
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Главниот координативен кризен штаб на Владата на Република Северна Македонија на денешниот состанок ги разгледа и потврди препораките на Комисијата за заразни болести за олабавување на мерките за заштита од ковид-19 и ги предлага на конечно усвојување на утрешната Владина седница.Тоа се следните предлог-препораки за олабавување на мерките, почнувајќи од 1 јуни 2021 година:
1. Укинување на мерката носење на заштитна маска на отворено со препорака за носење на маска кога лицата се во поголема група. Останува на важност мерката за задолжително носењето на заштитна маска во јавен превоз, такси превоз и во сите затворени простори.
2. Да се дозволи присуство на публика на спортски натпревари кои се одржуваат на отворено до 30 проценти, од вкупниот капацитет на посетители, со задолжително почитување на растојание помеѓу посетителите од 1,5- 2 м (три седишта) и со доследно применување на мерките за заштита од КОВИД-19.
3. Се укинува мерката за забрана за групирање на јавен простор на не повеќе од 4 лица.
4. Да се дозволи организирање на свадби, прослави, веселби на отворен простор/летни тераси до максимум 100 лица, но не повеќе од 50 проценти од капацитетот на просторот и до максимум шест лица на маса со обезбедување на препорачаната дистанца помеѓу лицата. Присуство на музичари е дозволено само при организирање на свадби, а согласно соодветен протокол.
5. Се зголемува бројот на лица на една маса во угостителските објекти од четири лица на шест лица со обезбедување на препорачаната дистанца помеѓу лицата на масата.
6. Се препорачува укинување на мерката за работа во смени и од далечина (член 3 т. 14 од Одлуката за превентивни препораки, времени мерки, наредени мерки, наменски протоколи, планови и алгоритми за постапување за заштита на здравјето на населението од заразната болест КОВИД-19 предизвикана од вирусот SARS-CoV-2,случаите и временскиот период на нивна примена („Сл.В.РСМ“ бр.263/20),
7. Продолжува да важи мерката за полициски час до 15.06.2021 година.
Непознат сторител со употреба на сила и подесен алат, влегол во канцелариите на ЈП Паркинзи од Битола на улицата „Солунска“ и одзел пари од сефот.
Од јавното претпријатие вчера на 30 мај , го пријавиле настанот во полиција, по што екипа на СВР Битола извршила увид, а од таму велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Здружението за негување на културното и обичајно наследство „Завештание“ - Бабино (Демир Хисар) по петти пат, викендов ја одржа книжевната манифестација исто така насловена „Завештание“ во двориштето на храмот „Св. Ѓорѓи“ во Слоештица, родното село на писателот Петре М. Андреевски.
Неколку часовната програма беше обогатена со промоција на „Зборник“ со трудови од минатата година, промоции на книгите поезија: „Алхемија на вечната земја“(Лили Бошевска), „Забрането овошје“ (Никола Илиовски), „Навите“ (Радован П. Цветковски), изложба и поетско читање.
Демирхисарскиот предел не престанува да ги маѓепсува уметниците со неговите природни убавини
Овде се излегува „На мегдан за татковината“, со созвучјата на поезијата, измолена од перото на Раде Силјан, поет библиофил и еден истакнатите македонски книжевници на новото време. Можат да се насетат детските патеки, развигори и долови на детството на еден од најпознатите писатели за деца - Горјан Петрески.





На иницијатива на Доброволното противпожарно друштво „Архангел“ Битола со поддршка од ЈУ Национален парк Пелистер, ЈКП Комуналец, ЈП за одржување и заштита на магистрални и регионални патишта Македонија Пат- Битола, „7-ми Мај“ Битола, како и други фирми и граѓани се изведе еко акцијата на местото Чешмите-Ѓавато.
На акцијата учествуваа околу 40 учесници кои успеаја да соберат околу 5 тони отпад и 4 камиони гранки и друга дрвна маса од местото кое претставува една позната точка за одмор на сите битолчани како и голем број на граѓани кои поминувајки по патот Битола -Ресен, а тука застануваат на почивка.
„Голема благодарност до сите кои се одзваа на повикот и допринесоја акцијата да биде успешна а со тоа ја покажаја својата општествена одговорност, се надеваме дека ова нема да биде последна акција со надеж на поголема иницијатива, поддршка и сплотеност до помасовни акции“, изјавија од ДПД „Архангел“- Битола






Битолчанки кои боледуваат од мултипна склероза, како и нивни поддржувачи, денес го кренаа гласот против предрасудите што постојат за болеста. На Светскиот ден за борба против неа тие одржаа марш низ Широк Сокак наречен „Галсно за МС“ со цел да ја подигнат свесноста кај другите луѓе за мултиплекс склерозата. .
