
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Од 26 до 29.05 оваа година во Кавадарци се одржа Државниот натпревар за ученици од основното музичко образование, со физичко присуство и запазување на сите протоколи. Младите виолинисти од Битола кои зедоа учество во различни возрасни категории многу успешно се представија и сите се вратија со награди. Па така, Ивана Крстевска III одделение освои трета награда, Марио Андреевски VI одд. трета награда, Елена Георгиева VI одд. прва награда, Андреа Нешковска VII одд. втора награда и Марко Крстевски VIII одд. прва награда.
Наградата ја чувствувам како да сум ја добила за битолски услови Пулицеровата награда за новинарство зашто е на врвот и нема повредна за нас новинарите од битолската фела, докажани многу и како дописници, но не стигнуваме до наградите во Скопје што се доделуваат за новинарство, не знам зошто, дали сме маргинализирани, рече долгогодишната новинарка Анета Блажевска од Битола добитничка на наградата за новинарство „Тоде Петревски“ што 17 години со ред ја доделува „Битолски весник“.
