2win800x200

Анета Блажевска

Анета Блажевска

Одделението за водење матични книги во Битола не работи.

Поради дефект на водоводна цевка, околу која има кабел за електрична енергија, непристапност до истиот, а неопхопдна е и дополнителна интервенција од друга компанија како и добра видливост, има прекин во водоснабдувањето на улиците околу паркот кај ОУ „Стив Наумов“, Цар Самоил и Пецо Божиновски.
ЈКП "Водовод" им се извинува на граѓаните од засегнатите подрачја. Екипите на ЈКП "Водовод" во раните утрински часови ќе работат на санација на дефектот и брзо нормализирање на водоснабдувањето.

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1853 тестирања, а регистрирани се 428 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-200, Куманово-16, Дебар-2, Штип-9, Прилеп-29, Тетово-30, Струга-2, Велес-6, Битола-14, Охрид-4, Кавадарци-17, Гостивар-5, Гевгелија-15, Струмица-11, Крива Паланка-1, Радовиш-6, Кочани-12, Пробиштип-1, Македонски Брод-2, Пехчево-1, Берово-5, Валандово-2, Виница-3, Делчево-4, Кратово-2, Свети Николе-3, Кичево-11, Ресен-10, Неготино-5.

 

Најтешките денови ги живее Битолската стара чаршија, а ковид кризата го покори и Широк Сокак.

Нема уличка во Старата битолска чаршија што нема затворени дуќани, или како што велат дуќанџиите, не треба да се бројат затворените дуќани, туку тие што останаа да работат, бидејќи бројката на катанците на вратите е тројно поголема, пренесува https://nezavisen.mk/

„Бидејки имам сопствен дуќан ми олеснува што немам давачката за наем, но претходно работев со кондиторски производи-бонбони. За пет месеци ставив клуч на врата, немаше свадби, родендени, крштевки и ми пропадна бизнисот. Претрпев голема загуба. Морав да направам нов почеток за да продолжам да работам да функционира дуќанот. Како човек фирма немавме помош за кредити, не исполнувавме услови, поволно беше за фирми со голем капитал, освен што постоеше помош да земам плата“, вели Павлина Василевска, сопственик на објект во Старата битолска чаршија.

Целиот текст на линот https://nezavisen.mk/krizata-ja-opustoshi-starata-charshija-vo-bitola-i-go-pokori-shirok-sokak/?fbclid=IwAR1k4Z2gDERu2vRkRo0co1Sj-7MhWNR74rP_9EdwHnHe8ZcsBgi95V2TXJM

Данчо Балаловски долгогодишен инфектолог во Клиничката болница во Битола и неговиот син Петар Балаловски, лекар по општа медицина заедно водат битка против ковид-19 во Клиничката болница во Битола лекувајќи пацинети кои се соочија со оваа тешка болест. Лекарите порачуваат: „Почитувајте мерки, носете маски!“

Денес на регионот за ЈЗУ Центар за јавно здравје- Битола се потврдени 44 нови случаи на COVID-19:

-19 во Битола (лица на возраст од 17 до 66 години; 11 лица даваат податок за контакт со веќе позитивно лице);
-18 во Кичево (лица на возраст од 17 до 62 години; 6 лица даваат податок за контакт со позитивно лице);
-6 во Ресен (лица на возраст од 33 до 68 години; 2 лица даваат податок за контакт со позитивно лице, а 3 се од веќе познат кластер);
-1 во Дeмир Хисар (лице на возраст од 46 години; не дава податок за контакт со позитивно лице)

Денес се регистрирани 7 оздравени лица (3 од Битола и 4 од Кичево).

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2617  тестирања, а регистрирани се 594 нови случаи на ковид-19 во:

Скопје-303, Куманово-22, Дебар-5, Штип-13, Прилеп-19, Тетово-26, Струга-12, Велес-17, Битола-18, Охрид-10, Кавадарци-7, Гостивар-12,Гевгелија-13, Струмица-34, Крива Паланка-7, Радовиш-6, Кочани-18, Пробиштип-3, Демир Хисар-2, Пехчево-1, Берово-2, Валандово-7, Виница-2, Делчево-5, Кратово-1, Свети Николе-2, Кичево-17, Ресен-7, Неготино-3. 

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 162 оздравени пациенти од: Скопје-79, Штип-8, Прилеп-6, Тетово-5, Струга-1, Велес-2, Битола-3, Кавадарци-2, Гостивар-3, Гевгелија-2, Струмица-12, Крива Паланка-6, Радовиш -1, Кочани-8, Пробиштип-1, Македонски Брод-1, Берово-8, Валандово-3, Свети Николе-7, Кичево-4.

Во болнички услови починати се 3 лица, пациент од Куманово (70г), од Прилеп (67г) и еден пациент од Богданци (75г). 

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 23201, бројката на оздравени пациенти е 17111, на починати е 824, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 5266. Според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

• Скопје 9654, активни 2515

• Куманово 1957, активни 214

• Дебар 307, активни 48

• Штип 1433, активни 156

• Прилеп 897, активни 209

• Тетово 1692, активни 271

• Струга 747, активни 80

• Велес 425, активни 94

• Битола 452, активни 142

• Охрид 506, активни 72

• Кавадарци 304, активни 72

• Гостивар 1023, активни 94

• Гевгелија 252, активни 128 (16 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 35 на Богданци и 12 се странски државјани)

• Струмица 569, активни 357

• Крива Паланка 175, активни 60

• Радовиш 164, активни 72

• Крушево 20, активни 0

• Кочани 556, активни 202

• Пробиштип 138, активни 23

• Демир Хисар 66, активни 5

• Македонски Брод 96, активни 2

• Пехчево 52, активни 8

• Берово 159, активни 36

• Валандово 79, активни 48

• Виница 147, активни 46

• Делчево 206, активни 110 (39 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица) 

• Кратово 29, активни 5

• Свети Николе 420, активни 56

• Кичево 404, активни 71

• Ресен 191, активни 28

• Неготино 81, активни 27 (15 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 2617 теста се преку: ИЈЗ-820, ЦЈЗ Скопје-199, Авицена-495,  Биотек-327, МАНУ -158, Жан Митрев (Филип Втори) -200, Систина со PCR метода -158, лабораторија Лаор –81, Судска медицина-6, ЦЈЗ Битола-93, Инфективна клиника-10, ГАК-11, Синлаб-59, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 219.158 тестирања на Ковид -19.  

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 11 пациенти.  Вкупно се хоспитализирани 95 пациенти. На кислородна поддршка се 65 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.  

Во болницата во Козле хоспитализирани се 9 деца и 9 мајки позитивни на ковид-19, 1 мајка суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ има 7 приеми, а вкупно хоспитализирани се 46 пациенти. На респиратор се 3 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 34, а во болницата во Штип се 51 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица, Струга и Кочани се хоспитализирани 207, позитивни и сомнителни на Ковид-19.

Три делници  од  улицата  "Илинденска" се тампонирани  и спремни за асфалтирање. Една веќе е целосно завршена.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани