2win800x200

Анета Блажевска

Анета Блажевска

Денеска во Битолс има 19 нови позитивни на коронавирусот, а оздравени се 34 пациенти. Починало едно лице на возраст од 70 години. Болеста е во тек кај 1002 битолчани, а во КОВИД центарот се хоспитализирани 111 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД-19.

Со полагање свежо цвеќе пред споменикот на загинатите бранители во кругот на СВР Битола и пред споменикот „Ангел“ кај Саат кулата во Битола, денес се одбележаа 20 години од масакрот кај Вејце, во кој што во заседа беа нападнати и масакрирани осум припадници на Посебната единица при СВР Битола и припадници на армиската единица “Волци“, од кои четворица од Битола и битолско.

За претседател на Извршниот Одбор на Здружението на пензионери во Битола е избрана Даница Петличкова, која е и прва жена поставена на оваа позиција во ова битолско здружение. Петличкова на чело на Извршниот одбор одаѓа по ненадејната смрт на досегашниот претседател Томе Димитровски. Таа беше еден од најблиските негови соработници во Здружението на пензионери, а во текот на работниот стаж извршуваше неколку менаџерски фукции во здравствените установи во градот.  

Денеска во Битола има 42 новозаболени од КОВИД-19 и 80 оздравени. Во денешниот извештај на Министерството за здравство се регистрирани и 4 починати лица, кои битката со вирусот ја изгубиле во домашни услови, а оваа бројка е за цел април. Инаку во изминатите 24 часа нема починати во Клиничката болница. Вкупно има активни 1018 случаи

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани