2win800x200

Анета Блажевска

Анета Блажевска

Сонита Фејсовска, Оран Јашаровски и Архан Асланоски се тројца млади битолчани од ромска националност, кои со својот талент, квалитет и трудољубивост, постигнуваат високи резултати, ги рушат табуата и ја промовираат Битола. 

Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, согледувајќи ги високите резултати кои ги постигнаа овие млади луѓе во спортот и образованието, организираше заедничка средба на која им честиташе за успесите, поттикнувајќи ги и понатаму да продолжат да се надградуваат, да напредуваат и на тој начин да бидат промотори на Битола, но и успешно да продолжат да ја градат својата иднина.

На средбата со градоначалникот, Сонита Фејсовска, ја раскажа својата приказна како некогашната далечна можност, еден ден да биде студент, после многу упорност и благодарение на нејзината амбициозност и јасна визија, денес ја доведе до дипломец на Педагошкиот факултет, првенец на генерација со просек 9,80.

Оран Јашаровски, како член на боксерскиот клуб „Куманово 84“ го освои годинешниов трофеј на Меѓународниот боксерски турнир „Мирослав Петровиќ“, кој по вторпат се одржа во Куманово. Јашаровски информираше дека, на турнирот учествуваа дваесетина боксери од Македонија, Србија, Црна Гора, Бугарија и Косово, а беа одиграни околу 20 мечеви.

На светскиот куп во куглање, пак во категоријата У18 во Естонија, младиот битолчанец Архан Аслановски, како претставник на Македонија со исклучителна игра успеа да влезе во најдобрите 8 машки играчи на Светскиот Куп, пласирајќи се на 7 место.

„Ваквите резултати, потврдуваат дека Битола има многу талентирани млади луѓе од различни националности, кои и понатаму ќе ја имаат заслужената поддршка од локалната самоуправа“, соопштија од Општина Битола. 

Како дел од програмата на битолското културно лето, вчера во Битола, започна Балкан гала фестивалот. На првата концертна вечер на рок симфонија во придружба на Камерниот оркестар на Битола, настапија Ристо Вртев - Архангел, Гиле - Електрични Оргазам, Михајло Трајковски - Сак, Петар Младеновски - Суперхикс, Ружица - Ареа и Жарко Јакимоски.

Вечерва, како дел од поп симфонијата, со почеток во 20.30 часот на ракометното игралиште настапуваат Ламбе Алабаковски, Тони Цетински, Гоца Тржан, Ристо Самарџиев, Горан Каран, Викторија Лоба, Александра Јанева и Виктор Апостоловски.
 
Балкан Гала '22 е уникатен дводневен фестивал единствен на овие простори, кој го сочинуваат најпопуларните проекти на Камерниот Оркестар на Битола во комбинација со најдобрите домашни и најпознатите изведувачи од Балканот.

 

 
Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа:

интегрален текст и видео од изјавата на Бојан Бојкоски - член на советот на општина Битола

На 13 јули во Офицерскиот дом во Битола ќе биде поставена ликовната  изложба „Современата уметност во Битола“,  која  претставува  пресек на автори и дела поврзани со Битола.

Времето денес (06.07.2022 год.): Сончево и топло со мала до умерена локална облачност и со умерен ветер. Во попладневните и вечерните часови ќе има развој на нестабилна облачност со локален пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирана појава на краткотрајно невреме. Mаксималната температура ќе биде во интервал од 29 до 37 степени. УВ = 8  

 
 
Врнежи за изминатите 24 часа до 8 часот (во л/м2): 20 Скопје-Зајчев Рид, 19 Берово, 17 Тетово, 14 Битола, Прилеп, 9 Крива Паланка, 8 Штип, 7 Ѓуриште, 3 Д.Капија, Гевгелија, 1 Скопје-Петровец, Крушево.
 
ВРЕМЕТО УТРЕ: Сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, повремено засилен ветер од северен правец.
 
ВРЕМЕТО ВО СЛЕДНИТЕ ДЕНОВИ: Под влијание на влажен бран во петок и сабота времето ќе биде променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со обилни врнежи од дожд (над 20 л/м2) и значителен пад на температурата. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со силни електрични празнења, појава на град и засилен ветер. Во недела ќе има повремени врнежи од дожд, а од понеделник ќе биде постабилно со постепен пораст на дневните температури.

Комисијата за заразни болести на денешниот состанок ги разгледа заклучоците од Националната комисија за имунизација, во врска со почеток на вакцинација со четврта доза на вакцина против КОВИД-19.  

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани