2win800x200

Анета Блажевска

Анета Блажевска

Касапницата

Мај 23, 2021

Пишува: Александар Литовски

Детскиот хор „Македонски Ѕвончиња“ на покана на организаторот ќе учествува на World peace choral festival-2021, кој традиционално се одржува во Виена, Австрија, а оваа година поради пандемијата, 11-то издание ќе се одржи онлајн. Фестивалот започна вечерва и ќе трае до 12 јуни, а учествуваат 300 хора од 55 држави. „Македонските Ѕвончиња“ ќе се претстават со песната „Билјана платно белеше“, а нивниот настап ќе биде објавен во перидот од 7 до 11 јуни.

-Организаторот ми се обрати и не покани да учествуваме со „Македонските Ѕвончиња“ на овој фестивал. Ние сме единствен детски хор од Македонија кој ќе учествува на фестивалот, а ќе се претставиме со песната „Билајна платно белеше“, која ја подготвуваме на онлајн часови 3 месеци, а учествуваа наши македонски деца од целиот свет. На битолските Ѕвончиња се приклучија деца од Македонија од Охрид, Скопје, Ресен, но и од Канада, Германија Швајцарија. Потоа ги монтиравме овие снимки направени со телефони. Многу сум среќна што организаторот на фестивлото во Винеа, World peace choral festival-2021, го препознаа нашиот труд и не поканија да бидеме дел од овој настани, вели Марина Коруновска, дирегинет и уметнички раководител на хорот

Нашите  „Македонски Ѕвончиња„ на покана од организаторот учествуваа и на фестивал во Кипар, а сега се очекуваат резултатите од пласманот во натпреварувачкиот дел.

ЈКП "Водовод" Битола како општествено одговорно претпријатие донираше вода на ЈЗУ Здравствен дом д-р Хаим Абраванел Битола, кој го спроведува процесот на вакцинација во Спортската сала во Средното медицинско училиште. 

-ЈКП "Водовод" Битола од почетокот на пандемијата има реализирано повеќе акции за помош и подршка на поединци и установи кои се директно вклучени во борбата со COVID 19 или погодени од истата. ЈКП "Водовод" Битола како во служба на граѓаните така и на целокупниот медицински персонал вклучен во оваа борба, нашите херои во бело!, наведуваат од ЈКП "Водовод".

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани