2win800x200

Анета Блажевска

Анета Блажевска

Синдикатот на АД ЕСМ донираше прехранбени производи за вработените во ковид центрите во неколку градови во државата. 

“Штета што нашето срце нема OFF - ON”.

(Никола Тесла)

Еден тмурен и помалку врнежлив ден, на небото како на купче, се собраа облаците темни, а небото како да беше обоено со најтемните нијанси на модро сината боја. Баш на такво невреме, еден дух, леташе високо над облаците, често пати зашеметуван од силниот ветер, кој како да си играше со него, некој многу чуден танц. Облаците се движеа многу брзо и многу често ја менуваа формата. Во тој магичен вртлог од бои и форми, само на кратко, само на многу кратко, духот успеваше низ процепите на облаците, да ја види земјата. Во тој миг духот забележа дека лета над некои широки плажи, покрај некој океан. Високи и темни бранови со долги и пенливи опашки го заплискуваа песокот на плажите. Просто да не знаеш, каде се одвива поголема драма, дали на небото или на земјата.....Чиниш, се споиле и двете, и станале едно.

За момент, вниманието на духот го привлече некаква црвенкаста флека на песокот. Беше премногу високо за да препознае што е. Тогаш духот слета малку пониско, па уште малку и уште малку пониско. Од оваа висина духот можеше да види дека станува збор за некаква топчеста форма со црвена боја. Љубопитноста негова (голема како и секогаш) не му даде да продолжи по својот пат, застана и слета на песокот. Му пријде на црвениот непознаник и по кратко време, откако малку се созеде, го праша:

  • “Кој си ти ?”

Црвениот непознаник го поглена со очи, во кои како да беше збрана сета тага на овој свет и по кратка пауза, со рапав глас му одговори:

  • “Јас сум срцето”
  • “Чие срце ?”, го праша духот.
  • “Срцето на Архитектот...”

Му одговори срцето, и го заврти погледот кон широкото морско пространство, некаде во недоглед....... Гледаше така долго време, и кога духот помисли дека треба да замини, (бидејќи почувствува оти неговото присуство на срцето му создава немир, а нему нелагодност), срцето се “отвори”, и почна да зборува тивко, како да си зборува за себеси.....

  • “Цел живот му служев само нему. Целата вистина од овој свет, ја чував само за него. Никогаш не го изневерив. Демнев над него како мајка над новороденче, не сакајќи со ништо да го повредам. Јас не спиев, ни кога тој спиеше. За сите негови љубови, мене ме прашуваше. Го чувствував кога патеше, а многу често, не можев да му помогнам. Го чувствував и кога очајуваше, и повторно не можев да му помогнам. Е, тогаш ми беше најтешко ! Ми идеше да пукнам, да се расцепам.....”

Тука срцето воздивна длабоко и занеме..... Духот се стаписа. Како дамла да го удри. Почувствува дека не му е тука местото и го проколна мигот кога слета на земјата. Неговото чувство на нелагодност го достигна максимумот, и само што посака да летне високо во облаците и да исчезне засекогаш, срцето неочекувано се заврти и го праша:

  • “А, ти кој си ?”

Духот се зашемети, омалакса, и не знаеше ни каде е, ни зошто е, ни што прави тука. Јасно му беше само дека не може да избега и дека мора да му одговори.....

  • “Јас сум Архитектот”, му одговори духот, со горчина во гласот...

Тогаш срцето потемна, се впири во себе и по кратко време, за многу кратко време - го снема. Исчезна како никогаш да не било тука. Духот остана сам и уште долго, како скаменет, седеше на плажата. Дождот се посилно почнуваше да врне...

А на песокот, на местото каде што беше срцето, ни големите бранови, долго време не можеа да ги избришат овие зборови: ...СЛУШАЈ ГО СВОЕТО СРЦЕ...

Дипл. Инг. Арх.

Зоран Николовски

Од Граѓанската иницијатива „Учебници и настава мора да има“ денеска соопштија на нивната интернет страница дека до крајот на работното време не добиле официјален одговор од МОН по однос на нашите барања доставени и разговарани на работната средба одржана на петти мај. Соопштуваат дека ќе останат доследни на нивните ветувања пред граѓаните дека продолжуваат со битката и ќе се борат до крај против донесувањето на Законот за учебници, користејќи ги сите начини и средства загарантирани со законите во Македонија.

„Како што најавивме, следните чекори се организирање на ‘мирни протести’ во градовите низ Македонија и ‘мирен марш’ во Скопје. Протестите низ градовите и маршот во Скопје ќе бидат организирани согласно протоколите за активности на отворен простор во услови на пандемија.Детали за протестите и маршот ќе бидат објавени на прес конфренеција во вторник 11 Мај 2021, во 11:00 часот, пред МОН“, пишува во објавата.

Градоначалничката Наташа Петровска е задоволна како се спроведува масовната имунизација во Регионалниот вакцинален центар во Битола, а вели дека вакцинацијата е единствен начин да се нормализара животот. На новинарско прашање дали ќе се вакцинира, таа вели дека аплицирала таа и целото нејзино семејство и чека термин како и сите граѓани. Ќе ја прими онаа вакцина која во моментот ќе биде на располагање. 

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани