2win800x200

Анета Блажевска

Анета Блажевска

Започна исплатата на парите од повратот на ДДВ за сметките скенирани во последните три месеци од минатата година. Над 6 милиони евра се враќаат кај граѓаните. Сите битолчани кои скенираат сметки,добиваат дел од ДДВ-то што го платиле, со што се зголемува буџетот на секое семејство и продолжува битката со сивата економија. По овој основ, лани граѓаните добиле назад над 16 милиони евра.Повратот на дел од ДДВ-то е наше исполнето ветување кон граѓаните, изјави Елеонора Илиевска, советник во Општина Битола од редовите на СДСМ Битола.

Започна исплатата на парите од повратот на ДДВ за сметките скенирани во последните три месеци од минатата година. Над 6 милиони евра се враќаат кај граѓаните. Сите битолчани кои скенираат сметки,добиваат дел од ДДВ-то што го платиле, со што се зголемува буџетот на секое семејство и продолжува битката со сивата економија. По овој основ, лани граѓаните добиле назад над 16 милиони евра.Повратот на дел од ДДВ-то е наше исполнето ветување кон граѓаните, изјави Елеонора Илиевска, советник во Општина Битола од редовите на СДСМ Битола.

Таа рече дека еднакво значајни се и економските мерки кои Владата предводена од СДСМ ги креира изминатава година, со цел надминување на последиците од корона кризата. Над 1,2 милијарди евра изнесува поддршката од државниот буџет што Владата предводена од СДСМ ја насочи кон граѓаните и стопанството за да се обезбеди одржливост на економијата, за да се спасат работни места и човечки судбини.

„Во рамките на четирите пакети за помош, стотици битололчани добија финансиска поддршка за да ги надминат предизвиците што ги предизвика кризата. Битолски спортски клубови искористија ваучери, битолски фирми добија поддршка за исплата на плати, наши сограѓани занаетчии, уметници, средношколци, студенти, пензионери, активни баратели на работа, невработени, естрадни уметници.... добија платежни картички. Сите субјекти погодени од кризата кои ги исполнуваа критериумите, добија поддршка. И ќе добијат пак. Тие и други целни групи за кои ќе се утврди потреба од интервенција. Во подготовка е петтиот сет мерки за поддршка на стопанството, со што СДСМ уште еднаш потврдува дека е тука за граѓаните на Битола, на Северна Македонија“, рече Илиевска.

Таа додаде дека освен Владата, и Општина Битола презеде чекори за помош на можеби најпогодениот сектор – угостителството. Советот на Општина Битола донесе измени на Одлуката за утврдување на комуналните такси со што деловните субјекти беа целосно ослободени од плаќање на комунални такси за поставување на урбана опрема пред деловните простории за времетраењето на вонредната состојба. Потоа, до 15 ноември износот на комуналната такса беше намален од 15 на 5 денари за метар квадратен, а мерката со одлука на Советот на Општина Битола ќе важи до 15 април годинава.

Ги запознаваме ретките болести 2021

28 дена во февруари со 28 ретки дијагнози

 

Во месецот со најмалку дена во годината, во месецот кој пациентите со ретки болести го викаат „свој“, месецот кој е редок по своите ретки 28 дена и оваа година, трета по ред, ќе се обидеме поблиску да Ве запознаеме со ретките болести.

Да ги дознаеме предизвиците и проблемите со кои се соочуваат. Како ја добиваат дијагнозата? Дали има некаков лек? Колку и дали воошто се пристапни и достапни лековите?...

Caroli disease - Каролиева болест

MKB Q 44.6

Прeваленца (распространетост): непозната

 

Болеста на Кароли е ретка вродена патологија на црниот дроб. Се јавува како резултат на проширување (експанзија) на жолчните канали сместени во црниот дроб. Нормалното движење на жолчката е нарушено и доаѓа до застој на жолчката и последователен развој на инфекција. Болеста се јавува почесто кај мажите, во почетокот во детството или раната адолесценција. Развојот на болеста зависи директно од обемот на оштетување на каналите во црниот дроб.

 

Наследување:

 

Болеста на Кароли се наследува автозомно-рецесивно. Ако во семејството има блиски роднини со слична патологија, тогаш треба да се спроведе сеопфатен преглед веднаш по раѓањето на детето бидејќи постои голема веројатност за пренесување на болеста со наследување.

 

Форми на болеста Кароли:

 

Сè уште нема специфична класификација на Каролиевата болест. И покрај тоа, постојат две различни форми на болеста. Првата форма се карактеризира со фактот дека е оштетена проодноста во жолчните канали, а последователно се јавува и формирање на жолчни камења. Втората форма е поврзана со конгенитална фиброза на црниот дроб (натрупување на сврзно ткиво во црниот дроб). Во овој случај, постои слабо проширување на каналите, не се формираат жолчни камења, иако тие понекогаш може да се појават во подоцнежните фази на болеста.

 

Симптоми:

 

Симптомите на Каролиева болест можат да се манифестираат кај деца и млади на која било возраст. Главните знаци на болеста се:

- болка во стомакот;

- треска;

- жолта пребоеност на кожата;

- зголемување на црниот дроб.

 

Изразените клинички манифестации на болеста често пати се поврзани со прогресија на воспалителниот процес. Напредувањето на болеста резултира со значително зголемување на нивото на билирубин и леукоцити во крвта.

 

Дијагностика:

 

Иако симптомите на болеста се многу изразени, тие се карактеристични и за многу други заболувања на црниот дроб. Дијагнозата на болеста може да се направи со ултразвук и КТ, а доколку е потребно и со ендоскопска холангиографија.

Функционалните тестови на црниот дроб не се менуваат долго време, но со прогресијата на болеста и продолжениот воспалителен процес во биохемиската анализа на крвта, сите знаци на холестаза можат да бидат откриени. Бидејќи пациентите се изложени на зголемен ризик од развој на рак, треба да се испита присуството на тумор-маркери.

 

Третман:

 

Третманот вклучува употреба на антибиотици со широк спектар, како и воведување на урсодеоксихолна киселина за да се спречи формирање на камења.

 

Покрај тоа, третманот вклучува:

- употреба на аналгетици;

- отстранување на камења;

- дренажа на жолчните канали. 

 

Операцијата се изведува само во случај на чести влошувања  на состојбата на пациентот или кога употребата на конзервативни методи на лекување е неефикасна.  Во случај на зголемено проширување на жолчните канали и стагнација на жолчката, може да се изврши отстранување на еден лобус на црниот дроб. Во особено тешки случаи на откажување на црниот дроб или развој на карцином, се препорачува трансплантација на црн дроб. Прогнозата на оваа болест е многу неповолна поради почеток на релапс и многу ретко доведува до смрт на пациентот.

 

Синдром на Кароли:

 

Каролиевата болест е често поврзана со конгенитална фиброза на црниот дроб настаната како резултат на скоро идентични нарушувања во формирањето на жолчните канали на ниво на развој на ембрионот; што е состојба наведена како „Кароли синдром“.

 

Кароли синдромот се манифестира со појава на болка во стомакот, како и крварење од проширени вени на хранопроводот. Кај новороденчињата може да се забележи комбинација на главни симптоми на вродена фиброза на црниот дроб, заболување Кароли и полицистично заболување на бубрезите. Во првите неколку години, патологијата е скоро асимптоматска, сè додека проширувањето на жолчните канали не предизвика стагнација на жолчката, па да доведе до формирање на камења и развој на инфекција. Главно, оштетувањето на црниот дроб се развива од левата страна, иако во некои случаи може да го вклучи целиот орган. Една од компликациите може да биде развој на бубрежна слабост (бубрежна инсуфициенција).

 

Во Домот за доенчиња и мали деца во Битола се сместени околу 40 доенчиња и деца на возраст до 14 години, кои живеат во 5 различни домови под надзор на „мајки“ кои обезбедуваат семејна грижа.

Генералниот Конзулат на Грција во Битола и грчката компанија за продажба на кретска храна и маслиново масло, Candia-ABEA, со седиште во Скопје, донираа играчки, училишен прибор и производи од грчко маслиново масло во Домот за доенчиња и мали деца во Битола.

Подароците им беа предадени на одговорните на Домот од страна на Грчкиот Конзул во Битола, г-дин Ахилеас Ракинас, и на сопственикот на компанијата, Candia-ΑΒΕΑ, г-дин Димитрис Вергицис, во присуство на Шефот на Канцеларијата за Јавна Дипломатија на Грчката Амбасада во Скопје, Советник за Комуникација, г-дин Константинос Прокакис.

Во Домот за доенчиња и мали деца во Битола се сместени околу 40 доенчиња и деца на возраст до 14 години, кои живеат во 5 различни домови под надзор на „мајки“ кои обезбедуваат семејна грижа. Домот, кој е основан во 1950 година, функционираше како Дом  за доенчиња и мали деца  до 2019 година, кога, со грижа на централната и локалната власт, започна процесот на деинституционализација и неговото трансформирање во модернα социјална институција.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани