати се М. А. (32), Е.Р.(50),Ш.М.(47),А.И.(36) и двајцата организатори, сите од Битола. Лишени се од слобода, а по документирање на случајот ќе бидат поднесени кривични пријави за сторено кривично дело по чл.398 ,,комар".
Со учество на 1400 атлетичари од 12 земји од светот, денес во Битола, започна манифестацијата „Трчај бе“, чиј главен поддржувач е општина Битола. Официјалниот почеток на трката, која годинава е и Национално првенство во полумаратон го означи градоначалникот Тони Коњановски, кој им посака успех на натпреварувачите, честитајќи им на организаторите за успешната организација, која од година во година, резултира со се помасовен интерес и посетеност на настанот.
Врвни атлетичари од повеќе земји и домашни вљубеници во трчањето, трчаат на трите патеки долги пет, десет и 21 км низ Битола на овогодишното четврто издание на „Трчај бе“.
На манифестацијата учествуваат и бројни компании, кои давајќи поддршка на овој значаен проект, своите тим билдинг активности, овој викенд ги испланираа токму како учесници на настанот.
Дел од денешниот спортско – забавен хепенинг е и дополнителната музичка програма по патеките, а на главната сцена настапува групата „Љубојна“.


Со концерт на групата „Меморија“, синоќа на Ракометното игралиште, заврши програмата на 14 издание на битолското културно лето „Бит Фест“. На затворањето на фестивалот, свое обраќање имаше градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски:
„Сакам да се заблагодарам на сите оние кои беа учесници на годинешниот Бит Фест 2022, во мое име, во име на луѓето од Општина Битола кои се заложија се да биде како што треба, Советот на Општина Битола, но најмногу до музичарите, уметниците и до Вас, граѓаните кои дадовте поддршка на сите манифестации. Посетеноста на настаните, од над 40.000 посетители во изминатите 77 дена е потврда за успехот кој го постигнавме, поаѓајќи од желбата да изградиме еден сосема нов концепт на битолското културно лето, токму онаков како што и доликува на Битола.

Реализиравме 140 настани од официјалната програма на БИТ ФЕСТ, меѓу кои 9 фестивали, 64 музички концерти на класична, поп, рок, џез музика, како и музика низ која се слушаше народниот мелос, 10 изложби, 25 филмски проекции, 20 театарски претстави, уметнички перформанси и други настани низ кои се промовираше културното наследство и традицијата. Дополнително, осум фестивалски денови со фестивалот „Браќа Манаки“, Битола го славеше филмот и големите кинематографери, а градот беше еден од најважните фестивалски центри во Европа. Имавме гости од над 15 земји од светот, но истовремено ја негувавме и промовиравме и македонската култура и традиција.Со „Меморија“, да сочуваме уште подобри сеќавања од БИТ ФЕСТ 2022 и овогодинешното искуство нека биде наш заеднички мотив за нова успешна програма која заеднички ќе ја креираме“, рече градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, пред почетокот на концертот на „Меморија“.

Новиот концепт кој го воведува општина Битола во организација на битолското културно лето, продолжува континуирано да се надградува, а организациските подготовки за новото издание на „Бит фест“, ќе започнат уште од следниот месец.

