
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Синдикатот на РЕК Битола ќе му помогне на нивниот член и колега, Сребрин Поповски во обновување на неговата куќа која изгоре во пожар на 1 јули.
Јадранка Павловска од СДСМ е нов советник на Општина Битола, која доаѓа на местото на досегашниот советник од НСДП Зоран Ѓоргиев кој стана директор на АД за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор.
Павловска на денешната седница даде свечена изјава дека одговорно ќе ја извршува советничката функција.
Излезе од печат јубилејниот број 10 од Списанието за култура – литература, драмска уметност, филм и издаваштво „Современи дијалози“ во издаваштво на Македонското научно друштво-Битола. Главен и одговорен уредник на списанието е проф. д-р Даниела Андоновска-Трајковска, а уредници се и: Весна Мундишевска-Велјановска, проф. д-р Силвана Нешковска и Елизабета Јончиќ. Списанието има и меѓународен уредувачки одбор во состав: проф. д-р Звонко Танески (Словачка), Раед Анис Ал-Јиши (Саудиска Арабија), м-р Жарко Милениќ (Русија и Босна и Херцеговина), проф. д-р Тземин Итион Тсаи (Тајван, Република Кина), проф. д-р Том Филипс (Велика Британија), вонр. проф. д-р Михо Нонака (Јапонија и САД), Искра Пенева (Србија), проф. д-р Су Џен Лин (Тајван, Република Кина).
Со денешното асфалтирање на улицата „Цане Василев“, се финализира проектот за реконструкција на оваа улица.