
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Учениците од СОУ „Јосип Броз – Тито” – Битола на 28 декември 2021 година со пригодна свеченост во НУ Центар за култура– Битола се поклонија на тројцата великани на македонската книжевна, научно- јазична и есеистичка мисла - Блаже Конески, Коле Чашуле и Анте Поповски.
На советничко прашање на денешната седница на Советот на Општина Битола, што го постави советничката од СДСМ, Елена Кромидаровска, градоначалникот Коњановски рече дека во буџетот има 262 милиони денари.
Денеска пристигна судска пресуда во корист на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) за случајот каде што од профил на социјалната мрежа Фејсбук именуван како „Сашо Митев“ е напишан коментар под објава на Фејсбук страната на ЗНМ. Според пресудата од Основниот кривичен суд, лицето Сашо Митев е виновен по член 394-г од Кривичниот законик и му се утврдува казна затвор од три месеци, која нема да се изврши доколку не го повтори делото во рок од една година по правосилноста на ова дело.
Извршниот одбор на Здружението на пензионери под претседателство на Даница Петличкова, денес ја усвои програмата за работа на Здружението на пензиниери за следната година, истовремено и програмата за работа на Надзорниот одбор и финансискиот план за 2022 година. Беа разгледани и други точки на дневен ред со цел пензионерите и наредната година да имаат богата и разновидна програма. Исто така, активностите на Здружението ќе бидат насочени и кон оставрување на потребите на пезнионерите, посебно на оние кои спаѓаат во ранливите категоирии, социјално загрозени, изнемоштени лица, самци со давање на одредена помош и со згрижување во старски домови, купување и доставување на прехрамбени продукти, набавка на лекови, средства за хигиена, а сето тоа во соработка со волонтерите од Општинската организација на Црвениот крст од Битола и локалната самоуправа.
Во наредната година ќе се продолжи со давање на хуманитарна помош и други донации по оцена на Извршниот одбор со донесување на посебни одлуки , како и помош организирана заедно со локалната самоуправа преку програмата за социјална заштита во наредната година и преку граѓанските организации, како што е „Ајде Македонија“ и други.
Здружението на пензионери и во следниот период ќе посредува во набавката на огровно дрво за пензионерите, за повластено патување со градскиот автобуски превоз и ќе се вклопи според можностите во активностите што ќе ги организира Сојузот на Здруженијата на пензионери за музичките и спортските натпревати.
На седницата беше истакнато дека преку Поштата и Халкбанка пензионерите доколку имаат потреба можат пензиите да ги земаат на домашна адреса за што банката им стои на располагање за овие услуги во случај да не можат да ги посетат банките. Се расправаше и за поддржување на иницијативата за стекнување со простории во месните заедници и други активности предвивени со богатата програма што беше едногласно усвоена од страна на членовите на Извршниот одбор. Во текот на утрешниот ден седница ќе одржи Собранието на Здружението на пензинери, како и седници со претседателите на месните ограноци и на комисиите.


На 28.12.2021 во 18.15 часот во СВР Битола А.Џ.(44) од с.Обедник, демирхисарско, пријавила дека околу 14.00 часот нејзиниот 17-годишен син во близина на музеј во Битола бил удрен од патничко моторно возило „мерцедес“, со битолски регистарски ознаки, а по настаната вербална расправија, бил и физички нападнат од возачот на возилото, информираат од СВР Битола.
