2win800x200

Анета Блажевска

Анета Блажевска

Да се формира посебно тело кое итно ќе ги состани  завојуваните страни за случајот Копанки, побара советникот од Поинаку Иван Чулакоски.

„Крајно време е ова да го средиме и да заврши ова со Копанки оти не се трпи. Формирање на посебно тело кое итно ќе се состани на било каков начин каде ќе се повикаат сите завојувани страни за случајот , значи до ПСК Пелистер, советници,  претставници од Општина Битола, угостителски работници од планинскиот дел на Пелистер и сите оние кои се уживатели на планинскиот спорт и живот во Битола. Дали ќе го крстите ад хок тело или комисија најдобро си знаете. Можеме барем за зимава ако не друго да организираме да ја искосиме тревата на патеката,  да се реновира малку од малку една боја да намачкаме на жичарата и едно собиче затоплено  децата што зимава ќе одат на Пелистер да има каде да се стоплат“, рече Чулакоски.

 Претседателот на Советот Валентин Груевски му одговори дека уште во 2018 година ги повикале претставниците од ПСК „Пелистер“ во чија сопственост е Планинарскиот дом да ги продолжат преговорите со Општина Битола за изнаоѓање на меѓусебно прифатливо решение.   

„Морам да потсетам дека Советот на Општина Битола на 20.6.2018 година донесе заклучок за започнување на постапка за изнаоѓање на решение за обнова на Планинарскиот дом Копнаки. Го гласавме сите и во него напишавме дека Советот на Општина Битола заклучува дека треба да се најде начин за обнова на Копанки. Советот на Општина Битола се обврзува дека ќе обезбеди средства во износ од 100 000 евра за обнова на Копанки. Советот на Општина Битола го повикава ПСК Пелистер да продолжи со разговорите со градоначалникот на Битола за градење на заемно прифатливи услови поврзани околу изградбата на Планинарскиот дом Копанки во интерес на општото добро. Општина Битола во овој момент нема законска можност за вложување во Домот зашто стопроцентен сопственк е ПСК Пелистер“, потсети Груевски на заклучокот.

Тој уште додаде дека околу легализација на Домот (постапка спорведена во времето на екс градоначалникот Владимир Талески) се води суски спор, па   се додека тој не заврши и не се произнесе  Управниот суд нема основа за нови заклучоци.

 

Денес Советот на Општина Битола ќе го донесе ценовникот на услугите на пајак службата за подигање и пренесување на непрописно паркирани возила и возила кои го попречуваат безбедното одвивање на сообраќајот. Пајак службата понатаму ќе функционира во рамки на ЈП за паркинзи.  

Подигање и пренесување на непрописно паркирано возило во депото на пајак службата ќе чини  1600 денари. 

Подигање на возило од зелена површина и пренос во депо на пајак служба 2000 денари. 

Отпочнување на подигање на непрописно паркирано возило кога сопственикот на возилото се појавува на лице место 1000 денари.

Пренесување и транспортирање на возило во град Битола 1500 денари. 

Доплата за пренесување на возило надвор од градот Битола за секој изминат километар над 5 километри ќе чини 50 ден/км.

Чување на лесно патничко возило во депо на пајак служба 200 денари на ден. 

Чување на товарно моторно возило, камион, автобус и комбе наменето за транспорт на патници во депо на пајак служба 500 денари на ден. 

Цените се со пресметан ДДВ.  .

Автентичниот паркет изработен во техника на интарзија кој е во половна состојба, а беше изваден за време на конзерваторско-реставраторските активности во Офицерскиот дом во Битола, ќе се даде на трајно користење на Завод и музеј од Битола. Ваква одлука на денешната седница треба да донесе Советот на Општина Битола. Паркетот на оваа институција која е задолжена за заштита на клултурното богатство во Битола , ќе му се даде за да го постави во изложбен простор. Според договорот што ќе биде постигнат со Општината, доколку Завод и музеј не ја исполни обврската, ќе биде задолжен да го врати паркетот назад или да ја надомести вредноста. 

ФОРУМ 16 16 до 18 октомви, по трет пат, ја организираШЕ волонтерската активност во заедницата, а како една од активнстите во рамки на Кампањата против гласини „Гласно сокаче - Будно чимаче“.

Оваа волонтерска активност има за цел да ги промени гласините дека „младите во Битола само пијат кафе на Широк Сокак и ништо не работат“, па според тоа често се окарактеризирани како „мрзливи“ и „незаинтересирани за заедницата“. Ова се постигнува:

- низ заедничка работна акција на младите и постарите луѓе за подобруваање на запоставени или игнорирани локации во заедницата;

- низ промоција на атмосфера на вклучување, толеранција и разбирање.

Годинава, локацијата на која се спроведе волонтерската активост, беше аголот на улиците „Охридска“ и „Др. Трифун Пановски“. На локацијата се црташе мурал, се испишуваа позитивни пораки, а во соработка со ЈП Комуналец се постави клупа и се засадија два садника. Свој придонес дадоа и соседите со тоа што засадија уште еден садник, а помагаа и со совети и разговор за важноста на локацијата за соседството низ минатото.мало

Пред оваа волонтерска активност, ФОРУМ 16 организира обука за активисти против гласини, чија улога е да ги разнишаат гласините за младите, а кои водат кон креирање на длабоко вкоренети стереотипи во општеството, како и дискриминација. На обуката се обработуваа теми за човекови права, медиумска писменост, стереотипи и предрасуди во медиумите, креирање на позитивни алтернативни наративи и слично.

Кампањата против гласини „Гласно сокаче - Будно чимаче“ во 2020 година е поддржана од страна на Совет на Европа преку Европската младинска фондација. Истата е дел од (СТ)АРТ програмата на ФОРУМ 16 која предвидува активности за промоција на човековите права на креативен начин.14

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 771 тестирања, а регистрирани се 161 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-90, Куманово-11, Штип-2, Прилеп-6, Тетово-5, Велес-4, Кавадарци-2, Гостивар-15, Струмица-8, Крива Паланка-1, Радовиш-1, Кочани-3, Пробиштип-2, Берово-6, Валандово-1, Делчево-2, Кичево-2.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани