2win800x200

Анета Блажевска

Анета Блажевска

Заврши асфалтирањето на ул. „Партизанска“ во должина од 730 метри, откако претходно комплетно беше променета водоводната и канализационата мрежа, а се изврши промена и на водоводните и канализационите приклучоци.

Во моментов се работи на поставување на тротоар и нова патека на дел од улицата, а екипите на терен вршат порамнување и отстранување на градежниот шут. Градоначалничката Петровска и екипа од општината задолжена за реализација на овој проект, извршија увид во досегашните активности, а беа запознати о тековните активности на уредување на тротоарските површини.

Општина Битола за овој проект од сопствениот буџет инвестираше 21.931.512 денари за промената на водоводните и канализационите приклучоци, како и за новиот коловоз и сегашното тротоарско уредување. Преку Министерството за транспорт и врски за промена на водоводната и канализационата мрежа беа обезбедени 13.857.940 денари.

 

Изградба на систем за ладеење и греење во спортската сала "Боро Чурлевски", преку амандман за измена и доплнување на Буџетот на Општина Битола, предложи советникот од ВМРО-ДПМНЕ, Борче Димитровски на денешната Седница на Советот. Советникот од СДСМ, Борче Корлевски, му реплицираше дека системот за греење и ладење во спортсксата сала го промовираше ВМРО-ДПМНЕ во 2016 година.

Во насока на доследно и целосно почитување на уредбите на Владата, односно мерките и активностите за справување со пандемијата со коронавирус, Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните дека е ставен во функција бесплатниот телефонски број 0800-00-201  и меил адресата  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите., на кои граѓаните анонимно можат да пријават групирање и организирано прославување во текот на претстојните празници. 

Потпишан е договор меѓу Општина Битола и Министерството за труд и социјална политика со кој оваа локална власт ќе добие грант од 48 милиони денари за изградба на нова детска градинка во непосредна близина на училиштето „Климент Охридски“ во Битола. Договорот денес го потпишаа градоначалничката Наташа Петровска и министерската за труд и социјална политика Јагода Шахпаска

„Оваа локална самоуправа и оваа централна власт имаат сериозен пристап во делот на капиталните инсветциии, точно во овие области кои се исклучително важни за граѓаните. Знаеме дека долго време Битола се бореше со листтите на чекање во градинките. Денес е потпишан договор со Министерството за труд и социјална политика, со средства обезбедени до Светска банка , со кои започнуваме со изградба на нова детска градинка со капацитет од 150 дечиња“, рече Петровска.

Општина Битола веќе го склучи договорот и за изградба на другата градинка во делот на касарната со капацитет од 250 дечиња. Воедно, се подготвува и проектната документација за адаптација на поранешниот Дом за доенчиња во градинка.

„Онаа насока што ја започнавме со зголемен капацитет од 120 деца во постоечките објекти, е нешто ко што се движиме и во иднина“, додаде Петровска.

Министерката Шахпаска рече дека со овие чекори го исполнуваат ветувањето дадено од оваа Влада до крајот на мандатот да згрижат во градинки 60 проценти од децата на предшколска возраст.

„Како Министерство, но и како Валда продолжуваме со политиките за отворање на нови места за децата од предучилишно образование. Продолжуваме да отвораме и да градиме нови градинки и да ги прошируваме постоечките. Досега од 29 август од доаѓањето на власт на оваа гарнитура на Влада отворени се шест детски градинки со капацитет од 416 места, завршени се уште четири градинки кои ќе бидат путени во прават половина на јануари со дополнителни 200 места. Но, веќе следната година продолжува изградбата на 15 детски градинки кои ќе имаат опфатат од 1900 деца“, рече министерката.

-Тоа нзачи дека сериозно се движиме кон она што претставуваше наше изборно ветување пред граѓаните на последните парламентрани избори до крајот на мандатот да отвориме дополнителни 7500 места за сместување на децата од предучилишна влзраст. Со тоа ќе овозможиме 60 проценти од децата од предучилишна возраст да бидат сместени во предучилишни установи. Тоа е чекор кон она што претстсавува европски просек, а во Европа скоро 90 проценти од децата посетуваат предучилишни устаниви-, рече Шахпаска. .

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани