2win800x200

Анета Блажевска

Анета Блажевска

По успешниот концерт на „Танец“ и Влатко Стефановски во Скопје, во ноември минатата година и големиот интерес за нивен настап надвор од земјава, како неодамнешниот на големиот фестивал Лент во Марибор, Словенија, неизостaвно е овој врвен проект да прозвучи и на домашните летни сцени. Концертот на Хераклеа во Битола е закажан за 27 јули, а ќе се одржи во рамките на традиционалната манифестација „Илинденски денови“ и ќе биде вистински спектакл.


Влатко Стефановски е стар пријател на Танец, кој во текот на својата речиси петдецениска кариера многупати има настапено со ансамблот, и дома и надвор. Секогаш соработките со „Танец“ ги истакнува како особено значајни и инспиративни за неговата музика, како за македонската музичка култура во целост. Но, иако македонските фолклорни мотиви, како и фрагментите од репертоарот на „Танец“, се неизоставен дел од неговите изведви, Влатко, освен повремените еднократни настапи со „Танец“, никогаш досега не остварил целовечерен концерт со ансамблот. Конечно, во рамките на проектот „Танец и Влатко“ овие два бренда ја делат сцената на голем концерт, за кој аранжманите на антологиските ора „Пелистерско“ , „Касапско оро“, „Ситна лиса“, „Поступано“, „Калајџиско“, „Пајдушко“ и незаборавните мелодии на „Елено, ќерко“, „Јано, мори, севдалино“, специјално ги напиша познатиот македонски композитор, аранжер и инструменталист, Дамир Имери.


Оваа врвна фузија, од која излезе уникатно парче музика, заслужено го живее својот продолжен концертен живот, дома и надвор од границите на земјата.

 

Во  рамките на БИТ ФЕСТ, денес и утре продолжува програмата на „Џез фабрика фестивалот“.

Во изминатите шест месеци од оваа година, полициските службеници на Секторот за внатрешни работи Битола привеле 31 лицe кои со судски наредби се барале за издржување и доиздржување на затворски казни на подрачјето на СВР Битола.

Најголемиот број од нив биле спроведени во Казнено-поправната установа Затвор „Битола“, а биле осудени на затворски казни за имотни деликти, неовластено производство и пуштање во промет на наркотични средства и други дела.

Одделението за криминалистичка полиција при СВР Битола на 07.07.2022 поднесе кривична пријава по член 236 од КЗ против Ѓ.З.(31) од Битола. Тој бил баран по централен распис од СВР Битола, поради сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик.

 

Во координација со полициски службеници од СВР Охрид тој бил лишен од слобода во еден сместувачки објект на подрачјето на Охрид, при што извршени се и претреси. Притоа, кај него биле пронајдени пари (во различни апоени и валути) и повеќе други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело како и алати и средства погодни за извршување на кривични дела -тешки кражби, како и прашкаста материја.

Денес низ битолските улици за жал, се поретко може на Иванден да се чуе песната „Тајане-Бојане“.Уште само во неколку маали остана да се практикува стариот адет. Попривлечни се телефоните од групните игри и детски обичаи од минатото кои помагаа да се гради другарството и заедништвото.

Децата од Битола некогаш со големо нетрпение чекаа да дојде Иванден, еден од големите христијански празници од летниот циклус кога се слави раѓањето на Свети Јован Крстител. Нетрпеливо чекаа зашто на тој празник адет беше да се организира детска маалска свадба, односно да се спроведи на дело обичајот Тајане-Бојане. Од дечињата во улицата се одбираа зет, невеста, свекрва, кум, девер и сватови. Се полнеше ѓумче со вода од три чешми зашто во тоа време сѐ уште функционираа малските чешми. Се закитуваше со цвеќиња. На главите на девојчињата се стваа венчиња од цвеќиња зашто со Иванден од памтивек биле поврзани верувања за моќта на цвеќињата.Секој се облекуваше согласно улогата што ја имаше. 

И така свадбената поворка тргнуваше од куќа во куќа пеејки ја пригодната песна Тајане-Бојане:

Тајане, Бојане, имам брат Свети Јоване,

ункеши, ункеши, ункеши по маглата.

По магла, по магла, по магла ситна роса,

по роса, по роса, по роса мома боса.

Играле момите крај манастирот,

калуѓер гледа од пенџериња,

фрли си шапка на герамиди,

од герамиди на трендафили.

Домаќините кои ќе им ја отвореа вратата на дечињата им дава прехрамбени продукти од кои најчесто можеше да се замесе зелник. Тоа беа јаца, брашно, масло, а и пари за да купат зелје за суканицата. Откако ќе помнеа неколку часа низ околните маaла збирајќи храна, на крај избираа повозрасна жена домаќинка од нивната улица која ќе им направеше зелник. Него сите заедно го јадеа.

Ваквиот начин на одбележување иако немаше некоја верска порака, а се верува дека е поврзан и со словенската митологија, сепак имаше длабоко социолошко значење. Децата сами се организираа да направат такакажано маалска свадба, да се подготват, да ги прифатат своите улоги дека некој ќе биде зет, а друг сват, да обезбедат храна притоа дарувајќи песна и што е најважно да се дружат, да го поделат оброкот. Сите битолчани кои учествувале во овие адети денес со насмевка на лицата се сеќаваат на тие денови. За жал, празнувањето на Тајане-Бојане денес го има се помалку. Мал е бројот на маала каде адетот се одржува, а  се помал е и бројот на „свадбари“.

 
 

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани