
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
АД ЕСМ Подружница РЕК „Битола“ им го честитаат Рамазан Бајрам на сите граѓани од исламска вероисповед со желба празникот кај сите муслимани да мине во семејна среќа, со добро здравје, хармонија, љубов, почит и меѓусебно пријателство, во духот на вистинските вредности и традиционално добриот соживот.
Доцна вечерва во 23,31 часот земјотрес беше почувствуван во Битола. Епицентарот беше во Грција со јачина од 5,2 степени по рихтер на 14 километри југозападно од Костур, Грција.
СОУ “Таки Даскало” – Битола, последните години, отвори два нови профили во рамките на градежно-геодетската струка, градежен и архитектонски техничар, кои на учениците не само што им нудат атрактивни занимања кои се барани на пазарот на трудот, туку им нудат и занимања кои ќе им овозможат добро да заработуваат и да отворат сопствени бизниси, соопштија од „Таки Даскало“.
„Градежништвото доживува вистинска експанзија последните години. Со развитокот на техниката и технологијата, денес забрзано се градат современи објекти, па затоа на пазарот на трудот се наметна потребата за стручен кадар, градежни и архитектонски техничари и инженери, кои се директни учесници во процесот на проектирање и изградба на објектите, објекти кои остануваат во наследство на идните генерации и ќе сведочат за успесите на денешните генерации“, велат од училиштето.
Овие струки им нудат на младите загарантирана работа и солидни приходи, стипендии од градежни фирми во текот на средното и високото образование, стекување солидни знаења кои ќе им овозможат предност при упис на престижните факултети како Градежен, Архитектонски факултет и на останатите технички факултети. Во текот на школувањето учениците имаат можност да се стекнат со одлични стручни знаења од високо квалификуваните наставници кои се градежни и архитектонски инженери и кои ќе им овозможат совладување на наставниот материјал во најсовремено опремени кабинети, со најсофистицирана компјутерска опрема, софтверски лиценцирани програми како AutoCAD, TOWER-Radimpex, “паметни” табли, инструменти и други нагледни средства, со што ќе стекнат вештини и компетенции за комплетна изработка на проектна документација и реализација од идеја до проект.
Исто така, преку изведување на практичната настава на градилишта, на кои градежни активности изведуваат реномирани компании во градежништвото кај нас, имаат можност директно и непосредно да учествуваат во процесот на изградба и изработка на техничка документација. Учениците од СОУ “Таки Даскало“ се вклучени во изведбените активности на градежните компании како а.д Гранит при изградбата на Градскиот стадион “Под Тумбе кафе“, станбено-деловниот комплекс АРИА”, каде изведувач е Лапор инжинеринг - Областа, Стентон и други компании, каде имаат можност директно и непосредно да се стекнат со потребните компетенции и вештини од градежната и архитектонската струка..
По завршувањето на четиригодишното образование учениците се стекнуваат со диплома градежен или архитектонски техничар и се оспособени самостојно да работат во градежни фирми, проектански бироа, на градилишта како одговорни лица, во фабрики за производство на бетон, лаборатории за испитување на квалитетот на бетонот и во секоја фирма каде што содржат градежни работи, а тие што сакаат да студираат стекнуваат солидна основа за студирање на Градежниот, Архитектонскиот факултет и останатите технички факултети и предност при упис на овие факултети. Дипломата градежен и архитектонски техничар и дипломиран градежен и архитектонски инженер, е меѓународно призната и барана, така што учениците можат да го остварат својот сон во и надвор од границите на нашата држава.
„Дали само вие имате право да се сликате со лидери, да одите по партиски митинзи и манифестации, а другите граѓани не смеат“, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ-Битола на вчерашната изјава на Елизабета Наумовска, претседателка на Комисијата за образование во СДСМ дека позади фб групата која повикуваше на бојкот на наставата стои ВМРО-ДПМНЕ.
